Self clear е еден од поточните тестови што ги има кај нас. Тест после 2 недели откако е направен, без разлика колку црти има на него, е невалиден.
сето тоа го знам , не го ни валидирам јас тој како позитивен иако беше два дена откако е направен , поентата на муабетот е дека нема тест кој ке ти даде позитивен резултат 8 ден после однос и 5 дена од зачнување во тој период , а имаш куп статии онлајн hcg 11 ден од зачнување може да покаже позитивен преку крвна слика и дури 14 дена после зачнување на тест преку урина затоа на секој тест од аптека јасно е нагласено да се прави неколку дена откако ке ти задоцни менструацијата
Сакам да прашам во врска со точноста на тестовите . Правев тест пред 9 дена ми беше негативен за секој случај пред 4 дена правев и повтрорно ми беше негативен ама ете веќе 14 дена уште ми нема дојдено .
После колку дена доцнење тестот би требало да покаже точно Правев shure check вчера после 4дена доцнење ми покажа негативен Пиев диане35 9месеци по препорака од доктор и минатиот месец требаше да ги паузирам 3месеци и овој месец не ми дојде После колку време да го пофторам тестот
Здраво на сите, на 23ти октомври ми беше ризичниот однос, со дечкото имавме секс два пати едно по друго без да се измие и да моча.. Денеска требаше да добијам не добив.. сеуште не направив тест зошто искрено многу се плашам.. Сакам да ве прашам тие со искуство кои ви беа првите симптоми и после колку време се јавуваат?
Симптомите се јавуваат кога ќе почне срцева акција кај плодот, најчесто, а тоа е некаде после месец и пол-два од ризичниот однос, а може и воопшто да не се појават симптоми, освен доцнењето на менструацијата. Ако сакаш да знаеш дали си бремена, мораш да направиш тест. Оти симптомите за добивање и симптомите за бременост знаат да бидат исти. Па сега, сакаш да знаеш на што си уште денес или да чекаш месец-два? Ако не свршил во тебе мала е веројатноста за бременост, во секој случај тестот ќе ти каже.
Девојки ми треба итно помош зашто стварно незнам што да правам многу сум нервозен... Се работи за тоа што со девојка ми имав секс без заштита одма после завршувањето на менструацијата но не свршив во неа а само една партија тогаш направивме, после тоа кога имавме односи беше со кондом и се си беше најнормално и ок. Е сега дојде време за повторно да добие и кога оппп и касни некое време, и викам не се секирај се случува и тоа, може да е од нервоза, некој стрес било што но не треба да се паничи...и сега пазете поминуваат повеќе од две недели она нема добиено сеуште испаничена до даска и навртена кон мене ме прави лом демек сега кај мене е кривицата, и доаѓа најинтересното идеме на гинеколог она и потврдува дека е бремена веќе месец дена, јас шокиран скроз не можам да поверувам како е можно тоа, она пак ми се сипа како не сум пазел сум утнал работа итн. а двајцата добро знаеме дека не сум свршил внатре поготово јас знам и сум сигурен 100 % и тука веќе јас се напнав многу и реков немој нешто да си ми направила на страна те убив, а она ми врати како не ти е срам да помислуваш такви работи, за таква ти ме мислиш, те мразамммм и гадно ја спукавме.... Навистина незнам што да правам, поентата ми е дека сум многу сигурен во себе дека нема шанса да е од мене бремена, презачуден сум искрено...Она не сака да роди сега, признавам ни за мене не е баш моментот за дете, но ако оди на чистење ќе остави голем сомнеж во мене колку и да не сакам, затоа незнам што е најпаметно да направам во моментов?? И дали знаете кога може да се утврди татковство?
Здраво, да ти одговорам за тестовите - имаш пренатални преку крв од мајката се изолира днк од бебето обично после 10та недела од бременост во приватниве лаб во мк, а во странство имаш веќе од 8ма недела- цените кај нас се над 600-700 евра, а надвор околу 1000е. Имај на ум дека 8-10 недели бременост не е малку и не е ист абортусот на 5 и на 10. Се надевам ќе ја разрешите мистеријата со среќен крај, секое добро
Од предсемена течност може да забремени. Ехее.. колку деца знам што се така зачнати, и родени. Шансите се мали, ама вас ви 'опалил кецот' Нека ви е со лес бременоста
Требаше да добијам вчера, но имав само малку како точки течено и од тогаш на бришење има крв понекогаш а некогаш не, од што може да е. Зошто е вака
Ќе ти дојде, на пат е. Мене ми се има случено. Ден или два доцни, т.е. само капки регистрирам, не ни можам да ги наречам менструација, а потоа кога стварно ќе добијам it's me bleeding to death и ненормално ме боли и грб и стомак. Зошто се случува појма немам.