Мајкооооооо ко не ги дочитувам мислењата до крај се случува да се фрапирам од вакви мислења. Абе девојче ако си немала вагинален однос не е можно да си бремена. Алооо де малку читајте.
сеуште останаа неинформирани влезете во група секс и 4-5 по ред е се што треба да знаете па едуцирајте се
Извини вака девојче,не знам колку години си,но без разлика..ај шо сме 21 век,па сега ако нема толку достапни информации за се и сешто,да прочиташ,да се едуцираш..ма не по веб страни,портали разни,кај сакаш имате се алоо...!Разбирам млади,неискусни..но сепак за такви теми веќе секој треба да има елементарно искуство,секој млад човек во современото општество!
Девојки имам еден проблем, не знам дали е за во оваа тема ама добро Со дечко ми имаме односи некоја година ипол, се е супер одлично се служуваме и се тоа Е сега проблемот ми е во тоа што од кога почнавме на факултет ваљда поради обврски се поретко имаме односи, точно дека се гледаме не толку често на некои 2-3 дена ама и тоа излегување е на кафе, сакам да кажам односи имаме однос 1 неделно некогаш ни толку... Не знам во што може да е проблемот? Се осеќам како да не сум му привлечна поради ова. Како да го решам проблемов?
Мене ова воопшто не ми личи на проблем Нормално е поради обврски и не толку слободно време да имате поретко, па и еднаш неделно е сосема во ред. Доколку сакаш подобро да ти дојде, можеш да разговараш и со него за ова, да видиш тој какво мислење има. Сепак според мене не е ништо страшно
Ми доцни 10 дена, претходниот месец имавме 3-4 заштитени односи. Многу се нервирам уште кога почна да ми доцни 2 дена. Последниот однос ни беше пред 3 недели. Уште не сум направила тест, имам болка во јајници, бел исцедок.Овие 3-4 дена сум преладена. Има ли шанси за грижа?
не си преладена,во повеќе случаи паѓа имунитетот одкако ќе се вгнезди оплодената клетка додека се оформи ембрион. И јас во двете бремености се осеќав преладено ама ете таа била вистината.
Ми доаѓа на 32 дена, ми се има случено да ми доцни исто така повеќе од една недела. Ќе направам тест, само се мислам и за полицистични јајници затоа што имам многу проблематично лице а не сум проверила никогаш за цисти на јајници.
Е како бе имало шанси за тревога ако имала заштитени односи? Преку гумата ќе се впие спермата и така магично ќе стигне до матката? Сигурно ти доцни од некои икс причини, најверојатно до времето или сл. Ако си имала односи со кондом, нема простор за паника, ќе ти дојди
и јас имав заштитен однос и уопште не се сомневав за бременост и така 3 месеци од бременоста си прогурав без да знам дека сум бремена. А како и до ден денес не дознав.
Женски имам проблем веќе подолг период. Кога имам односи со партнерот воопшто неможам да се опуштам, а 3 години сме заедно. После секој однос викам ајде другиот пат ќе пробам да се опуштам но не успевам, а несакам со помош на алкохол. Ве молам за совет или мислење ако некоја имала сличен проблем.