На такви "мажишта"одма деф. Не ти треба таков воопшто. Он да си прави кејфови и со други, а ти да го чекаш и да лекуваш инфекции.
Не ја гледам причината да се грижиш за него оти тој пет пари не дава за тебе. Гледај ти сега себе си да се заштитиш, да се исчистиш што имаш. Оди на лекар, за здравје се работи. И купи си кондоми не е срамно ништо, да се заштитиш себе си.
Здраво на сите. Со дечко ми сме во врска скоро 3 години. Сме пробале многу пати да имаме односи фактички до вчера сме мислеле дека стварно имаме секс. Јас кога влегов во врска со него бев невина и ние кога почнавме со сексуални односи јас немав крв ни некоја си посебна болка се чудев зошто така но знам дека кај некои нема крв и тоа е нормално. Е сега после неколку сексуални односи во тие 3 години врска јас мислев стварно имаме секс и стварно влегуваше но не ми беше нешто посебно не ни сакав да имам многу секс со него затоа и немавме многу често. Е вчера кога имавме пак секс јас осетив ко нешто да ми пукна внатре и целата бев крв , околу задниот, долу цела крв бев а и кај дечко ми имаше крв свелто црвена крв е сега се мислам дали е можно дури вчера да ме скинал дечко ми па затоа имаше толку крв или се двоумам бидејќи имав менструација скоро завршена па да не протекла пак, стварно незнам и се надевам некој со повеќе искуство ќе ми кажи што навистина беше тоа. И знам после тоа ми се тресеа нозете односно ме болеа мускулите. Незнам дали вчера фактички ме скина дечко ми цело време пред тоа сум била во заблуда или пак можеби е до менструацијата?
Како е можно а 2 години што сме правеле јас мислев сме имале осеќав како влегува и пред тоа да се случи вчера кога бев цела крв.. затоа ми е чудно а и како е можно си викам да не е од менструацијата стварно чудна работа
Пишала дека слушнала дека и пукнало нешто внатре, по тоа се водев. Може и не е... Се случува се и сешто, се зависи дали крвави и денес.
А може и не е тоа, може е менструација. Девојче ние овде немаме бели мантили, се водиме според претпоставки и треба да одиш на гинеколог.
Не е можно 2 3 години да сте имале односи а сеа да си скината. Веројатно е што викаш тек завршената менструација, или пак можеби имаш мала повреда одвнатре ако имало малце погруб секс или пак инфекција. Иди на гинеколог. И уште нешто. Дали имаш доживеано оргазам бар еден, во тек на тие 2 3 години ?
Не сум била на гинеколог оти ми е страв многу и срам... на ехо би отишла ама да ми брка со секакви инструменти таму долу неможам ми е многу гадно, језиво па јас имам 23 години почнавме некаде пред 2 години на 21 јас кога имав ама дури сега крв ми протече е сега незнам дали до сега сум била во заблуда не сум била скината па дури сеа ме скинал стварно е чудно или па од менструацијата е крвта или од нешто друго нз стварно
Па сме имале односи тоест сум мислела дека имаме и пред неколку месеци пред да ми завршува менструација па не било вака, кај дечко ми на пенисот имаше крв ама јас не бев испрскана со крв како сега од долу до задникот целата и тоа со светло црвена крв чиста се гледаше дека е а од менструацијата не е толку чиста крвта ко што мислам...немам доживеано ниту еден оргазам со него во тие години...И ДЕЧКО МИ МИСЛИ ДЕКА ДУРИ СЕГА МЕ СКИНАЛ
Не сакам да ме сфатиш погрешно или дека те напаѓам... Ама жал ми е кога читам вакви ствари, а читам све повеќе и повеќе. Зашто свесно си го ускратувате едно од најголемите задоволства а тоа е - оргазмот. Зашто на овие години а и воопшто да си лишена од тоа чувство, зашто женското секогаш треба да е во подредена состојба во однос на машкото ?! Зашто тоа задоволство да им припаѓа само на нив, а жената да служи само да рашири нозе, да чека да заврши маестрото и да се испразни во неа ? Зашто... Огромен е процентот на жени кои никогаш немаат доживеано оргазам со својот партнер, колку се кажуваат, верувам дупла е бројката на оние кои им е срам да кажам дека никогаш не го почувствувале врвот. Заслужувате повеќе.
А дечко ти кога ти брка со секакви инструменти не ти е гадно? Шала на страна, не знаеме што е. Да, можно е да не ти се скинал хименот цели 2 години, ама е многу поверојатно дека бил малку погруб дечко ти и си се повредила или е остаток од менструацијата. Најубаво да си идеш на гинеколог. Штом почнеш со односи - ПАП тест мораш да правиш.
Дечко ми не го оставам со прсти со раце да ме ѓиба таму долу... и никогаш не ги имам раширено нозете само од назад имаме односно поза доги, тој е од згора а јас свртена со грб и задник