Си се запрашала зошто ти е тешко да се опуштиш? До тебе е? До него? До односот кој го имате? Проблеми во врската? Проблеми надвор од неа?
Здраво имам еден проблем.. Пред еден месец имав инфекција ми пројде бргу потоа добив и целосно се исчисти.Но пред некој ден забележав црвенило на усните и како во внатрешноста на вагината да има топче. Читав по интернет имаше се и сешто дека може да биде рак или гној. Дали некој имал ваков проблем?
Девојче секој може да те излаже, на секој му е различно, треби обавезно да одиш на гинеколог. Ние можеме да ти кажиме ова до она е и на крај не била таа причина после полошо за тебе а не за нас , добро си барала мислење во ред но што побрзо е да појдиш на гинеколог за твое добро
Не знам што се случува, моментално сум во плодни денови,, ден пред овулација, на гаќите забележав како црвенко, како пред да добиеш и сум напната, безволна, депресивна. Ова ми се нема случено којзнае од кога. Тогаш бев на гинеколог, ми рече дека се е ок, била некоја цистичка мала.
Јас последен пат кога во овулација имав крв беше кандида, розевкасто ама со слузеста материја помешано. Немав други симптоми само ова беше, ама може и да не се работи за тоа кај тебе. Имам слушано дека некои во овулација малце крварат.
Здраво повторно јас со истиот проблем вторпат после тоа имав односи и повторно имав крв, не беше толку обилно како првиот пат но пак имав крв, незнам што е проблемот да не имам некој проблем или инфекција се плашам или пак првиот пат ако ме скинал па затоа сум имала крв па сега можеби дека беше вторпат па се докинало..незнам, некој совет, мислење дали на некоја му се случило?
Здраво,имам читано дека можно е да ви закасне менструацијата после првиот сексуален однос поради нови промени во орагнизмот па ме интересира колку дена ви има закаснато ако има некој такво искуство да сподели. Веќе 5 дена ми касни и ме фаќа малку паника
Направи тест, да си сигурна дека не си бремена. Најдобро би било да посетиш гинеколог, макар што многу фактори влијаат на циклусот: стрес, лекови, физичка оптеретеност и сл. Нормално е некогаш и да задоцни, но ако во текот на следниве денови не добиеш посети гинеколог. Не знам колку години имаш, но исто до 18 може да варира циклусот, додека не се стабилизира.
Најдобар одговор на тоа прашање ќе ти даде гинеколог откако ќе те види на ехо. Можно е да е циста,миом и сл. А добро е и да направиш микробоолошки тестови за да не е некоја инфекција. Оди на гинеколог, нема што да се срамиш. Твое здравје е во прашање.
А нели е можно од тоа да сум била недокината? или дефинитивно е инфекција или болест некоја? јас немам досега никогаш одено на гинеколог и ми е страв и срам да се ширам таму а и неугодно ми е да ми гиба таму само за ехо би се нафатилазатоа си реков тука да пишам да прашам дали имало и друга со ваков проблем..
Нема што да ти е страв и срам, па се работи за твоето здравје нема тука срам. Ако си од ск, би ти ја препорачала Ана Матоска од Промедика, ептен ќе те опушти. Плус работи со фондот и без пари е се. Оди, потешко е вака да не знаеш што ти е.
Убаво ти кажаа сите ние не сме доктори, извини ама шом си се раширила за задоволство ќе се рашириш и за здравјето твое, не може да си недокината изглеа има некој проблем, оди веднаш да се провериш не си играј, ехо и пап-тест обв
Не сум се раширила ни за задоволство и за тоа ми е страв да се раширам со стеснати нозе и свртена јас на стомак така имаме секс затоа што се плашам од напред да се раширама не па на гинеколог да се ширам, јас ни за задоволство не ги ширам нозете оти се плашам