@Mariii :) види те сфаќам до негде како ти е. Јас сум срамежлив тип и до скоро не можев да се опуштам со дечко ми. Се' уште го имам тој проблем ама не е толку како порано. Ми беше страв да ме допре, да ме види без облека зошто упорно си турам во глава дека сум дебела и дека нему не сум му убава, т. е. проблем со многу ниска самодоверба. Се тресев кога пробуваше нешто повеќе од само бакнеж. Ама едноставно знам дека не можам да терам така вечно па полека почнав да работам психички на проблемот, а сакам и психолог да посетам во скоро време. Добро кај тебе проблемот е малце подруг ама ќе ти кажам дека и ти не можеш вака да тераш. Од некаде мораш да почнеш, а тоа е како што ти кажаа другиве психолог или психијатар за прво да се ослободиш од погрешните ставови кон сексот и своето тело, па потоа здравје ќе бидеш и поопуштена за на гинеколог. Зошто сакаш или неќеш, некогаш ќе мораш да отидеш да те провери.
Незнам стварно во минатото памтам кога бев мала не се сеќавам точно колку години имав ама околу 9-10 максимум кога игравме криенка тогаш кога ќе се криевме исто играше со нас и едно машко комшија ми беше, две години некаде постаро од мене, секогаш со мене сакаше да се крие и сакаше да игра со мене сексуално тоест незнам дали пробуваше да ми го става или само се триеше од мене јас бев свртена со грбот и ми викаше малку да се наведнам и се триеше од мене, е сега не се сеќавам дали само се триеше ама тоа би требало да е оти ако влегувал ќе ме болеше а јас тогаш незнаев ни што е тоа секс, ни дека сексуално сака да ме искористи и од него се плашев, секогаш бегав не сакав да се кријам со него ама тој ми велеше секогаш идеше со мене да се крија а јас се плашев и срамев да се противам или да кажам на некој друг а и дете бев ..тој секогаш ми велеше на никој да не кажувам...можеби имам некои фобии од тоа ама незнам стварно...
Едно е да не сака некоја поза, друго е ова шо се пишува досега мада не верувам дека е вистина. Ако девојкава стварно има фобија од ширење нозе како оди, како вози точак, како префрла преку нешто? Се измислуваат такви глупости, страшно. Одете најдете некоја занимација друга, на форумов има луѓе кои стварно веруваат и се трудат да помогнат, не им го трошете времето за ваши глупости.
Не измислувам! И не реков дека имам фобија да возам точак и слично имам фобија само при секс да ги раширам нозете.
Да и на гинеколог, затоа што немам никогаш одено на гинеколог а и на секоја првиот пат и било страв и срам да оди на гинеколог.
Па првиот пат да, ама после кога знаеш дека мораш, не треба да имаш и страв и срам, се навикнуваш, ти станува дел од грижата за здравјето. А ти ниеднаш не си била. Ако не отидеш ни за првпат, стравот секогаш ќе биде присутен Девојче мораш да мрднеш од оваа точка. Прво закажи на психолог и отворено кажи го проблемот.
Meне не ми беше. И тоа замисли, кај машко бев првиот пат. Прво па мушко Ништо страшно, исто како на стоматолог или очен лекар да одам.
Што има да ти е срам,кога се работи за здравје нема сакам-не сакам. Мора да одиш да проверат што е проблемот
Нема што да ти е срам. Оди си, рашири нози. Што ти е поубаво, да се мислиш што ти е или да одиш 5 минути да издржиш со раширени нозе за еден преглед? Ајде разбирам да ти е срам, ама страв? И тоа на 24г... Прв пат отидов на гинеколог на 15г кај машко. Само ми беше срам додека се опуштам.
немам коментар. Фактички испаѓа како да те силува. Ни предигра ни опуштеност ни навлажнување... И после се чудиш оти си прокрварила.
@Mariii :) Не ти е грдо вака кога си само дупка за празнење на нагонот на дечко ти ? Дали он некогаш има зборено со тебе, да проба да продре во сржта на проблемот, дали те има советувано да се консултираш со психијатар, или му одговара вака, сврти се,соблечи се, он ќе си заврши работа и ќе продолжи понатаму.
Ова стварно, незнаеш што ти правеше?!? И се триеше од тебе? Или не? И позади тебе се криеше? И ти пикаше нешто или не?!@? Ова тешки трауми изгледа се. Девојче жал ми е
Па не се сеќавам точно како беше, знам само дека повеќе пати се случуваше, да се триеше од мене и тоа на голо мислам беше ама мислам не го пикна оти секако ќе осетев болка, јас осетив само триење, допирање, не го сакав тоа ама ете дете сум била, незнаев ни што е тоа што ми го прави, а ми беше срам да кажам...
Повеќе пати??? И голи се соблекувавте додека трчавте и се криевте од другите деца??? Мислиш дека не го пикна?!@? Ај седни и убаво размисли за да ти помогнеме поубаво.
Кога ќе се скриевме веќе од сите деца и кога ќе бевме сами двајцата некаде подалеку скриени никој не можеше одма да не најде и дури ги бараше другите деца а и нас тоа дете што требаше да не бара тој скришно од сите во темница ми ги правеше тие работи(обично игравме криенка кога ќе се стемнеше приквечерта во нашето мало) ..инаку сметам дека не го пикнал со оглед на тоа што како што се сеќавам тогаш не чувствував болка да така да изгледа било само триење, и ме допираше по телото исто така....