Сигурна си дека е кандида? Канестен мислам се продаваат и без рецепт и слични антимикотици, прашај во аптека. Има и такозвана кандида диета ама многу е ригорозна. Lactogyn вагиналети се со пробиотик као поприродни, ама ако е страшно упорна , мора на гинеколог
Да кандида е. Веќе 2години мака мачам. Постојано одам на гинеколог и постојано вели дека е кандида. Еден куп пари сум фрлила на вагиналети меѓутоа за 1 недела кандидата се враќа. Канестен имам дома некни на своја рака ставив но само еднаш ми беше страв, а претходно гин го препиша на маж ми но не ми кажа и јас да ставам. А баш сега читав за Lactogyn па си велам да пробам со нив додека појдам на преглед
А ти има некогаш Флуконазол капсули препишано? Тие и кај упорна кандида ги даваат. Дали јадеш многу благо? Шеќер си испитала? Со партнерот мора истовремено плус со кондом односи за време на лечење.
Фчуконазол само 2пати на сопругот му даде но не и мене не знам зошто. Само вагиналети ми даваше. А благо многу јадам знам дека не треба ама ете единствен пророк ми е. Шеќер испитав во ред ми беше
За кандида треба и двајцата партнери да се лечат и додека трае лечењето да се има односи со заштита. Кога ќе сте сигурни дека е излечена тогаш без заштита. Внимавај на исхраната а особено на благото. И јас мака мачев со кандида и само ја решив (можеби ќе ти е смешно) со чешње лук, зашиено со конец за да изгледа како тампон и секоја вечер пред спиење си ставав во матката. И за недела,две ми помина.
Имам читано за тоа но не сум го направила. Инаку се лечеме и двајцата и тогаш воопшто немаме односи дури откако ќе заврши терапијата но џабе пак се повторува после неколку дена.
Ако јадеш благо, џабе ти е и канестен, и флуконазол, и било кој друг лек. Исфрли некој период благо, дури и овошје, бело брашно, алкохол. Инаку обично кога пие партнерот флуконазол, треба и ти да се напиеш, не знам зошто не ти кажал докторот.
Дали ви се случило да ве пече внатре од спермата? односи со кондом се е OK, но ако свршам внатре ја пече цел ден потоа?
Пробав да го намалам благото, меѓутоа овошје речиси секој ден јадам. Ќе пробам на цело да ги исфрлам. А за флуконазол сакав сама да се напијам на своја рака меѓутоа ми беше страв а гин никогаш не ми препишал и мене
Тој режим е привремено дури се исчисти кандидата. Се разбира, после не да се фрлиш на торти јадење, ама умерено. Јади повеќе кисело млеко, земај пробиотик, и тоа што ти кажав исфрли: бело брашно, алкохол и благо. Не знам што да ти кажам, мојата докторка ми рече кога имам кандида, а не поминува само со канестен, и двајцата да се напиеме флуконазол, да не чекам преглед. Затоа што тоа само сѐ повеќе се влошува.
Можеби е алергична? Или пенетрираш кога сеуште не е доволно влажна, па се разранува слузокожата од триењето и потоа пече.
Може и кандида да е. Нека оди да направи брисеви на гинеколог, да исклучи постоење на инфекција. Инаку алергија може да се јави, иако е ептен ретка. Верувам дека не е тоа, затоа е најдобро гинекологот да види за што се работи и ако треба, ќе препише соодветна терапија.
Devojki veke nekolku meseci imam odnosi so momceto I svrsuva vo mene a ne sum bremena no koga bev na ginekolog mi najdoja cista od 5mm ne se sekavam dali bese Edna cista ili poveke sakam da znam dali se neshto seriozno tie cisti I dali iscezunvaat za brzo bidejki mi prepisaa diamel kapsuli I treba 3 meseci da gi pijam 3 pati po 2
Убав ден на сите Сакам да прашам дали е нормално од цицање на градите по односот да се појават поистакнати вени? Ги забележав пред два дена односот беше пред 3 дена