Со дечко ми извесен период пробуваме да имаме односи, но штом го става кондомот нему му паѓа.. значи постојано си има ерекција се до тој момент.. не сакам да го изгубам заради сексот. Како дапостапам и дали да разговарам со него за ова?
Разговарај, прашај го дали му пречи кондомот, па затоа ја губи ерекцијата. Претпоставувам дека сте млади и неискусни, ама кондомот е пожелно да го користите, не само поради несакана бременост. За да не се случува губење на ерекцијата, може ставањето кондом да го направите дел од предиграта. Ти да му го ставиш за време на оралното задоволување, па дури и устата да ја употребиш наместо рацете (само пази со забите да не го скинеш). Треба малку вежбање за тоа, ама мислам дека би можело да биде успешно и дека дополнително ќе го напали за да ја одржи ерекцијата.
Мислев и јас да пробам прво орално но нема ли кондомот да ја изгуби лубрикантноста? Јас сум не искусна, тој бил претходно сексуално активен, не само што тој можеби е под стрес туку и јас сум испаничена поради фактот што не сум имала односи до сега.
Не би требало, барем моето искуство не е такво. Опушти се и не се оптоварувај. Исто и тој. Само уживајте во чинот, и без многу мислење што и како да правите. Знам дека е тешко да се опуштиш, особено ако си неискусна или ти е првпат. Само не дозволувај да имате однос без заштита со изговор дека од кондомот му паѓа ерекцијата. Ќе се навикне и тој и ти.
Претходните месеци циклусот ми доаѓаше на време, незаштитен однос имав со дечкото во неплодни денови и тоа без никакво свршување внатре, требаше вчера да добијам но не ми дојде, вечерта имавме заштитен однос исто со свршување надвор и потоа кога се избришав забележав крв а сабајлево беше кафеав исцедок, направив тест негативен испадна Дали постои простор за грижа или крвот може да значи најава за менструација?
Ќе добиеш. Практикувај во иднина да имаш односи со кондом, за мирна глава, и од бременост и од сексуално преносливи болести.
Здраво на сите. Прв пат во живот да ми касни.Имам 25години. Прво ми дојде ептен малце во розева боја и толку. По неколку дена 3 или 4 земав тест за бременост и беше негативен. Потоа повторно по 3 4 дена отидов на гинеколог немаше ништо и ме прати крв да проверам за во случај на рана бременост и тоа излезе дека нема никакви знаци на бременост. На ехо кога ме прегледа рече дека се е ок и да почекам уште една недела дали ќе ми дојде ако не со лекарства. Затоа што навистина прв пат ми се случува ако може некои ваши искуства што би можело да биде. Многу сум исплашена од разни болести што читам на нет. Благодарам однапред.
За променава на времево нема човек што не се пожали, од главоболки до стомачни вируси, температури.. Ти благодарам на советот. Но знаете како е 300 мисли ☺️
Колку време остануваат живи сперматозоидите во предсемената течност доколку се на кожа?На пример прсти.
Неколку минути. Ако е на влажно место: околу вагината, анусот, или било каде, каде што има влага/пот, може да живее 20тина минути