Помош! Се работи за еден проблем кој според мене не е мал... Една моја другарка пред една недела имаше односи со нејзиниот дечко но почнало многу да и тече крв. Значи не и било првпат, секслуално е активна околу 6 месеци и пред две недели отприлика и завршил циклусот. Они цела недела не правеа нешто за да не се деси пак ваква работа, но денес пак истото... Крв и течело и тоа многу... Ве молам кажете ваше мислење што треба да прави ... дали да иде на гинеколог или??? И ако треба да иде на гинеколог ве молам кажете ми каде може да се иде без книшка и родители... и отприлика колку пари е. Фала многу
Абе докторке,пошто те глеам коментираш на темава Секс на долго и широко,го нудиш бесплатно твојот широк спектар на познавања,јас како лаик еве само ќе те надополнам дека Гонореата не е една од многуте женски болести,и машка болест е исто така!!! Молим те извињавај што ти замешав прсти во струката,ама веќе кога палиш,гасиш,каменуваш и глумиш Хитлер информирај се малку повеќе!! Ајт со здравје
од нехигиена нема шанси, ја одржувам хигиената максимално, (особено во интимниот дел)... ми олесна кога слушам дека не сум единствената којашто го доживува ова многу непријатно искуство, ете денес сум многу по добра речиси и воопшто не ме пече а и отеченоста е намалена, првиот ден кога ми се случи тоа бев избезумена и премногу исплашена помислив на најлошото, болест, инфекција и уште незнам што се не ми помина низ мислите...
Помош! па што мислсите вие ТРЕБА ли да отиде на гинеколог?? не треба-МОРА!!!!!! а за тоа каде да отиде, колку пари....има посебна тема за тоа....разгледајте
Помош! Да појдеш под итно, за цената зависи каде ке одиш од 1500-2500 толку се движат. Не си играј играчки, одма да појдеш можеби те има нешто поврдено при односот,или нешто друго е во прашање. Не е мала работа. Поздрав и не се плаши секако ова анонимен форум е, мене ми мириса како да твој е проблемов.Како и да е најбрзо на доктор!!!
Помош! Мора на доктор и мора да им каже на родителите. Тие секогаш се тука да помогнат. Мојата цимерка имаше проблем со градата, и беше излегло една грутка и сакаше да скрие од родителите. Сама отиде на некои испитувања во градот кај што студиравме и какви стресови само помина! Да знаеа нејзините родители мислам полесно ќе и беше. Некако на крај ја убедивме да им каже, им кажа и на крај се добро заврши, грутката била масно ткиво...
Помош! Да, да. Обавезно на гинеколог нека оди бидејки не е во ред ниту после односот ниту за време на него да крвари. Може да е нешто сериозно.
Помош! Веднаш на гинеколог, а каде и да појде ќе ја примат и без родители. Не те условуваат со родител да идеш. И, има во златна книга милион броеви од гинеколози, телефони имате мислам па ке си се јавите и ќе си прашате стрикно за тој проблем што и како треба, и колку ќе чини, зошто јас не верувам дека некој тука може да ви ја каже цената, освен за ехо пап и такви работи...
Помош! Ангелце дали овој проблем го имаШ ти или твоја другарка ти си знаеШ секако дека МОРА да посетиШ или да посети другарка ти ГИНЕКОЛОГ, оти се се слуцува,и подобро би било да знаат родителите. Преклед без картонце е 2500 денари, а со картонце (и матицен пациент да станеШ е 500 денари) др. Надица Геровска-гинеколог и акуШер(се наога кај Градски Парк) и е супер
па нормално дека е и машка болест машките се главни преносители, на болеста но компликациите се поголеми, кај нас жените.
тоа е баш зезната работа треба под хитно да се јавиш на лекар можно е да се работи за раничка на грлото на матката и затоа три сексуален однос доага до крварење.
Девојки што да правам?!Ми касни 4 дена...Трудна не сум 99% сум сигурна,ме боли стомак како пред добивање цела недела,ме болат градите,цврсти се.Не можам да издржам веќе,ме плаши ова доцнење,симптоми на мензис имам веќе 2 и пол недели. Се извинувам,станувам веќе досадна!
Aко си под стрес ќе ти касни повеќе. Што повеќе се нервираш и очекуваш, влијаеш да ти касни повеќе. Ти препорачувам да се опуштиш и релаксираш малку, да не се секираш, сигурно ќе ти дојде. Не паничи.
Чекај малце, каква е таа дијагноза? Во тие 6 месеци имала ли секс, или имала пред 6 месеци прв пат, па дури сега пак? Ако е така тогаш може првиот пат да не бил скинат хименот па затоа да тече крв дури сега. Да можно е да тече ептен многу крв и можно е тоа да е првите неколку пати. Секој организам е различен! На гинеколог речиси секаде може да отиде без книшка и родители, само треба да плати за приватен преглед. Ако нема толку, тогаш мој совет е да направи само вагинално ехо. Околу 500 ден е приватно, зависи каде ќе оди. Санја кога веќе си толку стручна во поглед на темава, да те препорачам за асистент кај некој од професориве???????
Нема потреба ке ми биде мило ако ти појдеш и се консултираш со некој гинеколог да поднаучиш, некои основни работи како што е химен и хименот неможе да предизвика обилно крварење, туку крварењето е последица на нешто друго посебно ако се работи какло што рече девојката за обилно, крварење.
Нека оди на гинеколог обавезно,не е дека те плашам ама боље да се спречи него да се лечи.На гинеколог не и бараат родители... А иначе budala.sum-pa.sto мислам дека тука секој може да си каже што мисли,а со тоа не се прави попаметен од другите,туку си кажува свое мислење...мислам дека нема потреба од такви цинични коментари како твоите,сепак ти си знаеш што и како ќе си пишеш. А се сложувам со sanja-lazanja може и да е нешто сериозно.
Од кога машките се главни преносители?! Прв пат слушам... подеднакво и мажите и жените ја пренесуваат гонорејата и другите полови болести. Нема врска тоа со полот. А за проблемите - и кај едните и кај другите се јавуваат проблеми, не само кај жените
Немам намера да се правам паметна, само пробувам да објаснам од што друго може да биде. Веќе сите и кажаа дека мора да оди на гинеколог зошто може да е нешто сериозно, па нема потреба да се повторуваме. Бев цинична со sanja-lazanja зошто не е прв пат да се прави стручњак на темева и да дели дијагнози од ракав, а се познава дека нема ни нај основно познавање.
и јас имам проблем, т.е. прашање, дали ви се случило да ве боли стомакот после секс. однос? денес имавме односи, и премногу ме боли стомакот, сеуште е рано да ми дојде. да не е од тоа што долго немавме односи (околу 2 недели) па затоа да ме боли? и се случило ли на некоја нешто слично?? фала однапред