Додека со тој некој шо имаш незаштитен однос и сврши во тебе, тогаш може да паничиш за бременост, а на грб, стомак, во уста и на триста други места по телото шо немаат врска со вагината не се забременува, у никој случај па не со мастурбирање
Тоа у никој случај, и те молам за добро за тебе земи прочитај или изгуглај нешо, за да се едуцираш, друг пат вакви прашања срамота е да прашаш.
Баш поради тоа што има секакви работи на интернет вакви прашана поставувам Знам дека е потребно свршување внатре за да се оплоди јајце клетка ама по интернетов човек може се и сешто да се изначита Психата е сепак страшна работа Фала за одговорот
Здраво. Од земени 4 вагинални бриса на уреаплазма ми даде позитивен. Бактерија/ml <10/4 и ми препишаа левофлоксацин и вагинални Видермина зелени. Сеуште ги немам купено овие првите. Па сакам да ве прашам дали некој има искуство со овие апчиња.
Да прашам нешто. Со едно момче се гледаме еден месец , има 24 год ама сме онака на лабаво . Е сега... не осеќам некоја љубов за него , само ми е убаво. 21 година имам јас а он не живее во мојот град живее у едно од околните села. Ама пак се гледаме често. Па да прашам дали ќе згрешам ако го имам првиот секс со него? Не мора сега набрзина ама за некое време?
Зошто да згрешиш? Искоренето е мислењето дека прв мора да ти биде тој што ќе ти биде маж. А ако утре некој таков ти пререче поради тоа што не ти е прв, батали го не ти треба таков секако во твојот живот
Леле ептен ми е жал шо се смеам, ама стварно ми се смешни прашањава Де бе луѓе, 21 век е, информирајте се, сексуалното образование буквално ви е пред нос денес, гугл, секакви книги со детални информации, а вие тука прашувате дали можете да забремените од ејакулација во уста
Па никого не засакав до сега у овие скоро 22 години, го чекав правиот и не дојде. и сега у тешка дилема сум дане ме зезне, дане избрзам, дане се каам, дане ме остави одпосле
И јас сакам да се плеснам со еден дедо ама му се мислам, да не ја утнам работата па да се кајам Што мислиш ти, што да правам???
Дечки имам проблем. Вчера при неколку неупсешни обиди да имам секс, се откажав. Кога ставав кондом, ерекцијата ми паѓаше и тешко беше да се врати, откако ќе добиев пак ерекција, за брзо пак паѓаше. Без кондомот не беше проблем, ама не сакавме да имаме секс без кондом. Ептен ми беше засрамувачка ситуацијата и се пренервирав. Чудно ми е затоа што со истата личност имавме секс претходно, со кондом, и немав проблем. Доколку некој има совет би бил благодарен ако каже.
Битно е да не се нервираш. Знам точно како ви мисли глата. Ако падни случајно, одма милион прашања ќе си самопоставите(зошто, како), па незгодно ќе ви падни, па срам ќе ве фати, па то уште толку ќе ви го допадни. Па ако пробаш пак, страв несовладлив, да не' не стани.. и така во круг... Нормално е да не ти станува кога паничиш и се нервираш и срамиш.. На се' мислиш освен на сексот. Не е крај на светот да му се сневиди.. И на секој може да му се случи. Немој сега да седиш и да си прајш психо-анализи, зошто било/како било. И наредниот пат кога ќе дојди до секс, најбитно е исто да не мислиш на то шо се случило, туку на тоа што ќе имаш секс. Се' е во ред. А да, заборајв.. Битно е да не е со некоја кокошка која ќе ти се изнасмее, или ќе те направи да се осеќаш крив