епа што бараш совет тогаш ако не е битно? да не лажеш? сексот е многу битен да не речам најбитен и преку тоа многу работи се познаваат, нека се потруди повеќе за да бидеш задоволна, нека му биде на него на последно а тебе на предпоследно. може така?
Нa некoи девoјки им требa пoдoлгo време дa се oпуштaт зa дa мoжaт дa свршaт. Прoбaјте сoпoдoлгa предигрa некa ти се пoсвети нa тебе истрaжувaј штo ти гoди. Претпoстaвувaм декa не е тoлку искусен пaртнерoт, вo текoт нa oднoсoт експериментирaјте и двaјцaтa вoди гo ти негo , и верувaм декa ќе се деси.
Ако го дава својот максимум и се труди а и покрај тоа ти не можеш да свршиш, тогаш потруди се ти самата да ти е убаво. Сменете нешто, прави тоа што ти годи, научи го своето тело и објасни му на дечкото што и како да прави. Но, ако воопшто не се замара за твоето задоволство цела таа година и не се труди, не вреди таква врска со себичност.
Нека не те лаже, сексот на сите им е на прво место. Да не му е битно, нема да свршува секоја партија, а ти да бараш соввети по форум. Го користи адутот, сексот не ни е најбитен во врската, за да не се 'мачи ' околу тебе за да свршиш. Зборувај со него, кажи дека сакаш за промена да видиш што е убавото во сексот, да се најдете на средина. Ако не бива, најди си друг.
Верувај, не е. А што се однесува до проблемот, никој не се родил со искуство во сексот, тоа е нешто што секогаш може да се научи и подбри ако е лошо.
Битер не би да се расправам, некои од нас, повеќето, на сексот гледаме како взаемно задоволство меѓу партнерите а не како механички акт за репродукција, во темнина.
Па после цела година без никако напредок, добро ја лаже дека не му е важен сексот. Да беше тој што не свршува а таа да, баш се мислам дали ќе опстоеше таа врска толку долго. На негово место, во најмала рака јас неубаво би се чувствувала ако партнерот не го добива тоа што јас го добивам.
Тоа е веќе вистинскиот збор, повеќето. Нема потреба од расправање, само за тоа имав забелешка. Без грижа, ги разбирам овие проблеми. Оние за кои сексот е битен дел од врската, нормално дека ќе им влијае неговиот квалитет. Јас сепак мислам дека може да се подобри ако најотворено си кажат двете страни што сакаат, што им е убаво. Колку време и да се заедно, не може ништо да се подобри ако нема комуникација. Не знам тие колку разговараат за овие работи, ама ако само имаат односи без отворена комуникација, џабе е. Тоа и опуштеност треба. Се' се учи.
Не знам ни како некој ужива само и само во сопственото задоволство гледајќи дека партнерот не ужива. Нели треба баш взаемното задоволство да биде главен двигател во сексот, пошто взаемното уживање е она кое пали највеќе. Не ги разбирам тие мажи кои единствена цел им е да ги задоволат своите потреби само. Делува толку механички, као божем се сексаат со кукла на надувување. Секогаш оваквата ситуација ме потсеќа на сликава.
И најчесто на таквите ако им кажеш дека е до нив, ти ќе испаднеш крива. Егото е страшна работа. Комуникација е клучна тоа е неспорно. Но, пратнерот треба да е свесен дека не е само неговото задоволство важно. Јас до утре можам да му објаснувам што сакам и како, но ако не ме слуша и не сака да се потруди се е залудно. За мене е себично јас секој пат да свршувам а партнерот ниту еднаш. Прво јас ќе се запрашам каде грешам и ќе барам решение. Од мене ќе сакам да произлезе комуникацијата а не да чекам партнерот да дојде до ситуација да ми укаже дека не ужива ниту го постигнува максимумот. Ќе следам што го пали, што не, и секој нареден пат ќе го применувам тоа. Сам треба да сакаш да го учиш и следиш телото на партнерот. Во ваква состојба сите се свесни дека постои проблем, само вака како во ситуацијата цела година се прави на тошо па уште и ја убедува дека не му е важен нему сексот. Мало сутра тоа.
Епа тој може и не сака да се потруди за неа па се вади со муабетот дека не му е важен. Во таков случај, не вреди таквата врска оти има себичност.
Клучно е на кој начин ќе му се каже тоа. Ние машките обично имаме самодоверба до плафон кога се работи за секс. Сите сме е*ачи големи. Многу е тешко да си признаеме сами на себе дека не сме порно ѕвезди и треба да работиме на себе. Некои и немаат толку големо искуство па тешко им е да проценат дали жената ужива и е задоволена. Едноставно не прават разлика. И овдека освен еден внимателен разговор, може многу да помогне ако се наведе како да го прави истото, да се даде до знаење кога ужива, а кога не. Feedback-от е клучен. И, да. Некогаш е добро и партнерката да превземе иницијатива доколку е поискусна и на тој начин да му покаже како треба. Сексот не треба да биде едностран, каде секогаш мажот е активниот, а жената пасивна. На крај краева, не значи дека ако мажот доживее оргазам дека е задоволен. Има разлика од оргазам и Оргазам. Едниот е експлозија, другиот е, онака, колку да се рече, мех... Ако се има воља, желба и разумност, можат работите да се подобрат драстично и двете страни да уживаат, ако не, дај друго дете.
Јас отворено би кажала, како тој ќе ме разбере и дали ќе се навреди, негово е. Од лепи, залепи, премолчи ништо не бидува. Ама ако еден од партнерите се пожали и отворено каже што сака, што му/и смета, другата страна треба да соработува. Егото на страна, сите сакаме да мислиме дека сме експерти ама некогаш реалноста друго зборува.
Мене пак ме нервира тоа објективно величање на сексот. Велам објективно зашто не мислам кога зборите за себе туку за други врски. Океј, за некои е многу битен ама ако некој рекол не ми е битен сексот зашто мора да значи дека под дифолт лаже? Да рече едниот свршува, другиот не, а му е битно, тогаш е друга работа. Што знам, можда дека би ми било океј мене да сум во врска без секс и не верувам дека сум единствена. Други работи ми се многу поважни во врската. Дури и да е лош ќе му речам ич да го немаме и да уживаме без него отколку да нѐ фрустрираат различностите меѓу нас во поглед на секс. Ако прифати, супер. Ако не, во ред. Секој по свој пат тогаш. И исто на пример секс како нагон апсурдно е да се споредува со јадењето како нагон. Не се исти, ама ич. Демек ај потисни ја желбата за јадење. Абе од нејадење цел еден ден се имам онесвестено. Од другово ништо.
Секогаш треба да се збори искрено, отворено, но преголема искреност и директност може да има контра ефект само и наместо решавање на проблемот, да настане уште поголем. Јас, кога не сум задоволен од нешто од партнерката во кревет, наместо да бидам сурово директен, секогаш кажувам округло, па на ќоше. И тоа секогаш пробувам да ги потенцирам добрите страни, делејќи комплименти, и тогаш уз муабет да го протнам и она што не ми одговара, и тоа како сугестија како да се подобри за поголемо взаемно уживање. Коментари од типот на: " Не те бива дечко, не ме онадеш ко шо треба. Да не го мислев Том Харди ќе бев сува ко Атакама. Мал ти е. Бившиот подобро ме е*еше." не верувам дека ќе го решат проблемот. Ама па и ние машките сме си малце по глупички и не сфаќаме секогаш кога нешто сакате да ни кажете индиректно.
Не мислев така отворено и директно. Тоа е се во ред што кажуваш. Само што се надевам партнерката ги прифати тие нешта и се потруди да ги примени. Јас сум се нашла во ситуација 5 пати на таков фин начин да кажам што сакам и да нема фидбек. На крај сам се повлече, без збор и причина. Тогаш сфаќаш дека со некои ни со добро ни со лошо може да се оди на подобро. Јер нели експертот најдобро знае, нема што друг да го учи.
Напомена: Мислењево на Танче само ме поттикна да го пишам ова, не е ништо лично ниту наменето за неа. Постојат луѓе асексуални, што е океј. Постојат луѓе со ниско либидо, и тоа е океј ако не е предизвикано од некој фактор ко дисбаланс на хормони, стрес итн. Факт е дека сексот е потреба, и реално на панетава на сите суштества репродукција (што нели ние ко интелигентни го спречуваме со контрацепција) им е животински инстинкт. Почнувајќи од животни, инсекти па до човекот. Тоа што ние сме нашле начин да го скокнеме зачнувањето, не го исклучува тоа дека примарна најдлабока желба е поттикната од желбата за размножување (во најголем дел од случаите). Плус сексот носи многу бенефити. Самиот чин додава интимност, блискост со личноста со која си, а да не збориме за продукција на окситоцин наречен „љубовен хормон“ кој помага за формирање емоционално поврзување со партнерот. Не е воопшто научна фантастика зошто се заљубуваш повеќе после секс со некој. https://flo.health/menstrual-cycle/sex/sexual-health/10-health-benefits-of-sex-for-women Не велам дека не можеш да ги имаш истите бенефити и со други активности, ама таква поврзаност со партнер не можеш да доживееш на друг начин. Тој левел на ранливост и отвореност прави само да се поврзете многу повеќе. Меѓутоа, јас верувам дека има луѓе што заради фактот што не уживаат доволно (или боље кажано ич) во сексот мислат дека можат да живеат без него. Потсвесно влијае многу, и го знам ова од искуство. Нормално е да избегнуваш нешто што не ти е убаво, и нешто во кое не уживаш целосно. Самото тоа што на сексот гледаш како нешто лошо, или неубаво ти предизвикува стрес и нелагодност. Многу е нормално да не сакаш да правиш нешто што не ти носи задоволство. Ама за тоа не е виновен сексот туку партнерот. Треба сосема на друг начин да размислуваш за сексот како чин за да се опуштиш и да можеш да уживаш во него. Тоа е многу тежок процес, и психички треба да си спремен за да се потрудиш да го направиш тоа. Целосно менување на целиот attitude towards sex. Пишува: дури и да е лош, ќе му кажам ич да го немаме. А зошто да не биде, дури и да е лош ќе му кажам да смениме нешто, да пробаме нешто ново за да не биде лош туку добар? Тоа секако нема да биде лесен процес, ниту процес кој ќе трае кратко, или нешто што би се средило за 2 пати пробување. Ако ти не можеш отворено да му кажеш на партнерот дај денес да пробаме само предигра, или само орален, или само симулација со рака тогаш тешко дека ќе се осеќаш опуштено за да уживаш целосно. Ствара фрустации фактот дека некој не ужива во сексот со тебе (и обратно), можеби во моментов не би излегувале на виделина ама после некое време акумулирање ќе пукне некаде. Не за џабе постојат форуми наречени deadbedroom и слични на нив. Сума сумарум, ако не ти е убав сексот вината барај ја во партнерот, и во вашата опуштеност, отвореност и желба за подобрување. Некако се осеќам дека многу изнапишав, имам и уште многу за пишување на темава, ама ќе скратам тука. Ако се развие нешто дискусија понатаму можеби ќе се доискажам.
Иако не беше за мене пак од личен аспект ќе кажам. Кога реков лош секс мислев на тоа дека на пример мене и партнерот нѐ возбудуваат различни нешта и не се спогодуваме со тоа. И ако тој и јас не ги сакаме истите работи, разговор не знам колку ќе помогне. И затоа реков - ако прифати да немаме воопшто ќе биде супер, за мене. Инаку со сила не можам да го терам да прави нешто што не сака, па тогаш ако не му одговара би се разделиле. Во такви ситуации баш сексот може да раздалечи место да зближи. Не мора да е секогаш до партнерот. Може тој колку сака да се труди и да ме прашува како сакам, ако јас немам желба за истите работи, немам и готово. Или пак може физичко задоволство да чувствувам и да сум задоволна ама тоа никаков удел да не ми има во врската. Може да го сакам на пример и без тие физички задоволства, се разбира ако сѐ друго е убаво во врската. И на некои им е океј да тераат така, дури и мене на пример Не викам сега на никој Можете и без секс. Туку зборам дека има луѓе или парови што не го сфаќаат толку сериозно сексот во животот. И не значи дека нешто не штима кај нив. Може, ама и не мора. Едноставно...не им е битен. И дека една врска во која партнерите немаат секс не значи дека е полоша од друга во која имаат секс. На асексуална врска не гледам ништо поразлично. Не значи дека сите сакаат секс само бидејќи носи задоволство. Ќе рече некој млади заљубени зошто би немале секс? Тие можат да ви речат зошто би имале? Знам дека е тешко да се разбере до негде. Пак ќе речам, зборам за луѓе кои сами си процениле дека не им е битен сексот, не кои некој им наметнал.
може и тој не свршува, и двајцата се незадоволни, али неможат и незнаат како да уживаат. друго објаснување зошто не би имале секс некој неам. ако за некој е секс влези излези за некој е чуства и поврзаност која нормално и природно треба да ѕавршува со свршување, утре треба деца да имаат фамилија не е пожелно да не се ѕадоволени и фрустрирани, и после кога ке рече некој оваа или овој ко не доебани цацко им е крив. сексот опушта смирува зближува итн. не е за џабе измислен и не за џабе практикуван. нека сврши еднаш па после друг муабет ке биде. а до тогаш ништо. плус едно е клиторичен друго е вагинален секс. боље нека дрка неголи да се ебе чим нема поента нејзиниот секс. пс со извинење на реч