Добро, ова веќе е сексуална некомпатибилност. И тука може да се каже дека после одредено време, може да биде 2-3-10 години (како и да е) може да се јави лутина, бес, огорченост спрема партнерот зошто не ти се исполнети сексуалните желби. Тука сепак има желба за секс, ама кога не ти е погоден некој - џабе е се. Тоа е скроз друг проблем. Пак би се јавило ко проблем најверојатно после некое време, и да тука сексот ќе биде причина заради која би се разделиле. Зависи од кое гледиште ќе се поставиш. Да, најверојатно има луѓе на кои сексот не им е битен, ниту пак им е потреба ни желба. Проблем настанува ако се лажеш или си ствараш некоја погрешна претстава во глава дека не ти се допаѓа само заради тоа што не си имал добро искуство. Најбитно на крајот на денот е дека треба да си опуштен и отворен со партнерот. Ама, за да дојдеш до тоа ниво, треба да си задоволен сам од себе, да немаш лошо мислење за себе, да не мислиш дека не си доволно добар, доволно згоден итн. Сексот иако е физичка активност, бара доста голема психолошка подготвеност.
Раскинав 3 годишна врска пред неполн месец. На почеток бев во шок, не можев да се навикнам без него итн. Ама сега сум многу напалена и не знам што да правам бидејќи не сакам да имам секс со било кој знам дека не би било тоа најдобар начин да се среди ситуацијата. И да го побарам бившиот само за секс не знам колку е добра идеја бидејќи со самото тоа што ќе имаме секс може чувствата да се пореметат и после да се чувствувам пак лошо. Како да го надминам ова?
Само никако не му ѕвони . Да се понижуваш на еден начин и акциите да му ги креваш па да мисли не можеш без него
Девојки, при преглед на гинеколог, докторката беше груба и ми го наздразни вагиналниот отвор. Мене ме чешка и вчера ставив вагиналетка бетадине што малку ме печеше и така забележав дека ми е отечен малку. Ве молам, што да ставам и не знам дали да ставам пак бетадине вечер.
Знаеме сите како е во затуцанава Македонија. Некој ќе рече дека јас како машко не треба многу да се замарам и потресувам за ова прашање пошто немам општествени стеги. Но, си имам свое правило каде што од кога ќе раскинам со некоја личност, освен пријателски однос, не сакам ништо друго. А сум имал прилики каде повторно сум можел да имам секс со нив и сум ги одбивал. Не сакам да отворам стари рани и евоцирам емоции повторно. Да било добро, немало да се заврши. А чим се завршило, нема потреба повторно да се навраќам на истото. Раат сум овака. Раат ќе бидеш и ти ако не му се јавиш.
Исто имав раничка на самиот отвор на вагината зимоска, сама отидов во аптека и побарав некоја кремичка, ми ја препорачаа Мелкфет невен, скапа е да ја земеш цела, во аптеките ја делат во мало кутивче од 50грама, околу 300 денари ме кошташе, и многу ми помогна, на природна база е. Ја најдов во Бети аптеките мислам беше, ама сигурно има и на друго место, и ја мислам да не ставаш сега бетадине да не направиш некој проблем несакајќи
А пак и ми мириса, башка ме чешка. Ај ќе видам воo понеделник треба да земам брис за пап па ќе и кажам. Значи воопшто не ја мачка алатката.
Ме смирува и бетадине ама проблемот е што внатрешно ме чешка на отворчето и е подуено малку, а немам бело ништо.
ne panici zamivaj se so caj od kamilica nekolku pati, pij uvin caj so brusnica i pocekaj samo ke se sredi, so nov kondom stavaat na ginikolog, nemoze on toa infekcija. ke ti pomine.
Ама за алатката што го шири вагиналниот отвор за да земе брис не користат кондом. Со оваа алатка беше груба, а брис не можеше да ми земе затоа што не бев исчистена целосно од добиеното.
Сакам совет во врска со овие кондоми: Codnoms with dots. Дали сте користеле? Дали влијаат на задоволството?
За тие железните збориш? Тие ги стерилизираат во машина.. и мојава матична, а и приватно имам правено така ги користат, ама ги стерилизираат во едно како микро на мн степени. Ако ти е сепак шубе од тоа, имало во аптеки некои за една употреба, пластични. Па зимај такво за наредни пати..