На 15, оти многу си стар веќе на 17 НЕма шо да коментирам повеќе. Коментирав јас на друго прашање. И нема шо да биди според мене јас да кажувам, секој си знај, си е одговорен за своите постапки и знае шо прави, барем би требал да знае.
Не смее ни докторот од око да поставува дијагнози без брис, ни вие смеете да зимате лекови на своја рака. Особено па антибиотици. Мислам ако сите поставуваа дијагнози од око или само водејќи се по симптоми без испитувања... Кај мене на пример на преглед ми рече докторката дека визуелно изгледа све океј ама брисот покажа кандида кога имав постојано исцедок.
Секс у пубертет денес не е табу тема. Ние што се чувавме до подоцнежните години сме најголемите к***и изгледа. Оти сме сакале да се зачуваме малку подолго од пубертетот.
Де бе луѓе, што напраивте? Па желба за секс на 15/15/17 години е најприродна работа, не гледам зошто да не би ја направила ако се чувствува спремна и е информирана. Стегната е најверојатно бидејќи немале доволно долга предигра. Ќе се опушти со долга предигра, она си знае што највеќе и’ одговара и секако прво партнерот со прсти да ја “подготви”. Барем кај мене тоа функционираше бидејќи имав сличен проблем. @butterfly.285
За мене не е нормално, стапување во сексуални односи многу рано. На 15,16години да се мисли на секс немам коментар. И нормално тие шо стапиле тогаш во сексуални односи, ќе го оправдуваат тоа и сега одма контра ќе мавнат. Сега сето е надвор од контрола и немам коментар за нешто шо читам. Затоа секоја година бројот на малолетнти бремени девојки е се поголем и бројkaта не е мала
А демек порано не раѓале во тинејџерските години? На тие години биолошки и научно е докажано дека највеќе се мисли на секс.
Извини за тоа што те цитирам, но порано, тоа било морално, како да кажам за да не ме сфатиш погрешно.. Едноставно сите се земале на 16, 17 години, раѓале мали, а не дека мислеле на секс. А сега да, поретко се има случаеви каде што тинејџери се во брак, а почесто кај што абортирале или родиле вонбрачно. А тоа шо ти го кажа нема врска, ама стварно. До сега не сум се спротивставила на овој начин на никој, но ова ми е безвезе. Уште еднаш се извинувам
Еве ти. Ние сме животни во суштина, и затоа е нормално. Да, тоа што не разликува од останатиот животински свет е фактот дека имаме свест и развиено разумно расудување, но тоа не значи дека треба да потискаме природни потреби за кои сметаме дека сме доволно спремни и едуцирани.
https://www.google.com/amp/s/www.ps...1611/whats-the-right-age-begin-having-sex?amp Повели ,едуцирај се малце .
Едуцираниве од 14години со секс настапија. Оф мори мајко Ау мразела Деви Марии, никој не те праша. Продолжи да не бидиш ти Дева Марија. И форумот не е тоа што беше јбг.
Па бабите наши и прабаби порано кога раѓале деца знаеш,во тинејџерските години,хормоните тогаш почнуваат да лудуваат,после 25 години се сметале за стари моми,што не викам дека така треба,него најдобро време за раѓање е од 20 до 25 години,денешниве девојки не сакаат ни да помислат да раѓаат пред 30.
Јас на 2 3 месеци пред да наполнам 20 години започнав со сексуални односи. А сепак, сметам дека од 14 години е нормално да имаш желба за секс. Веќе сметам дека над 16 години голем број девојчиња и се спремни да имаат. Дајте малку ослободете ги мозоците.
Се гледа ти колку си едуцирана ,очигледно не знаеш ни англиски па не можеш да го разбереш линкот што ти го пратив .
Проблемот е до не доволната едуцираност на децата за темата секс, која благодарение е се поголема од ваквите контроверзни размислувања на родителите, кои не го прифаќаат фактот дека нивното дете не е веќе дете, и дека сексот не е веќе табу тема меѓу родителите и децата. И баш напротив јас како Дева Марија што ја спомнавте погоре, го оправдувам сексот на 16,17 годишни. Или можеби треба со тебе да се консултираат пред извршување на светиот чин?