Ако личноста е спремна да го направи тоа на 16 или 17 зошто не е во ред? Порано на тие години раѓале. Штом тогаш се активираат хормоните и мислиме на тие работи нормално е и да го направиме тоа ако сме спремни. Голема работа ако се чуваш до 25 бре бре, ќе ви дадат медал.
Не мора да се чуваш до 25 години, ама и не мора да стапиш во сексуален однос уште при првото зовривање на хормоните. Деца на 14, 15 години се само деца. Ниту се доволно зрели, ниту се доволно физички развиени, ниту умеат да ја согледаат одговорноста и последиците од таквиот чекор.
Ninoto telo im veli edno, socijalnite normi drugo, zatoa treba da im se objasni za posledicite, a ne da im se zabranuva bez razumni obajsnuvanja i zboruvanje kako tie ne se dovolno spremni, ili odgovorni i deka se deca. Koj tinejdzer od 15 godini obozhava koga roditelite im velat deka se se ushte deca?
А кој спомна забрана? Секако дека треба да му се зборува од најрана возраст, родителите имаат клучна улога во воспитувањето и оформувањето на карактерот на детето. Телото може да му кажува многу работи благодарение на хормонската експлозија, ама психичката зрелост на 14/15 години ретко кој ја поседува.
Го подржувам мислењето на @piksooki целосно, но кога веќе се влегува во "тинејџер(ските)" години, денес 80% одма сакаат да имаат секс, сметајќи дека се веќе возрасни, а и од љубопитност. И нема да му се дај медал на тие шо се и на 20 Деви Марии, но кога веќе имаш 15 години уживај во тие години, имаш време и за секс и за се, немора мајка на 18, или како шо иди времето на 18 легнала со 10, немам ништо против да напоменам, (секој има право на избор), но би ви препорачала на 15 да си ги фатите првите симпатии и да уживате во то, а не да искусувате е*ење како 30 годишни. Кој како сфати така.
Дали може да се забремени доколку имате триење со партнерот а тој неколку часа пред тоа има свршено? Без односи,само триење плус девица.
19,и не е ништо за подсмевање,по интернет пишува дека и девица може да забремени,дека и без однос може и ред други работи
Абе остај по интернет што пишува... не читајте многу многу теории, ептен ќе ви ја сјебе психата за нешто што е скоро невозможно да се случи.
Сакате да ми кажете дека вие светиците тек на 18 години дознавте што дека секс е технички пенис во вагина, дека тек тогаш почнавте да добивате физичка реакција или дознавте за истата, дека тогаш дознавте дека секс е за уживање и дека воопшто постои? Ајде бе. Ем трубите треба да се збори отворено со млади тинејџери, ем зашто пази биле љубопитни и имале на еден начин желба за тоа. А работата е да постапуваат разумно.
https://forum.femina.mk/threads/Што...енувањето-Прочитајте-и-информирајте-се.23425/ Ова прво треба да стои кога ќе влезеш во форумот. Најгоре, да трепка, да не можеш, а да не го забележиш дека е тука. Жално е што презентациите за овие работи што ги правеа во основно/средно беа само предмет на потсмев и причина за црвенеење на професорите, наместо сериозно да се сфати и да се прифати дека самото табуизирање доведува до уште поголеми проблеми. Ама ова нема да се смени, оти е срамота. Порано ако добро се сеќавам, имало и гинеколози на форумов што одговарале на прашања, сега веќе не. Не ќе беше лошо кога барем еден гинеколог би одржал една лекција, чисто за најосновните работи да се знае за сигурно од стручно лице. Оставени сме сами на себе да бараме на интернет на секоја страна- доверлива или не, ќе најдеме статија во која ќе пишува дека жена забременила од еднорог, па и во тоа ќе веруваме. Штом на интернет пишува така, мора да е точно. Не гледам зошто се тепаат поединци тука да докажат и покажат некому кога е океј, а кога не е да имаш односи, да родиш и тако даље. Знам жена што се омажила на 16, а има и такви што тоа го направиле подоцна. И? Ако тука се докажуваме дека Трајна е во право, а Смилјана не е, дали сериозно некоја ако е решена да има однос ќе се запраша дали рандом личност на форум е во право и ќе се премисли? Се ми се чини дека тука повеќето доаѓаат за да наидат на оправдување на она што веќе одлучиле да го прават отколку да бидат отворени и кон совети што можеби би ги спречиле во намерите.
Види сега вака да ти објаснам нешто, кога би прочитала 2-3 пати погоре, ќе дознаеше шо сакав да кажам, а не тука да "беснееш" со то што мислиш (според тебе) дека сите имаат односи на 15. И плус то, јас кажав дека се почитувам шо се случува , но кога би бирале, да го изберат то, пошто нема поубо ко ќе си прва средно и тогаш да почнуваат пеперутките во стомакот да ви шетаат, а не децата, фала.
Алал да ти е. Тука секој иди да го оправда тоа што го направил/ќе направи, а не да побара совет и сл.
Не реков дека треба односи да имаат уште тогаш. Али муабетот беше како да не треба воопшто ни да бидат заинтересирани и да научат тоа што треба. На 16 години имала желба? Страшно. Не значи дека одма секс ќе има. Ти на колку дозна што е секс, како се одвива, што е мастурбација, итн итн? На 18 не сигурно