Фала ви девојки Не ми е прв пат, ги имам користено вагиналетите, ама не овие со апликаторче Ама изгледа овие се по практични, и подлабоко се ставаат. Ајде тогаш ќе си побарам од овие. Тоа ми беше мене, повеќе и за него, оти постојано правиме на ти го, дај ми го
И конечно го имаф првиот секс , беше прекрасно!! Им благодарам на тие што ми помогнаа , заради нив дури јас го заведов А не! Не помислувајте дека сум к****! Ја подоткопчаф кошулата кај градите тој се запали и готово! Ахах Поздрафф!
Неколку дена по ред ми тече вагинален секрет, безбоен е и без мирис, а денеска со појак интензитет. Имал некој вакво искуство? Што би требало да направам за да ми се изгуби, пошо ептен ми е горзно
Среќичка, можеби е од прелада на јајниците- не паничи или пак може да се јави пред или после менструација Во секој случај, ако продолжи отиди на гинеколог
Не извини несакаф така да кажам! Дека на тие што им е првпат и да го превземаат првиот чекор ка мене тоа не ми иде А за понатаму е пооправдано! Не ме сфакај погрешно те молам!
Вики ме просветли, фала ти Да од тоа може да ми е, баш тие денови ми беше овулација, а еве сега го снема.
Девојки,ви се има случено да мочате крв ? Мене пред некоја недела ми се случи тоа и буквално се извадив од памет.Од излегување доагаав,надвор пингвини пагаа а јас така цела во летна шема .Си се тешам од тоа е.А ми се нема повторено.Да превземам нешто ?
Провери си ги бубрезите. Јас со мокрачата имав крв и по два-три дена се најдов во болница поради тоа што имав песок во бубрезите.
Обично ако има крв во урината мора да има некој проблем во бубрезите. А тоа Yawn не ме чуди да ти е од прелада, така другарка ми се шеташе лани цела зима без боди или маичка и на крај како камења и тежеа бубрезите, и таа почна да мо*а крв. Оди на лекар, ќе ти дадат некој чај во најдобар случај, ама барем ќе знаеш од што ти е, и не шетај гола бе, тие први сеќаваат. А спрема сликине богами, ептен „облечена“ си
здраво овде сум нова зачелеета ама нон стоп ве читам... Не сум сексуално активна и не сум искусна во тоа а и мојот дечко исто така...пробавме пред некоја недела ама незнам дали не се потрудивме доволно или од неискуство меѓутоа не успеавме да направиме ништо не ни ме скина...како да успееме во тоа...некој поискусен да кажии...фала однапред
Чекор 1: најдете си соодветно место каде што ќе бидете сами, каде што нема некој да ве прекине. Чекор 2: Ослободете се доволно и почнете полека да си се слекувате (ако не ви се чека, секој сам нека се соблече - ко од мајка родени да сте) Чекор 3: Користете кондом и лубрикант. Прочитајте го упатството за употреба, нека го стави дечко ти кондомот и нека го намачка со лубрикант(прв пат ви е и којзнае дали ќе бидеш ти доволно навлажнета) Чекор 4: Ти легни на кревет со грб и рашири ги нозете. Чекор 5: Тој нека се качи врз тебе и полека нека го бутка пенисот во твојата вагина. Нормално ќе има противење од внатрешноста на вагината, ама нели хименот сакаш да биде скинат, па треба да се потрудиш. Чекор 6: Откако ќе завршите со процесот на кинење, најверојатно ќе има крв, па избришете се со влажни марамчиња, по можност и истуширајте се. Чекор 7: Ако сте подготвени може да продолжите со сексот, секако пак со кондом (со нов, не со истиот), бидејќи сте неискусни двајцата, па можеби ќе си направете не сакајќи бебенце. Чекор 8: Ако нешто не ти е јасно, прочитај се од почеток.
Мораш на доктор. И да не е ништо сериозно, барем да си провериш и да спиеш со мирна глава. Мене ми се има тоа случено, од ништо, ама баш од ништо, и бев 2 недели на терапија. Нема зезање со такви работи.
Девојки имам еден проблем. Вечерва имамвме односи со дечко ми и кога се вратив дома долу вагината ми беше прмногу отечена дури 10 пати поголема. Дали некој друг имал некогаш ваков проблем. Бидејки не знам што да правам па вам ви се обратив за совет или за некое слично искуство ако имал некој. На преглед не можам да отидам наредниве 2 недели.
Mec, не е ништо страшно сигурно не си била доволно влажна, или сте имале подолг или погруб секс. Уживај, ќе ти спадне отокот за кратко време
Па вака имам еден проблем бев во подолга врска до пред 4 месеци во последниве 4 месеци не сум имала сексуален однос, додека бев со мојот бивши, дечко имавме редовни сексуални односи што подразбира од прилика еднаш до двапати неделно и можеби уште еднаш до двапати неделно мастурбирав. Зошто ви го кажувам ова? за да направам увод за да ви го приближам, проблемот што ме мачи последниве 2 месеци. Со претходно кажаното сакав да ви кажам дека никогаш претерано не сум била заинтересирана, за секс т.е сексот никогаш не ми бил толку важен дури и никогаш не ми се случило онака од чиста мира да се запалам. Но во последно време ми се случува нешто сосема спротовно од ова постојано се чувствувам напалена ми се случува некои денови да мастурбирам и по повеке пати во текот на денот и за разлика од порано сега не ми треба многу време за да сврсам ниту пак некоја посебна, инспирација. Незнам во што е проблемот несакам да влегувам во сексуални односи туку така би се чувствувала како курва ако го направам тоа без емоции. Навистина незнам што се случува со мене се плашам дека сум на добар пат да станам нимфоманка што се разбира не би сакала. Па доколку имате некој совет или чисто да размениме мислења повеке глави секако дека попаметно размислуваат отколку една.