I sega me boli stomakot vo dolniot del isto kako koga imam dobieno a i tamu koga me gledase rece gledam sega treba da dobies
Пак јас и проблемите со нередовна менструација. Имам проблем со пребрз метаболизам и мала телесна тежина/мал процент на телесни масти. Не вежбам, јадам се' што ќе посакам, имам добар апетит, на тоа не се жалам. Но, телесната тежина не ми се покачува. Исто така, многу сум влакнеста, барем повеќе од она што го има една просечна жена. Нередовната менструација ме следи постојано, се случуваше и една цела година да не добијам. Потоа за кратко се среди, сега пак 4 месеци немам добиено. Последен пат "добив" во јуни и тоа не беше менструација во вистинска смисла на зборот, траеше еден ден и беше многу слабо. Оттогаш ништо. Не сум сексуално активна. Има ли некој совет како може да се среди ова без хормонска терапија? Страв ми е да примам терапија поради несаканите ефекти. Многу се плашам од предвремена менопауза, не за друго, поради ризикот од остеопороза и срцеви болести. Секој совет е добредојден, и секое искуство е добредојдено.
@prominent работи на исхраната. Масти се потребни за нормално фукнционирање на организмот, женскиот посебно и за редовност на циклусот. Јас сум дефинитивно за да пробаш прво природно, да не се ослонуваш на хормони ако навистина не е потребно. Гинеколог што вика? Ај ќе ти пишам ЛП со некои совети.
Пробај ,,Фемисан А" капки, јас ги имам пиено кога имав проблеми со нередовна менструација, ми каснеше со месеци... Од билки се капките, нема хормони.
Дали количината на сперма зависи од тоа колку често имал секс? Денес имавме и имаше многу малце а обично има многу. Ми беше глупо да го прашам дали нешто сам правел па сакам да знам има врска тоа или?
Не мора да значи дека правел нешто пред тоа, количината никогаш не е иста. Некогаш е повеќе некогаш помалку
Дечки ми треба совет. Веќе долго време имаме односи со партнерот, но имаме еден ,,проблем’’ некако како многу да се влажнам. Не знам како да објаснам знам дека е подобро да е влажно него суво, ама ова ми тече многу дури некогаш имам како грутки проѕирни. Од што би можело да е? Мене не ми смета ама дечко ми еднаш ми искоментира во стил многу ти тече и мене непријано ми падна. Што мислите?
Ич да не се секираш од ова. Нормална телесна реакција е и всушност ние машките го обожаваме и обожаваме да го гледаме и искусиме со некоја. Не можеш истото да го смениш, а и зошто би? Не знам каков бил неговиот коментар, ама ова е како ти да си му рекла многу ти се дига.
Кај секое машко е различно,пример кај мене не игра улога,колку пати сум имал секс,секој пат ми е со голема количина,дури и некогаш што повеќе имам секс,се поголема и поголема количина на сперма имам.
Да. Ако претходно е извршена ејакулација, дури и 1-2 ден пред после ќе биде намалена. Но зависи, кај некој и нее баш така ама вообичаено е така. Штом ејакулирал пред после потребно е време за погуста сперма. А колку повеќе ја одложува ејакулацијата во текот на односот/маструбирањето на крајот кога ќе ја фрли спермата ќе биде поводлеста т.е понема да биде густа.
Нема врска мислам ден или два. Ние имаме често тоест секој ден или преку еден ден кога како. Има прилично голема количина но во овој случај имаш мноогу малце. А за густина секогаш е иста. Ко пудинг.
Затоа реков, кај секој е различно али во просек е така и е нормално да е намалена ако претходно ејакулурал.. Пошто машките и преку ноќ несвесно во сонот ејакулилираме минимално...
Ако предиграта трае подолго , повеке ке се „собере“ , не мора временски да е ограничено (ден или два) но , кога се движат тестисите се „собира“ ако си приметила кога господинот е во ерекција , тестисите се движат во кесичките.
Здраво , имам едно прашање , минатиот месец ми дојде менструација на почетокот од месецот(септември) после од кога ми заврши по 10 дена повторно ми дојде и од кога ми заврши по 3-4 дена пак , дали има некоја со вакво искуство од што може да биде ?
Девојки, јас заминувам на одмор и само што ги почнав Primalut Nor., но не знам зошто 5 дена порано ми дојде циклусот. Мислите ли дека ќе ми прекине до утре?