Одкако се породив со царски мислам дека цела се пореметив. Можно ли е да се нема бело перење ич? крварев добри 45 дена после уште 5 дена имав бело перење. Овие 3 недели немам,а знам тоа е нормално да не речам и морално за чистење на вагината одвнатре. А исто и при однос осетив печење внатре. Мислев инфекција ќе да е ама знам одсекогаш а и гинекологот со првото дете ми има кажано дека ако имам инфекција ќе имам и многу бело перење. изгледа ќе треба да си го посетам пак ама да слушам мислење.
1.Дали сте почетници во сексот со дечко ти? 2.Можеби уште не може да ја контролира ејакулацијата или пак ја прекинува за да НЕ сврши во тебе. И мене ми се случило да не може да сврши партнерот па да треба ,,помош" малце.Некои гајле немаат, го вадат и одма свршуваат. Нека вежба малку повеќе ахахаха 3.За болдираново... ако тоа го мислиш за дечко ти и немаш поверење и сигурност во него, ја најискрено не знам шо мајка бараш со него, па уште имаш и односи. Ако ти е дечко, ако имате односи, притоа користите заштита и имате поверење еден во друг мислам дека нема да има вакви недоумици. Преиспитај се себеси у однос на дечко ти.
Па незнам и сама што барам уште со него, ама заедно сме подолго време и тешко е да се прекини врската, не користиме заштита поради тоа што веќе подолго време сме заедно, се посомневав за тоа да не сака да ме остави трудна затоа што тој сака брак со мене а јас не сакам моментално а и не планирам во скоро и можеби затоа....можеби се плаши да не го оставам а си мисли дека годините му минуваат 31 година ќе наполни уште малку, а јас сум помлада од него..незнам затоа сакав и да слушнам мислење во врска со ова...
Шпанска серија..седни сама со себе напрај си муабет а после и со дечко ти за ова шо го пиша овде. Кажи му како мислиш и како се осеќаш, ислушај го и него нека ти каже шо мисли. Ако не се согласувате со ставовите и мислењата и не можете да направите баланс, најбоље опција гледам секој по свој пат.
Од пред две недели е ама сега го гледам. Мене во основно една знаеше така од позади да ме фати за гради. Ама тогаш некако дека деца бевме, не го сфаќав толку сериозно иако сепак не ми беше океј. Сличен проблем имала и моја познаничка во средно. Мајка на другар била удрена по задник одејќи по темна уличка од страна на девојка. Не, во никој случај не смее да биде сфатено како на шала и да ни бидат смешни вакви работи, оти да беше од машко не би било шала нели? Сепак е сексуално вознемирување Колку и да тврдиме и гледаме дека повеќе машки се манијаци, вакво однесување од женско не треба да се сфати помалце сериозно и на шала. Пожали се кај класниот и општо, кажи им дека ти смета па и кога ќе мора, физички одбрани се. Ама не толерирај.
Од каде пак сега тоа дека не го сакам? Сакав мислење да слушнам за проблемот а не дали го сакам или не...
Не мора да значи, ќе приметиш ако свршува во тебе, спермата мора да искочи надвор. И мене, а и на дечко ми му се случило да е премногу напален и да му треба повеќе време или помош. Или тој си завршува работа пред да има секс со тебе за да трае подолго или одложува исто за да трае повеќе, па после потешко му иде. Или да не земал некои суплементи А мој совет ти е да се консултираш со гинеколог за орална контрацепција и мирна глава
Здраво девојки. Ми треба совет и мислење. Со сопругот во брак сме 3 години.. На почетокот на бракот се беше како што треба, имавме односи одприлика 3 пати во неделата, но одкако останав бремена се се промени.. Породена сум пред 6 месеци и сеуше нема никаква желба за тоа ни сега ни дури бев бремена.. Однос имаме еднаш во месецот и тоа како со сила. Јас сум истата каква што бев и пред да останам бремена, немам промени ни во телото ни во изгледот, незнам дали му станав одбивна, дали повеќе не го привлекувам или нешто друго... Не сме разговарале за ова со надеж дека ќе се смени, и мислеќи дека се периоди, но ова нека крај...
Како бе брак од 3 години а се премолчуваат толку битни работи? Како успевате да го одржите бракот ако нема искреност не ми е никако јасно..особено за вакви значајни теми..
Здраво, ми треба ваше мислење дали некоја се нашла во слична ситуација. Веќе втор пат пап тестот ми искача со резултат кандида и дека можно е присуство на абнормални клетки, т.е дека можно е да имам ХПВ. Се тестирав, испадна дека немам. Вториот пап пак покажува исто. Докторката ми зема микробиолошки брис овој пат и ми рече дека можно е да е сепак ништо или знак дека имам некоја инфекција. Дали ви се случило вака и ако да, што испаднало на крај како причина?
Така ги дава резултатите поради тоа што имаш јака инфекција, односно кандидата ти е многу раширена и примерокот земен за пап тестот не може добро да се провери. Извини што вака лаички ти објаснувам, ама не сум медицинско лице. Пробај да ја средиш прво кандидата, обавезно и ти и партнерот да пиете терапија ( не со канестен, има многу поефикасни терапии, ќе ти препорача гинекологот), односи само со кондом ( а најдобро целосна апстиненција при лекувањето) и промена на исхраната.
Имам 22 години. Се гледам со еден дечко месец дена. Епа сега зборот ми е , дека до сега се плашев кој ќе биде правиот, дане направам грешка, сакав да биде со некој што ке го сакам. Но со дечково ми е убаво, да не би ми било прв пат , сигурно би имала секс со него. Само се гледаме ништо сериозно не е . Откога се гледаме постојано размислувам да имам секс со него( зашо сакам и ми се смачи да се чувам уште) ама па и се мислам да не се каам. Ве молам за помош зашо се побркав со мислите овие 30 дена. И да напоменам дека сум многу чуствителна особа, и се врзувам брзо за луѓе.
За што да се чуваш?Што чуваш?Еден химен не те прави тебе како човек.Да не бидеш среќна за да може утре оној кој ти е маж да си каже горд сум јас сум и прв?А во меѓувреме тој да се е**л каде што ќе стигнел? Т е молам не се потценувај и не си ја сведувај вредноста на толку ниско ниво.Нема што да чуваш оди и направи го тоа што сакаш да го направиш.
Ne brzaj pocekaj mozebi ne planira nis ozbilno ...a i da se sluci da ne se kaes ...toa e del od zivotot ...
Зошто би се каела? Утре да не и каже браво некој ако го чува Светиот химен до 35години?Да не ја врати кај мама ако е скината? @Kjara15 прави како ти одговара во животот, ако ти е убаво со дечкото имајте односи. Само опуштено (и обавезно заштитете се )