Да тоа е во ред да се запознаат, ама како би знаела дали тој ќе остане со неа за озбилно?(со имање/немање секс нема да знае), ама може дечкото да биде “сериозен” додека не си добие што сака (како што сватив не е таков) а може и со години да бидат заедно и да имаат секс, а нешто друго да не штима. Има милион варијации, а хименот не е гаранција дека нечија врска ќе биде озбилна, ниту пак колку ќе трае.
Дечково пишувал на познанички, и дефинитивно не планира ништо озбилно, и му е за тепање време.Не дека ми значи он мене нешто, но доколку ми е прв сигурно ке се приврзам за него и потоа ке бидам повредена .Ке оставам на времето сепак само месец дена се гледаме @Rabbit 97 у право си ќе си почекам не избрзувам Фала женски
Добро, никаде не пишува во претходниот пост каков е дечкото, секако си во право за своите чувства. Како мислиш дека е исправно такс прави, ние може само да мудруваме овде до сабајле
Самата велиш дека не планира ништо озбилно, а сепак си со него, и некако ко да имаш потајно очекувања дека ќе се смени. Ако и ти не сакаш ништо озбилно, гледајте се онака, комуницирајте, немој да се приврзуваш, но и немој да очекуваш ништо. Не верувам дека би се сменил допрва, ако се надеваш на тоа. Во однос на сексот, голема си веќе, па сигурно знаеш дали сакаш или не. Ако мислиш дека би се приврзала со дечкото, затоа што може да ти е прв, немој да правиш ништо. Ама би ти рекла, не го сфаќај сексот толку сериозно. Во смисла дека ако е прв мора да биде уау и да биде со некој човек што ептен ти значи. Ако имаш такви очекувања и ставови, има шанса да се разочараш. Генерално, ние жените секогаш го поврзуваме сексот со емоции, и затоа најчесто биваме повредени кога испаѓа на крај дека мажите сакаат само секс.
Здраво на сите. Е вака се гледам со еден дечко веќе 4 месеци, и денес за прв пат пробавме да имаме секс, имавме долга предигра и се беше океј до моментот кога требаше да ми го стави, наеднаш му падна, после пак продолжив орално да го задоволувам, и кога пак проба да ми го стави повторно му се спушти. Јас стварно не знам во што е проблемот, дали е нешто до мене или до него? Ме интересира до што може да биде, и зошто се случуваше тоа?
Мојот прв пат, имав слична дешавка. Т.е не ни беше тоа првиот. Него прв пат му се случуваше тоа. Ми кажа дека од трема некоја, дека мене прв. Ако се чувствува лошо во врска со тоа, дај му дознаење дека не ти засметало.
И он така ми кажа, ама мене некако не ми беше јасно како може од трема или срам да дојде до тоа, но најверојатно е таа причината. А и колку што го знам овој период, знам дека е премногу срамежлив и стегнат. Се надевам дека ќе се опушти, и ќе биде подобро, ако е оваа причината.
@Snowflake97 , дефинитивно тоа е причината. Му се случило секому. Немој превише да се overthink-уваш. Ќе се среди со следните партии. Некое комплиментче за кревање на самодовербата и орален може исто да завршат работа, а и чаша винце.
Па мене ми беше чудно бидејќи за време на оралниот се беше океј, коа требаше да почнеме се дешаваше проблемов. Ќе видиме ќе разговараме и ќе пробаме со све. Фала ви на сите.
Приметив колку пати сум пишала прв(иот) @Snowflake97 не се замарај, и Били како машко ти кажа. Разговарај со дечкото, ако му покажеш дека ти била глупава ситуацијата, може да се усрами и пак да се случи истото.
Најверојатно бил премногу под стрес од самиот факт дека од тој момент почнува она главното. Најубаво нека се напие една чаша вино или две како што ти кажаа, доволно колку за а да го опушти а да не го опијани. Зборувај му убаво за да не примети дека било какво "разочарување" кај тебе, и така...се ќе се среди со тек на време. Кажи ми само, прв пат му е да има со било која однос? Ако да, тогаш воопшто немој да се секираш.
Ми доцни една недела , ке полудам.... не сакам да сум трудна со дечко ми имавме односи пред 10тина дена и 100% сме сигурни дека нема ништо -сврши надвор до вчера си викам од стрес ми е ,временски промени па ми доцни ама сега веќе паничам утре ке земам тест ама неможам да издржам и морав да пишам за да сподели некој др слично искуство Немам никакви симптоми се е најнормално само никако да ми додје повременомо може да ме боли стомакот некако чудно ама незнам дали од страв
Нема што да полудиш, ќе направиш тест ќе видиш дали си или не си бремена. Со секој незаштитен однос мора да го прифатете и ризикот. Се мисли однапред, после касно е.