девојки во неделата дечко ми ејакулираше во мене Наредниот ден се напив ellaone апче и некако чувствувам болки во долниот дел од стомакот Многу ми е страв затоа што ми беа плодни денови Тест по колку време да правам?
доколку ти доцни циклусот повеќе од три дена направи тест а најдобро е преку крв да испиташ посигурно е
Ми треба помош. Имавме секс со девојката. После втората партија, на крај сфативме дека кондомот и остана во неа. Па го извадив јас некако... дали е можно од предсемена течност (не свршив воопшто вториот пат), но од првиот пат ко свршив се плашам - дали е можно од предсемена течност да се забремени?
Можно е иако е мала шансата. Сепак во уретрата останува малку сперма ако не си се измокрил после однос. Па ако истекла предсемена, ќе истече и сосем малку сперма која се задржала внатре. Мада зависи кога се слизнал кондомот.. Сепак ако е во плодни денови девојката, јас не би ризикувала...
Плодни денови де од 11 до 18 ден од почеток на циклус, значи броено од 1 ден менструација. Ако е пред добивање, шанса за бременост е минијатурна...надвор од плодни денови е ако има редовен циклус.
Колкава е шансата да се остане трудна за време на менструација,имав одоси скоро секој ден додека имав добиено со сврушување внатре. Мислам дека шансите за тогаш да се остане трудна се мали,но ме замисли овие денови имам болка во градите и јајниците и сум во мисла.
Пред околу 3, 4 месеци циклусот ми беше скоро секогаш точен на 28ми ден ми доаѓаше, некогаш и порано а ми доцнело најмногу два до три дена. Последниве 2, 3 месеци добивам на полн 32ри ден дури минатиот месец ми доцнеше малку повеќе. Знам дека од 28ми до 30 и некој ден е нормална менструација но ме интересира дали некој имал вакви промени? Малку ми е чудно што претходно ептен точен ми беше циклусот. Да напоменам, започнав нова работа, нова средина, цел режим ми се измена. Можеби и тоа на некој начин придонесува.
Имам и јас ваква ситуација пола година еве, влијае се верувај, и стрес и промени и плус други работи ако ти се случуваат во тој период
Еве денес веќе очекувам да добијам, мислам дека пробива, воочив светло црвена крв. Но, претходен месец имав на 14ти, 2 дена ми доцни. Исто имам и потешка овулација, пред година, две ништо не чувствував. Воочувам дека има промени, сега и пократко ми трае, околу 4 дена, пред неколку години дури по цели 7 дена. Беше ли на гинеколог, што ти кажа?
Истото скрос и мене, бев и ми рече дека е сосема нормално да не се плашам дека јас сум многу нежна на промени одма се ми влијае
Здраво, нова сум на форумот и сакам да ве прашам за еден проблем, имено со дечко ми имавме однос без кондом и нему му се појави црвенило и мозолчиња кои околу една недела не му поминуваат. Си става канестен неколку дена и црвенилото е поминато, но има се уште мозолчиња кои се намалени ама не се исчезнати потполно. Можи да ми кажите што би можело да биде? Јас си закажав преглед на гинеколог, ама до тогаш...