Девојки,вчера дечко ми заврши на мене поточно одпозади на грбот и задникот и кога се бришев страв ми е да не отишло тоа некако надолу или евентуално јас при бришење сум го донела близу до местото ако е воопшто тоа возможно.Паничар сум голем и се мислам дали за земам апче за ден потоа знаејќи ја штетата од апчето
За да останеш бремена треба да сврши внатре во вагината,а не одзади на грбот и задникот и не е можно при бришење да го донесеш надолу или самото таму да отиде бидејќи сперматозоидите надвор од организмот бргу умираат и не се функционални надвор од организмот.Така што не паничи и не земај апче за ден потоа за да нема пореметување на хормоните кај тебе и за да не ти доцни менструацијата или да не ти се случи нешто полошо од апчето.
zdravo devojki, vchera za prv pat imav odnos krv ne mi ischedi a denes zabelezhuvam chuden kafeav vaginalen iscedok neznam dali e normalno ve molam pomognete
Пред 4 дена дечко ми прв пат сврши во мене. Дали има шанси од спермата да ми се појави некоја инфекција зошто имам црвенило и многу ме чешаа, а од тогаш не сме имале пак односи.
Здраво имало по бензинските чоколадца за продолжено дејство на секс. или нешто такво отприлика 800 ден. биле некој да знае какви се?
Здраво девојки. Имам еден мал проблем. За 5 дена треба да добијам меѓутоа немам никакви знаци а обично имам. Имав со мојот дечко односи со кондом и плус свршување надвор. Меѓутоа во текот на односот проверивме дека ластикот од кондомот беше малку поткренат. Дали може да се деси нешто?
Ако не пукнал кондомот и ако не му е поминат рокот на траење тогаш не може ништо да се случи не можеш да останеш бремена бидејќи дечко ти свршил надвор,а не внатре во тебе.Исто и тоа што немаш никакви симптоми како пред добивање не значи дека си бремена бидејќи на секоја може да и се случи некогаш да нема никакви симптоми,индивидуално си е тоа секој месец е различно,исто и менструацијата може некогаш да доцни поради стрес,промена на клима или употреба на некои лекови.Така што,не се грижи,не си бремена.
Кондомот имаше рок до 2024 а го проверив не беше ни пукнат.. Можеби ми доцни затоа што пиев антибиотици и имав голем стрес. Фала многу на мислењето.
Имам бело прање обично само пред да добијам неколку дена, а сега се појави 10 дена пред добивање. Од што може да е?
Овулација имав на 11 месецов, знам бидејќи секогаш имам симптоми како подуеност, болки во грбот, болка во еден јајник... сега ради тоа ми е чудно ова.
Кандида не е, немам никакво чешање/печење. Друго не знам, не верувам, ама ако продолжи вака ќе одам да проверам. Иако веќе почнувам да осеќам ПМС, најверојатно ќе добијам порано.
Мене единствен симптом на кандида ми беше постојан секрет, чешање воопшто немав. Така да, секако провери си.
Истп и кај мене. Слузеста материја, како смола или подзасушен лепак беше. Само во овулација беше црвенкасто, инаку проѕирно. Ни крај памет дека може да е кандида, среќа бев на преглед. @Sejfullai И да добиеш, провери се евентуално ако се случи нареден пат - тогаш.