Мислам дека за пцос се гледа соодносот помеѓу TSH i LH, они и да се во нормалните граници односот помеѓу нив е битен. Некој поинформиран ако знае каков би требало да биде?
Добро но она не е ни гинеколог како процени и по што?Ендокринолог е. Ме нема на ехо видено утре ќе одам на гинеколог да видам што ќе ми каже. А пред 2 месеци правев ехо на сите органи и се ми беше супер немав ништо на јајниците а изгледа и она толку знае
Многу се очигледни цистите нема како да не се забележат на ехо... ама не паничи може да нема ништо... некогаш се јавуваат полицистични јајници и од скриен шеќер но за тоа секако треба многу испитувања... само од ова неможе со сигурност да ти кажат дека имаш циста на јајникот нити па каква е... ќе ти кажи утре гинекологот...
Реков скриен шеќер... за него ти требаат дополнителни испитувања и баш се појавува кај млада популација... не се замарај со тоа... ако на ехото не излези ништо... т.е. ако немаш цисти тогаш немаш потреба од овие додатни испитувања..
Па баш дека е ендокринолог... Мене првиот пат ни гинекологот не ми ги примети пцос.. после сменив гинеколог де, ама можеше и порано да се види тоа
Здраво. Пред една недела имав петинг со едно машко тој долу беше без облека а јас по фармерки гаќи и секојдневна влошка носев е сега ме интересира бидејќи тој беше гол меѓутоа долу ме триеше со прсти дали е можно да останам бремена бидејќи си го фајќаше неговиот пенис со раката и после ме триеше мене а сврши дури потоа во вц. Ве молам за одговор.
Како бе девојче? Треба да сврши во тебе за да останеш бремена... Едуцирајте се повеќе за секс ве молам
Ризично е ако во меѓувреме со истата рака го фаќал и носот, па те фаќал тебе... За секој случај, направи си тест.... никогаш не се знае...
Сама си го даде одговорот. Не пенетрирал во тебе и не свршил во тебе. Поразговарај со родител или матичен гинеколог, ако немаш- мислам дека е време да најдеш бидејќи веќе си почнала со такви активности и нема срам тука, прашуваш се' што те интересира за да нема нареден пат вакви паники.
Сперма која дошла во допир со воздух нема способност да оплоди... Значи за да останеш бремена мора да сврши во тебе.
Не знам дали е прашањево за тука,но ке си прашам.Имам 22 години и не сум била сексуално активна. Веќе 1-2 години,постојано имам вагинален исцедок (имам пробано секакви интимни гелови од најефтин до најскап,измивање со сода,јогурт пијам ,но залудно).Но последниве 8-9 дена имам зелен исцедок,кој има лоша миризба. Се мачкам со канестен,ама не помага.Препорака за некој поефикасен крем освен канестен,или нешто било што ефиксно . Не сум во можност да отидам на гинеколог ,уште 12дена нема да бидам во Македонија.
Може да е Gardnerella vaginalis... таа се јавува и кај секуално неактивни девојки... земај пробиотици... но сепак мора да посетиш гинеколог... може да е и нешто др нз...
Ама како ја закачила кога не е сексуално активна... и како ќе ги зема локално ? Мора перорално да ги зема... затоа нека си се консултира со стручно лице
Мора брисеви да направиш. Друго никој не може да ти каже, секако ако си во странство никој таму во аптека нема да ти даде да земеш нешто што мора лекар да ти го препише. Никој на форумов не може да ти каже за што точно се работи.
Ако има таков исцедок и смрди неподносливо на риба ,тогаш е сигурно bacterial vaginosis.Но тпа е сексуално пренослива болест.Но сепак оди на лекар,биди сигурна
Користете кондом и обавезно жената да оди на преглед на гинеколог. обично такви реакции се јавуваат доколку жената има некоја инфекција како кандида. Не е ништо страшно, 90% од жените е имаат инфекцијата, има медикации за справување. Друга причина може да е од многу секс или тесен вагинален отвор.