Верувам дека му значам и дека ме сака,сакам да ми биде тој оној првиот,ако ова не го сторам со него со друг уште потешко..таква сум јас малце комплицирана . Но има уште нешто што ме двоуми мајка ми како ли ќе реагира таа кога ќе дознае дека сум го направила тоа, блиска сум многу со неа разговараме на секакви теми, но кога ќе дојде до оваа, таа вели: рано ти е уште за тоа, има време, па само 20 години имаш,јас бев многу постара кога го направив тоа итн.
А зошто мора веднаш да и кажеш на мајка ти..........стрпи се малце.......почекај нека помине некое време па тогаш кажи и на неа.Направи го прво ти тој чекор па со тек на времето ке и кажеш и на мајка ти
Штом сте искрени една со друга не се плаши и отворено кажи и. Верувам дека ќе те сфати. Ти секогаш ќе бидеш малечка за неа Таа подоцна ја изгубила својата невиност бидејќи тогаш се почувствувала зрела, но ти си друга личност. Ако сметаш дека си подготвена и дека се е како што треба во твојата врска одобрување од никого не ти треба. Ќе свариш едно кафе ќе ја седнеш и ќе и кажеш: Мамо бидна Така направив јас, ќе видиш дека се ќе биде како што треба
Па нормално дека треба да разговараш, со мајкати околу тоа и пред да го направиш, и потруди се да и објасниш дека ова време и она кога таабила на твои години не е исто сега ние младите премногу, време посветуваме на својот интимен живот за разлика од порано и затоа сексуалноста е поизразена кај нас и потребата од самиот тој чин. Верувам ке се согласите со мене дека сексот е потреба исто како што е потреба да јадеме, пиеме вода итн. Обиди се на некој начин да и објасниш дека имаш таква потреба и дека е малку глупо, на 20 години да единствено сексуално задоволство ти е мастурбирањето, сето тоа е во ред ама сепак сексот си е секс а мастурбацијата е мастурбацијата. Како што има разлика од бакнеж (обичен) и лапање така има и разлика помеѓу мастурбирање и секс. И јас го имав тој проблем, со мајками мојот беше уште подрастичен кога ме фати, еднаш како мастурбирам беше толку лута што се чувствував како да сум направила, којзнае какво криминално дело. Ок можеби таква беше нејзината реакција затоа што бев релативно млада кога ме фати, дека мастурбирам имав 15 години и мислеше дека прерано ке влезам, во сексуален однос. Но кога си дојде редот кога посакав, да го направам тоа седнав и и објаснив дека како што она има потреба да го прави тоа со таткоми исто така и јас имам таква потреба и дека тоа ке го направам. доколку не и кажеш а велиш, дека сте многу блиски ке чувствуваш потоа вина и грижа на совест затоа што не си и кажала, т.е затоа што си направила нешто скришно ако и кажеш може во прв момент нема да наидеш на одобрување, ама верувајми дека за брзо време ке свати и ке имаш нејзин благослов и ке можеш тоа да го направиш, и да уживаш во тој чин знаејки дека ништо не криеш од оној што ти е најблизок, а се разбира кој може да ти биде поблизок од твојата мајка.
Е како да не сега ќе седнам со мајка ми и ќе и кажамслушај мамо јас сега у петок ќе го направам тоа со дечко ми....е тек тогаш верувај дека ќе се опушти,знаејки дека мајка и знае што прави во моментот.Јас не сум за тоа дека треба на мајките да им се кажува буквално се.Мамо овој ме баци,овој ме фати за г*з и слично.Во ред блиска е со мајка и и мајка и ќе знае дека таа е со дечкото во сериозна врска и дека нормално следи тоа.Ако сака да си праша за некој совет нека си ја праша мајка и ама до толку да и кажувам на мајка ми ми е некако без врска.
Па зошто да не и каже секако ние девојките имаме потреба, тие работи да ги споделиме со некого наместо на некоја другарка да и се доверуваме за разни работи, па таа утре кога ке се налути да не трачари низ маало зошто тоа да не го довериме на особа која никогаш нема да не изневери и секогаш ке биде на наша страна. И што има лошо ако к3ерка и се повери на мајка во врска со сексуалниот живот и обратно.
Може некој/а да ми помогне и да ми каже како во аптека да го побарам апчето за "ден потоа" ? Мислам, под кое име да го барам ? Ве молам одговорете ми побрзо.
сања, индивидуално си е тоа. Неможеш на некој да му всадуваш што и како да прави. Некој си е близок со мајка си, некој не сака таа да знае се и сешто. Плус има мајки се потресуваат за такви работи.
Мајка ми е кул, многу современа и релативно млада, за разлика од други мајки на моите другарки. Знае да советува и знае да чува тајни. Ретко нешто може да ја тресне од земја. И погодете што? НИКОГАШ, ама никогаш не сум поделила една единствена работа од мојот сексуален живот со неа. Толку ми е неприродно, глупаво, просто како започнувате разговор на таа тема со вашите мајки, алал нека ви е. Категорично НЕ за ова. Затоа се другарките / сестрите / братучетките итн. Конкретно за проблемот antonela90 ако се чувствуваш подготвена и со оглед на фактот дека имаш 20 години, навистина не гледам што би те спречило, а овој изговор - Како ќе реагира мајка ти е сосем излишен. Мислам дека намерно го потенцираш и веројатно не си подготвена како што мислиш, а единствениот аргумент е ова. Девојката која е целосно подготвена и зрела за сексуален однос, нема да ја сопре апсолутно ништо. Мое мислење. И не сфаќам зошто би се плашела од реакцијата на мајка ти, добро вие буквално се' си кажувате? И не сфаќам зошто крај краева би требало да знае? Чиј живот водиш ти - свој или нејзин? Значи многу мразам такви радознали мајки кои се впикуваат во животите на децата по секоја цена, и таму кај што не им е местото со изговорот - Јас сум ти мајка, знам се' и ти мислам најдобро. Баш убаво, јас вчера свршив 4 пати мила мамо, што ли значи тоа? (разговор додека го пиеме утринското кафе)... Свашта.
со мојата мајка сум во добри односи да не речам,ама ќе речам како најдобри пријателки,значи разговараме за се но не се искажуваме за интимни работи,кој што правел,таа ми е мајка и ми мисли добро но што ми треба она мене да ми каже како и што да правам,кога таа замисли го имала своето прво сексуално искуство пред 20 години а јас сега,каде размисувањата се сосема други.за конкретниов случај,не би требало да се искажуваш многу,затоа што еден ден се ќе ти плеснат во лице. за некои работи треба да си бидеш самата ти одлучна(а не вака да се двоумиш-ова е знак на несигурност). проблемите и прашањата можеш да ги решиш со твоја сестра,братучеда па и најдобра ама стварно најдобра другарка,а не вака со мајки,баби,вујни и цела фамилија.
Абе дечки,мината менструација ако помнете ви пишав дека не ми доаѓа никако само мноооогу кафен секрет ми тече..Епа зборот ми беше дека минатиот месец не добив,само кафено имаше...Сега ми каснеше една-две недели и повторно почна да ми тече кафен секрет и тоа во изобилство.Два месеци не сум добила вистинска менструација,само кафено... Што може да ми е?
Багуфче , доколку имаш стресови нервози и настинка , можно е да дошло до едно згрутчување ( не го памтам изразот како беше ама имав такво) во јајниците кое ја спречува крвта да излезе. Крвта се мачи да ги напушти јајниците и да добиеш ама не може спречена е од згрутчувањето па затоа ти тече само кафеав секрет во периодот кога треба да имаш добиено. Еве вака мене доктор ми го објасни. Е сега најпрво пробај да се смириш и види дали ке добиеш а ако не оди на гинеколог и ке ти направат ехо и ке ти дадат соодветна терапија.
Багуфче сигурно си нервозна или настината. Пробај стави шише со топла вода на половината и на стомакот или пак крпи со ракија да ти се стопли местото. Ако не оди на лекар.
девојчиња дали првиот пат кога ќе дојде моментот за кинење потребно е да биди со кондом или без?? од кога ќе се скини да се стави кондомот? фала однапред