Многу нежен тој твојот, ама чисто сумњам од спермата да е. Поверојатно е да јадел нешто што не му одговара
До пред 2 месеци имав секс со партнер кој што ми беше прв, меѓутоа имаше помал и потенок пенис. Последниве 2 дена почнав да имам секс со друг на кој што му е премногу дебел, по 10 мин се мачи да го стави цел, умирам од болки. И денес исто така, меѓутоа и во самиот секс ме болеше ептен. Не бев сува, баш напротив ептен бев влажна, а болка осеќав кога ќе го бутнеше подлабоко. Си одам дома, гледам на гаќите крв, некако со измешана боја, розево - кафеавкаста. Доле уште ме боли премногу, и кога одам и кога седам. Ми требаат мислења, преплашена сум. Можно ли е да се работи за некаква повреда (со оглед на тоа што сум скината) или нешто друго е во прашање? 300 мисли во глава ми се вртат.
Вагината е мускул кој се стега и опушта. Мораш да се научиш да се опуштиш за време на сексот. Инаку следен пат кога ќе имате односи, ќе почнете со поолга предигра и ечкото нека влегува внате малку по малко. Значи еден сантиметар, пауза, уште еден, повторно пауза, итн.
Пробајте со лубрикант, би требало да влегува полесно. И не се грижи не е до тебе, секоја вагина е различна. Некои се потесни и има проблем додека да се пенетрира, пробај да бидеш опуштена и подолг петинг у комбинација со лубрикант мислам ќе немаш болки.
На гинеколог не можеш да одиш? Или сега со ситуацијава јави се по телефон, прашај. Има состојби кои предизвикуваат крварење како што се инфекции, кламидија, има состојби што предизвикуваат крварење заради најобична причина како пукнато капиларче.
Не е ништо страшно. Ќе ти заздрави, како изгребано колено. Само немој да имаш секс, барем една недела. И нека не ти го става цел друг пат. Знаеш и сама дека не е во ред да те боли пенетрацијата. Ќе си најдете друг начин да сте интимни.
Мене лично ме има болено ама пред да имам немав подолг период и после ми се јави болка во долниот дел од стомакот. Прво се плашев да одам на гинеколог си мислев кујзне шо ми е внатре направено...триста филмови Отидов и на ехо и на брис се е во ред. Едноставно има некои што ги боли стомак после секс особено ако немале подолг период или половиот орган на дечкото е доста пообемен и имаш болни односи и секако и до дечкото е дали разбира или е токмак па само да го бутне некако.
Ако е во овулација или пред менструација ќе ја боли и без секс бидејќи болката нема врска со сексот туку со овулацијата или менструацијата. Не навлегувам во тоа дали причината е сериозна или не. Сексот не треба да е болен, секогаш има причина доколку е болен, и не, не е нормално.
Девојката кажа после секс, а не за време на секс. Се разбира дека нешто не е во ред доколку има болка за време на сексот. А мене, лично, кога сум во овулација, а дента предходно сум имала односи, имам малку појака болка од обично и самиот гинеколог ми го кажа тоа дека е нормално доколлку има болка после секс за време на овулација или пред менстуација.
Значи болка после секс може да значи многу работи.Тебе те проверил твојот гинеколог и ти кажал дека си скрос ок? И таа треба да појде и да се провери. Никој доктор нема да ти каже нормално е без преглед. Многу самоуверено одговарате на прашања за болки. Секоја болка се проверува.
Пак јас Ми помина болката, сум немала секс неколку дена, меѓутоа пред малку кога бев во вц забележав многу светла и ретка крв. Од памет се извадив. Болки немам, еве веќе 2-3 дена се си беше нормално и оп наеднаш ова. Според гугл испаѓа бремена дека сум, иако 99% сум сигурна дека не сум, со кондом беше, ама пак паника ме фаќа. На гинеколог не сум била никогаш, па така не знам кај да се јавам, а со ситуацијава се знае дека не можам да одам. Можеби некој знае од што би можело да биде?
Дали си во период на овулација? Ако да, нормално е. Или можеби си мастурбирала, па ако се направила раничка од сексот и сега си ја разранила пак?
Да, во период на овулација сум. Ама никогаш досега не ми се случило во овулација да прокрварам, плус си го поврзав ова со случката од пред некој ден и паника ме фати.