Е за ова и ќотек ќе ти дам! Како бе имате секс, а не одите на гинеколог??? У ствари, и да немаш секс, мораш контроли да правиш. Немојте во 21 век да се учиме на комон сенс! И не се паничи! Ништо не ти е. И да си бремена, не можеш да знаеш 5 дена после однос. После ќе мислиш, не сега.
Здраво девојки ми треба ваше мислење. Бев на гинеколог пред 3-4 месеци и правев пап тест и ми е дијагностицирана трихомонијаза. Пред резултатите ми дадоа да користам Полигинакс, а по тестовите ми препишаа Флажил. По се ова мојот вагинален исцедок исчезна, но бидејќи после имав односи и повторно се појави тој исцедок. Да напоменам во меѓувреме и мојот дечко требаше да испие 3 таблети Сумамед меѓутоа не ги испи. Дали би било штетно долоку земам повторно полигинакс ? И дали знаете некои други вагиналети кои се на природна база, а би помогнале при вагинален исцедок?
А, зошто тој не ги пие? Само ти ќе си пиеш апчиња? Или он јакиот фраер, ништо не му е него демек, што ќе пие. Значи, мора истовремено да си пиете тоа што ви препишале, иначе цело време ќе си ја пренесувате еден на друг. Џабе ќе пиеш ти пак лекови, се дур имате односи, а он не пие лекови...
И дечко ти треба да прима терапија. И односите да ви бидат со заштита. Се додека он бега од одговорност, џабе ти се вагиналети.
Здраво, прашањево го поставив на уште една тема, се надевам не се коси со некои правила на форумов. Веќе година време имам надворешно чешање, околу клиторисот. Буквално само таму каде што се тријам од гаќите при одење (извинете на изразов, не знам како поубаво да објанам). Прво мачкав канестен, белогент, па поминуваше на неколку дена и после пак исто. Чим добијам менструација е смрт за мене - од влошките се иритирам уште повеќе. Пробав со различни влошки, има некои што го ублажуваат ова но пак се иритирам. Бев на гинеколог, првично праев пап тест и тоа во систина го пративме. Покажа само кокоидни бактерии. Ок, лечевме тоа и јас и партнерот. Ништо. Отидов и праев микробиолошки брисеви, сите испаднаа ок. Гинекологот ми вика миј се со сода. Почнав да користам бекутан течен прашок, и од ова значително ми се намали иритацијата. Дали е можно да сум алергична на детергент/омекшувач? Сега со коронава не можам да излезам да си земам детски прашок, и одма пак почна со иритација. Имам теорија дека можда од многу мачкање белогент ептен нежна се имам направено таму доле. Совети, искуства? Ви благодарам! Edit: Немам непријатен мирис, чат пат имам бел исцедок.
Да, имам размисувано за ова, најверојатно така и ќе биде. Но проблем е што не е само за време на циклус.
би ти пропорачала извесен период одека не се смири, користи само памучна долна облека, никаков омекнувач, или ако можеш пери на рака со обичен сапун. Не ставај белогент и слични креми само обична крема, како на пример Нивеа крем. Исто така лето доаѓа, и сега сме во акрантин, размисли и без долна облека за да видиш дали навистина е од тоа.
Да, планирам ништо да не мачкам, да издржам сега додека седам дома. За рачно миење, би пробала и тоа. Не знам само со каков сапун. Dove би можело?
Не, не, Дове е за на кожа, зборам за сапун како овој Castile soap, направен од растителни масла и без додадени и непотребни работи. Исто запобрави на детергенти и препарати за него на кожа со мирис. Повеќе инфо: https://www.hellonaturalliving.com/difference-between-castile-soaps-and-other-liquid-soaps/
Да не се миеш со сапун или нешто на интима? Престани со тоа ако е така. Се нарушува ph вредноста на вагината.
Здраво, менструацијата ми заврши на 09.03, се нормално беше. На 19.03 почна да ми тече кафеав исцедок, помислив во овулација сум ќе ми престане, но денеска веќе 5ти ден уште имам, носам секојдневна имам на неа а и кога се бришам исто имам на тоалетната хартија. И се има случено на некоја, од што би можело да е? Да напоменам во ноември имав спонтан абортус, имав киретжа, не можам да појдам на гинеколог бидејќи не работат сега поради корона вирусот.
Mene da ...nz dali bese do antibiotikot no toa sekogas mi se slucuva koga pijam antibiotik. Sepak ne bile mn denovi 3-4 dena