Zdravo decki, imam eden problem, vlazna sum 24/7, mokra kako vodopad i edvaj svrsuvam, probav so prsti vnatre ama ne biduva, sovet nekoj?
Затоа што нема одговори одамна во темата болка на јајници пишувам овде и молам за мислење.Од утрово ме боли стомакот од десната страна само и до пред малку тоа беа силни болки а сега имам и вртоглавици,денес ми е 7ми ден од менструација,често сум боса што значи може да е настинка но сакам да слушнам искуства и мислења
И јас знам така да имам болки во јајниците..малку да се прехладам и одма болки ми се јавуваат. Иначе и јас еве ми заврши менструација 7ти ден и мене ме боли десниот јајник ама од прехлада ми е а и кај и да е ќе влезам во овулација. Тоа вртоглавицата може од страв да ти е предизвикана ако постојано мислиш, не се секирај ќе ти помине, стави шише со топла вода и држи го. Напи се аналгетик ако неможеш да издржиш еврнтуално ако те боли премногу, и направи си рутинска контрола на гинеколог за у случај цисти да не имаш.
Фала ти @Elf , ќе видам како ќе ми е до утре инаку цел ден чувам топли облоги и се напив Налгесин С ама болката само малку се намали.
Ако си во можност појди си на гинеколог за секој случај... Ама да знаеш од настинка ,а поготово чим боса си одела многу можат да болат, дури неподносливо...знам како е.
Никогаш не сум имала проблем со циклусот, дури ми била точна до ден, сега претходниот месец добив на 19 дена ( а добивам на 28 ) и сега ми касни 6 дена плус чувствувам мала болка кај десниот јајник. Нервозна сум, не знам од што ми е вака, ваше мислење?
Девојки што би можело да биде тоа што имам болки при односи? а до пред скоро време ги немав.. секако ќе одам на гинеколог.. ако има некоја искуство да ме советува
Се сомневам на кандида бидејќи ме чеша, мачкав канестен ама не помага.. се надевам кога ќе одам на гинеколог ќе ми препише некои вагиналетки или било што да не е кремата бидејќи не помагаа Ама ова од претходно ме чеша а не ме болеше
Од искуство исто вака што ми беше, на гинеколог ми направија ехо и ми кажаа дека ми се преладени јајниците. Додека да идеш на преглед земи си чај од брусница и пиј еднаш-два пати на ден.
Исто така порано имав многу проблем со бешиката и ми препорачаа да пијам чај од брусница или камилица. Фала за советот
Извинете за незгодново прашање. Имам 22 години и да напоменам ( не сум била сексуално активна). Депилирајки се забележав дека на вагината, на делот помеѓу анусот и усните имам како две мевца ( од двете страни, како кожа) . Дали е нормално или нешто со мене не е во ред ? Премногу сум уплашена.
Значи дека треба да одиш на гинеколог бидејќи ние тука не можеме да видеме што е. Гинекологот ќе ти каже дали е или не е во ред Нема што да се плашиш.
Чим не се усни не треба тоа да го имаш...иако не сме ние тука стручни да ти кажуваме ..закажи си на гинеколог и провери се.