Многу е важно спб, а често се игнорира. Има и девојки и момчиња што се впуштаат во сексулани односи без притоа да знаат што е спб, како се пренесуваат и дали партнерот има воопшто спб. Никој не рече дека постојано треба да имаат односи со кондом заради спб, ама додека не се сигурни во однос на тоа прашање, треба да користат. Зашто познавам девојче што се срамеше да го праша партнерот за спб и потоа имаше кламидија.
Демек ако го прашаш, ќе ти признае некој дека има кламидија плус машките често немаат симптоми па не ни знаат.
Хахах, брисче од уретра ќе рече батали и секс и се Па ќе му кажеме дека може и од крв , па ќе се реваншира и тој ќе бара пап и брис Јој, најлесно кондом, и волкот сит и овците скоро на број...
Тоа и го зборувам најлесно е кондом и крај. Зошто да си ја трескаме главата кога има начин за заштита? Не е срамота да се праша и да се посети уролог или гинеколог. Ја зедов пример познаничката, зошто се смееше, "како не ќе фатам спб, чист е мојов", а потоа...
Забележав мало топче веднаш до отворот на вагината. Што би можело да биде? Некој ако има искуство да сподели.
Не знаев каде да пишам конкретно за мојов случај ама мислам дека тука е најсоодветна тема па да почнам: Се гледав со дечко кој у старт ми се претстави како многу сериозен дечко заинтересиран за мене( барем така се претставуваше). Ја играв со картата прво да се запознаам па да одлучам што ќе биде. Искачавме, се запознавме подобро мене ми стана јасно се после толку притискање за секс дека не е таква работата како што зборува симнување ѕвезди признавање чувства кон мене. Покрај тоа што имаше обострана сексуална привлечност, не сум чуствувала потреба да ги раширам ноѕете само поради хемијата и дека не мора да правам нешто зашо тоа беше автоматски идење против мене зашо ја сватив шо си мисли он.Му кажав не сакам зашо мислам дека нема искрени намери се повлеков не искачав више, веќе беа поминати 6 месеци си викам не иде што не иде ова. Али дечкото не се откажа. Ризик јак, мила душа и да погинеш колку ќе можеш ќе се спасеш, отворих си душата и срцето. И тек тогаш почнаа турбуленции игнорирање избегавање од негова страна, какви ненормални шетаат по светов. Дали може некој да биде толку камен од човек ова да го напраи ја сваќам дека вината е и у мене, али човече за еден секс ова ли се праи, глупа некоја да бев ќе разберев да те шитне за една вечер.
Зошто мислиш дека во тебе е вината? Ако си била со намера за сериозна врска, овој е баш спротивното, како што кажуваш...
Јас од делот кога тој не се откажал натаму не разбирам ништо. Сте имале секс и те откачил па се чувствуваш виновно или криво ти е што си мислела дека е поинаков? Инаку може и подолго од 6 месеци некој да биде упорен само за тоа, зависи до човекот.
Како што ја разбрав немале секс, туку сфатила дека е упорен само за тоа, дека нема романтични чувства за неа и на некој начин е разочарана од неговото однесување.
Ако е така, тој од почеток си кажал што сака. Ако не ти одговара, најдобро игнорирај и не си поставувај прашања.
Виновна се чувтвувам зашто идев против себе се ми беше јасно. Покрај тоа што отворено му кажав дека ги разбирам неговите постапки упорно ме убедуваше дека не е така, дојде се запозна со моите до толку стигна работата.
Тактиката топло- ладно е масовно користена од секогаш. Не напиша колку години имате, ама како зреат луге, се помалку ја користат. Ништо не си згрешила, ниту си глупа, ниту тој е глуп, двата си имате агенди кои не се поклопуваат. Ако си се заљубила, ќе помине. Ке сретнеш некој покомпатибилен.
Ми ги измеша сите работи а убаво сум сфатила, шшш!! Не се обвинувај, сигурно во тој момент си имала надеж дека ќе биде поинаку и ќе биде посериозен бидејќи се запознал и со твоите. Дечкото е клошар и не ти треба таков.