Тешко е, ама стварно не ти треба личност која се грижи само за своите потреби. Не се труди за него веќе, ќе запознаеш некој што ќе те цени и нема да си поставуваш вакви прашања.
Сосем нормално и природно си постапила. Не го доживувај сексот како нешто што машкото го " зема" а жената го " дава" . Треба и двата да пружаат и добиваат. Ништо не си изгубила, освен довербата во него. Не е тој тука некаков "даса" или јак тип. Или глумел од старт или не глумел а после се премислил ради негова некоја причина. Не си прави проблем голем од ова, една животна приказна е. За 10 години ќе ти биде неверојатно дека си се нервирала заради него.
Прво ти немаш никаква вина во случајов, единствената вина е кај него.Затоа не се обвинувај. Друго нека не ти биде криво што си го направила тоа сега, сепак си имала 24, не ко некои тинејџери по 14години. Периодов излегувај со другарки, шетај и одмори ја главата.Така ќе се смириш и ќе ти биде полесно.Ќе видиш дека со тек на време ќе заборавиш на него.
Леле до тој степен ли одат за да добијат да го брцнат тууу боже свашта.... @Hyggelover апсолутно не си виновна и воопшто да не се обвинуваш и оптеретуваш. Си постапила како нормално здраво човечко суштество, а тој што бил нездрав со искривена перцепција тоа е др ствар...не е до тебе. Се случило што се случило гледај го како искуство за личен развој...не си ни прва ,а ни последна што имала вакво искуство со вакви медузи тоа е. Различни луѓе има и подоготвени се да одат до некои граници кои на нас не ни се верни. Ќе помине, не ти е сеедно ама не се обвинувај ќе сфатиш понатаму.
@Hyggelover колку што те сфатив, твојата интуиција била против секс со него од првиот момент.... Мој совет е да не се разочаруваш и да не ти паѓа самодовербата на некој начин, едноставно такви личности постоеле и ќе постојат, без оглед на годините. Немој да се каеш никогаш за ништо, учиме цел живот сите....ама каењето е најниска форма за учење од сопствените грешки... иии 80% женската интуиција, никогаш не греши. Но, тоа не значи дека не треба да дадеш шанса и да го докажеш спротивното мислење. Терај си во животот....било и поминало.
Фала на сите за разбирањето Само уште нешто да дополнам да ми излезе од душава, сите изговори од дечкото: сакал забава, а јас не сум била доволно гејша според него, неговата мајка му викала да не се гледа со мене, парите не му стигале за да биде со мене сакал бољи живот, се нешто му фалеше, тоа се тие изговори женски
Леле.... тој си има некој проблем, а тебе не ти требаат пациенти во животот Крени глава и уживај во животот
Јас се извинувам што се убацувам во дискусијава ама морав да прашам: што побогу значи не си била доволно гејша? Дечкото сака девојка или сака порно ѕвезда? И ако нема пари како што вика, таква нема да си најде, кажи му дека гејша наплаќа за услугите У пм какви лудаци има еј, и тоа 24 год алоо, луѓе има во брак и со деца на таа возраст, тој гејша сакал. Е се сум чула ама вакво нешто не И искрено девојче, подобро за тебе што од старт си сфатила каков и ова не преминало во подолга врска, зашто ќе имаше многу повеќе проблеми понатаму со ваков човек.
У смисла доволно забавна, па што треба јас телово да си го продавам? Мислам се тоа се изговори кога некој не сака, ама те е*е во здрав мозок.
Дали те боли при допир,и дали се зголемува ? Ако е одма до отворот можно е да е бартолиниева жлезда,инаку може од поткожно влакно да искочи такво болно топче,може само да помине,а ако е со гној и ако не поминува може ќе треба да се исече капсулата,тоа на гинеколог. Следи го ако се зголемува закажи си на гинеколог да го види.
Ако е како мал израсток можно е да е кондилом. Ама ако е поткожно топчето тогаш пишав може да е бартолинитис.
Здраво, имам 20 години, добив прв пат на 10 години и имав редовни менструации 5-6 години од 28-32 дена циклус, не многу обилни со траење 4-5 дена. Сексуално активна сум скоро 2 години (година и 10 месеци поточно) со ист партнер со кој после 3-4 месеци од првиот однос престанавме да користиме заштита (го следев циклусот веќе 8 години и знаев кога отприлика ми се плодни денови и овулација и тогаш користевме кондом). Fast forward, една година покасно- имав менструации со каснење по некој ден значи на околу 30-35 дена добивав, и така една година. Во меѓувреме почнавме да користиме кондоми пак зошто веќе премногу ми варираше циклусот за да можам да знам кога е точно овулација. Добив на 25 Декември 2019 и имав многу обилна менструација што за мене беше нетипично. Од тогаш не добив се до 23 Март 2020. Во меѓувреме имав нередовен секс со заштита, ама сепак направив два теста 2 недели разлика и двата негативни- ден после вториот тест добив и имав регуларна менструација од 5 дена и средно обилна. Следно добив на 1ви Мај и од тогаш до денес сеуште крварам. Од почетокот до пред некој ден имав само по малку, една капка или само на хартија, но од пред 3 дена почна малку пообилно. Не сум била на гинеколог никогаш иако знам дека треба, ама таква сум многу многу не сакам доктори (иако средно мед. сестра завршив, и сега на факс сум општа медицина ), а и ради ситуацијава не ми се идеше по болници. Но, веќе е крајно да се оди. Па, моето прашање е дали некоја била во слична ситуација? Како оди процедурата на гинеколог кога имаш добиено, дали те прегледува со спекулум, како иде се тоа? Што ви препишаа? Друго прашање ми е дали може од јавна болница да ти е матичен гинеколог? Пошто таа што сакам да одам е на гинекологија во болница или секогаш ќе мора со упат од метичен?
Најверојатно имаш некаков хормонален дисбаланс. Ми се има случено а имам кафеав или розеник исцедок подолго време (20+ дена), и потоа доаѓа најнормално и тоа во стресен период. После некое време ми се нормализираше комплетно. Но сепак се тоа е инивидуално е околку не си била на гинеколог предхоно, а читам веќе си на факултет и те како треба да одиш, не е воопшто страшно и плус со тек на време се опушташ и ќе согледаш дека воопшто не е чудно или срамно. Треба да имаш матичен гинеколог, кај кој може да одиш без препорака од матичен општ лекар.
Сакаш да кажеш не доби 3 месеци и пошо не е бременост не се испозамара? Одиш кај кого сакаш и ќе кажеш дека сакаш да ти биде матичен гинеколог. Вагинално ехо, пап тест и брисеви можат да ти земат. Ништо не боли. Препорачливо е еднаш годишно да се оди на гинеколог на редовен преглед. Уште во вторник јави се некаде и закажи. Не играј си со здравјето.
Да, не добив 3 месеци ама не е дека не се „испозамарав“, верувај само на тоа мислам, што не е во ред со мене. Не мора одма со такви коментари, не знаеш луѓето во каква ситуација се. Веќе напишав дека знам дека до сега требаше да одам и криво ми е што не сум отишла на време за да немам вакви проблеми. Веќе и напишав погоре дека ќе одам, ете одма ќе се јавам во вторник. Инаку како што напишав, медицинско лице сум и знам како оди преглед и колку често треба да се оди, но, прашањето не ми беше за нормален контролен преглед. Туку дали има разлика и што прават различно за некој во моја ситуација. Пошто ете на пример за пап тестот може да влијае крвта во примерокот што го земаат и да даде неточни резултати. Во некои литератури се препорачува да прекине крварењето, па потоа да се прави пап. Дали сепак го прават кај нас иако има крв или прво се третира да се запре крварењето? Тие што ги наброја се само регуларни тестови што се прават на редовен преглед, но дали во ваква ситуација како мојава има и други испитувања, пример испитувања на крв за хормони или други?
Да може и тоа, ама девојката не опиша поточно дали поткожно или надворешен израсток.. Девојко можеби имаш хормонални проблеми, мораш на гинеколог иако не сакаш да одиш, ама мораш. Секоја девојка патем некогаш оди, како тоа не сум по тие работи. Мораш да си испиташ, вака на нагодување нема да се знае..
@ParadisePink уште утре да посетиш гинеколог, ако не си бремена не значи дека треба така да си седиш мора да се грижиме за здравјето и минимум 3 пати годишно да одиме на гинеколог. Самата кажа дека учиш медицина и сигурно знаеш нешто повеќе од нас и тоа треба да те потикне да идеш на гинеколог. Можеби имаш цисти, хормонално пореметување....утре сабајле обавезно! На добиено,нема вагинално ехо...би требало само ехо на стомак да ти направи. Матичен гинеколог можеш да си одбереш од поликлините, а од државна клиника колку што знам не може.