За 4-5 дена треба да добијам. Последниве два дена нонстоп плачам,а синоќа со плачење заспав не знам дали ми е од тоа а предходните денови супер бев расположена Се ми е тапа некако,на многу работи наеднаш ми текна и се си поврзав
Не ме боли на допир ја не ни знаев дека го имам не го ни осеќав се додека случајно не видов на огледало надворшен израсток веднаш до отворот. Инаку прогуглав за кондилом ама не е такво како на сликите што ги видов
Сигурно ти е од хормоните, и кај мене се случува исто, и тоа секој месец различни симптоми на пмс - или плачам или се ме нервира или имам вишок енергија или ми се јаде благо невидено многу жена да не си Пробај да си ги окупираш мислите со нешто весело, гледај комедии или читај некоја оптимистична книга или прави полабави муабети со луѓе (не знам колку излегуваш со полицискиов час, ама можеш да комуницираш повеќе преку соц мрежи, за да ти се оттргнат мислите). И само почекај да ти помине, нема друг лек...
Не треба да го гледаш како комплекс, ниту како нешто поразлично од тоа ако не си невина. Затоа што не менува воопшто ништо дали си, или не си. Ти ја доживуваш како уште една психичка бариера и треба најбрзо што може да ја тргнеш од глава. Смени ја перцепцијата. Поработи на својата самодоверба(ова е клучно) и не го гледај како лоша страна. Стварно, нема потреба. Гледај го на начин дека сеуште не си наишла на личноста со која можеш да преминеш на такво интимно ниво, и дека кога истата ќе се појави во твојот живот, ќе го промениш тоа.
Види сега знам дека ќе ме искритикивате но живееме во општество каде туѓото мислење може многу да ти делува на психата. Кога сите зборуваат од твоето друштво за сексот и ти налагаат дека на 20 веќе треба да си сексуално активен те прави да се чувствуваш дека можеби е доцна и многу пропушташ во животот. А второ веќе кога и да излезам со некое машко кога и да му кажам дека сум невина веднаш го снемува. И сето тоа ви прави комплекс на нижа вредност а воедно и постојани мисли дека никогаш нема да најдете партнер.
Ако го снемува мила, не ти треба. Ама стварно. Тој кој ти треба, нема да му е гајле дали си или не си. И ќе ти дојде природно и ќе ти биде прекрасно. hold on. А и исто не мораш да го потенцираш тоа, воопшто. Кога ќе се случи ќе дознае
Општо во машки круг на правење муабет, мислам дека е гордост и билдање на его ако си бил прв некому. Инаку, што се однесува до тебе, нека не те тангираат мислењата на другите, ако ти не се чувствуваш спреман или сеуште не си ја пронашла вистинската и компактибилна личност.
Да тоа е и главната причина поради која сум сеуште невина, едноставно не може секој да ти е сексуално привлечен. Океј е излегувам со момци , убаво ми е интересно ми е но не можам да се опуштам никогаш целосно. Ниту сум повлечена девојка, ниту сум некоја недостижна едноставно не сум сеуште почувствувала дека со некок можам да го направам тоа. И секој ден се повеќе ме плаши фактот дека можеби никогаш нема да ја пронајдам таа личност
Relax, се ќе си дојде на свое место.. Поработи на самодовербата да, и исто пробај проанализирај што чувтвуваш кога се бакнуваш со некој, дали воошто чувствуваш привлечност кон обратниот пол. just saying. Не се критикувај себе - запознај се себе, прифати се себе.
Во едно нешто што сум сигурна е дека не сум хомо, се знам себе си јас имам сексуална привлечност кон машките едноставно со никој не сум чувствувала доволна близина за да го направам тоа. Не знам како да објаснам , понекогаш страстите се преголеми но секогаш нешто ме спречувало. Едноставно до сега не сум пронашла човек на кого ќе можам целосно да му верувам и да му се предадам. Со некои имам доверба, разговор ,нежности, доза сриозност но не и огромна сексуална привлечност, додека пак со други сум била толку мнпгу напалена но фактот дека се несериозни и fuckboys ми бил пречка. Се надевам сега го разбравте мојот проблем
Доколку си во можност појди на психолог.. ова горекажаново ми навестува малку елементи на траума, слаба самодоверба, и можда по некој комплекс. Или чекај да помине, да ти се променат гледиштата, да почуствуваш потреба, или пак поработи сама на себе.. **а и да си хомо, хомо е супер океј.. )
Можам само да ти кажам да не се брзаш, кога ќе се чувствуваш сигурно-тогаш ќе го направиш. И нема врска на колку години, ич не се замарај што ти викаат дека требало досега да имаш, твој живот е
Ваљда мислат дека лажеш. Тој моабет го прават доста женски, а не се искрени. Не верувам дека бегаат од тебе пошто си "неискусна", на повеќето машки (на таа возраст) битно им е само секс. Можеби дека тоа ти е јасно, па не ти дава да се опуштиш. Искрено, лично ми е глупо да го правам тој моабет колку сум имал до сега, колку биле озбилни. Секад пробувам да сменам тема. But that's just me.
Ви благодарам на сите за утехата, и да тоа е главниот проблем , свесна сум дека на повеќето им е само за секс и едноставно тоа ми е пречка да се опуштам. Жално е што малкумина размислуваат како тебе и првото прашање на дејт им е со колку си била , дали си активна и целта им е да те однесат во кревет. Јас разбирам дека секој има потреба од секс , но преголемото избрзување на работите кај мене резултира со губење на интересот спрема таа личност. Малку ме разочара коментарот на една феминка која ми кажа да поразговарам со психолог за овој проблем, почувствував дека проблемот е само во мене, но јас верувам дека многу девојчиња се биле на мое место, односно првиот секс го замислувале со некоја личност која е вредна за тоа и со која ќе имаш изградено и емотивна врска, а не со некој што само ќе гледа да те легне и утре ќе го снема.