Баш и тоа што се откажуваат од тебе ти оди во прилог да ја најдеш правата личност со која ќе го имаш првиот пат, а не само со личност која од тебе бара секс. Иако, сексот е исто така дел од една врска и најчесто (со мали исклучоци) сите го преферираат да го имаат со својот партнер. Некои преферираат побрзо, некои пак знаат да се пострпливи и да почекаат. Но, eventually на крај е составен дел на една врска и сите го очекуваат. Само треба да најдеш личност со која очекувањата ви се поклопуваат.
@Режисерот зошто на 20год се оптеретуваш со тоа. Сексот не е се во животот и тоа ќе го искусиш порано или подоцна. И годините немаат врска. Првин треба ти да бидиш спремна, ти кога ќе сакаш, со личност во која ќе имаш доверба. И не треба никој да ти налага, ни ти да слушаш кога треба да бидиш сексуално активенa, ти кога ќе бидеш сексуално активна ќе бидиш лично за себе, не за друштвoто. И зошто кога излегуваш со некое машко му кажуваш одма дека си невина ? Тоа се кажува кога веќе си со некој со врска, ако планираш да го направиш тоа, за да знае тој да не те брза, како да се однесува. Инаку твојата интимност е само твоја, дали имаш 1,5 или не си имала односи. Кога ќе се појави таква личност, одма ќе знаеш, дека тоа е тоа. До тогаш немој да се замараш ама ич, уживај си во животот, во тоа шо те исполнува. И тие шо избегале ти направиле услуга, со тоа само ти кажале дека со тебе само секс сакале.
Точно така интимноста и моја работа, проблемот е кога ќе почнам да излегувам со некој , се гледаме некое време и тој почнува да ме претиска и нормално е да дадеш образложение зошто не сакаш веднаш. Секако дека јас не одам на дејт со реченицата Еј здраво, сам сум Режисерот, мило ми е инаку невина сум . Туку едноставно некогаш некој ќе те претисне и му кажувам дека тоа би го направила со некој што ќе бидам во сериозна врска. И се повеќе и повеќе машките бегаат од сериозни врски и обврзување, на 24-25 години сеуште се плашат да се приврзат со некој... но да во право си со тоа само ми прават услуга , секако ќе се најде некој кој размислува малку поинаку од општеството и кој ќе може да ме разбере.
Искрено, да бидеме реални во 90% од случаите дејтовите се "форумилирани" и се веќе видено. Идеш на кафе, правиш глуп моабет, идеш у парк (или школски ако сте од маало), you have the first kiss и после почнуваат моабетиве ти што ги кажа. Да во право си, секогаш кога се форсира некоја врска здосадува брзо. И често може да се залажат луѓето дека се заљубени, а тоа всушност е lust. Многу паметно речено. Самите fuckboys ти прават услуга да си ги филтрираш уште од сам старт. Да знаеш дека често и женските знаат да го почнат тој муабет. Онака рандом, пиете пиво у парк и ти вика "Абе, а со колку си имал секс до сега?". Обично пробувам да ја одбегнам темата или давам некој генеричен одговор од типот "You don't wanna know". Најглупи прашања ќе имаш на дејтови од Тиндер (од лично искуство). Скоро сите дејтови од Тиндер ми биле доста чудни. У принцип се што се дешава во дејтингот и врските е двонасочно. Сите ќе сме имале или ќе имаме вакви прашања на дејтови. Само вие женските почесто сте прашувани такви ствари.
Баш така , како што кажа 90% се формулирани, нема воопшто спонтаност, веќе немам пеперутки во стомакот, ја нема таа возбуда, баш поради тоа ,затоа што сум свесна дека е едно исто напишано сценарио. Ми се смачи да го гледам повторно и повторно истиот филм. Истите фори, истите прашања се поставуваат.. ама тоа е само поради глупавото опкружување. Јас верувам дека има многу машки кои размислуваат поинаку, но притисокот од другарите ФРАЕРИ и стравот дека ќе бидат исмеани, ако се понесуваат поразлично со женско ги спречува да бидат тоа што се си и се однесуваат и ги прават истите работо баш онака како што им налага друштвото. Имам 1000 такви примери на мои другари, кои биле исмејавани од друштвото затоа што си фатиле сериозни девојки и само за да не испаднат папучари или слично се водат според правилото МЕНИ КОЛКУ МОЖЕШ, ЛЕГНИ ЈА И ФРЛИ ЈА. Е поради таквите ќе си патиме ние женските. Инаку да , верувам дека има и многу девојчиња што ги поставуваат истите прашања, исто како што има и машки кои сакаат само за 1 вечер така има и женски , и битно им е дали си искусен или да не си го губат за џабе времето. Но како што кажаа феминките, колку повеќе вакви неудобни и чудни искуства, толку подобро. Се надевам само дека некогаш ќе разберат машките дека на 20+ не е интересно и не е во мода да си fuckboy, редки се довојчињата кои гледаат привлечност во тоа. А уште помалку привлечно е да глумат дека не им треба љубов и внимание , туку девојче кое ќе им биде само секс кукла.
@Режисерот како што веќе ти кажаа, нема потреба тоа да го гледаш како комплекс, а исто нема ни потреба да разговараш со психолог. Дури не мислам дека ти самата имаш комплекс туку ова ти е само затоа што луѓето ти зборат и прават да се чувствуваш како да е big deal. Уствари крајно небитно е. И следен пат кога ќе искочиш со некој и те праша дали си невина ( ) нема потреба да му одговориш. Јас дури би се навредила некој да ме распрашува лични прашања на прв дејт.
Exactly. Пеперути во стомак немам осетено од основно. У принцип се е исто, само типот/типката е различна. И секоја чест за тие што излегуваат малку од тој template. Meh, зависи до друштвото. Мене ниту еден од другарите не ми кажал нешто таков, ниту па јас сум им кажал. Се е до опкужувањето и со што луѓе се држат. Peer pressure е најглупа работа, ама ета и тоа за жал постои. Види ја го имам тоа разбрано, ама сепак на млади години на сите ни лета паметот. Па да, што повеќе вакви искуства толку подобро за тебе. Еве, јас сакам да најдам женска што ќе игра NBA 2K со мене. Некад ваљда ќе најдам.
Со дечко ми имавме односи без заштита и сврши надвор, но подоцна продолживме и втор пат. Дали може да останам бремена ако останале дамки од спермата?
Можеш, затоа треба кондом, доколку не сакаш да останеш трудна. Секако за втората рунда која сте ја имале..
Пишувам за последен пат на фемина, морам да се исконсултирам пред да знаам шо следно да напраам. Дали нов тест или да чекам да ми дојди, во агонија сум. Циклусот во принцип ми доаѓа од 28-32 денови, од кои последните два месеци добивав на 28 дена и колку/толку мислев е регулирано. Но денес ми е 32ри ден, сеуште не ми доаѓа а имам симптоми и тоа веќе недела дена а можда и повеќе тапи болки повремено во долниот дел од стомакот и плус исцедок некаков ми течи, стандард ми е така пред секој циклус. Последен однос имав пред скоро три недели, односно два односи тие денови. Првиот пат, пред првата рунда уринираше, па имавме орал и едвај една минутка пенетрација на голо. Сврши после 10тина минути и тоа со орален и хендџоб. Вториот пат исто пред првата рунда, откако имавме орал имаше две или три пенатрации на голо, стави кондом и си теравме до крај (сврши надвор од мене) после 15тина мин. Разумот ми вели дека залудно се замарам, ни блиску до свршување немаше ама јас се изедов жива. Направив тест на 31ден од циклус, шурчек со прва мокрача и испадна јасно негативен. Ама тука прочитав дека не сум го направила баш најправилно и се изедов дека можеби не е валиден. Сеа чекам да дојде понеделник или да купам нов тест или да праам тест преку крв, ете до толку сум испаничена што 3-4 дена јас не ни спијам како шо треба од страв..
Стресот го одложува пмс. Смири се, немој да паничиш. Знам дека не е лесно, ама пробај да го фокусираш мозокот на други работи. Цел ден ангажирај се за нешто, читај книги, чисти, среди го домот, пешачи, вежбај, гледај видеа, серии, филмови за само колку да не мислиш на тоа. Потоа односно кога ќе ти доцни повеќе денови направи тест за да ти е мирна главата.
Не знам како воопшто имате секс со вакви параноични мисли. Па како да добиеш на олку стрес? Па детално опишување, уште количински колку сперма исфрли да ни кажеше...страшно
Многу добро знам како изгледа сево ова за читање, чак и смешно е. И плус свесна сум дека со толкав стрес па и променава на време е нормално да ми касни, долго време имам симптоми за добивање. Ама еве посилно е од мене, само јас си знам како се осеќам овие неколку дена иако повторно ќе речам нема простор за ваква паника...