Тоа ако ти е циклусот на 28 дена, кај мене беше на 40-45 и ми рачунаше плодни 20 дена после циклус. 10-14 не е исто што и 4-7 дена Што значи нема плодни/неплодни.
Од кај ви е оваа информација?? Сакаш да кажеш дека ти имаш 365 дена зрела јајце клетка спремна за оплодување? И ако не свршил во неа, како ќе забремени? 99% девојките се бремени значи и наталитетот ни е во пораст, според твоите пресметки. Браво
За нација која што во 21ви век,10% одат на гинеколог и не знаат кога им била последната менструација, многу сте медицински едуцирани И патем, своето искуство така добро го филувате, го правите како да е најлошото нешто на свет и го пикате во глава на членкиве, дури и се ситите и сакате другата страна да има “лошо” искуство како вашето... со омраза ја коментирате таа тема и го наметнувате својот став и мора е да е прифатен, во спротивно, ќе почнете со навреди П.С. Членки, секоја си го познава своето тело и знаете кога можете да забремените. Не верувајте на приказната “не знам како забременив” Секоја знае како и кога забременила, меѓудругото секој гинеколог децидно се изјаснува кога се плодни и неплодни... никој не кажал “мали, средни,високи шанси” ова може само по портали да го прочитате Извинете на долгиот, брутален и вистинит коментар
Девојче, нема секоја жена менструација по книга за да и бидат плодните денови по книга. Оди напиши го ова во Поддршка. Коментарот е само долг, ништо друго.
Немам потреба да го сменам. До сега требаше да имам деца, во спротивно. Од портали не можеш да се едуцираш.....мораш некогаш да посетиш доктор И како што кажав во коментарот, за 10% од нацијава што одат на гинеколог и знаат последен пат кога добиле, одлично сте едуцирани
Има шанса секогаш да се забремени, да, но тоа е поради фактот дека овулација не се случува секогаш на 14 ден од последно добиено. Јас сум пример што знае кога овулира, имам проѕирен секрет и отприлика е околу 12 до 14 дена од почетокот на последната менструација. Сме имале слободен незаштитен однос со маж ми повеќе пати на последен ден од добиено или пред да добијам некој ден, не сум останувала трудна. Не си ни правев терет во главата зошто не се фаќа знам кога ми се плодни денови. Кога решивме да пробуваме сериозно за бебе, имавме еден однос 1 ден пред овулација и одма останав трудна. Не викам да се опуштате и да имате слободни односи ако не сакате бебе, ама еве моето искуство е такво.
Кој се едуцира од портали? Од форумов конкретно можеш да дознаеш за различни искуства и брзи информации. Искрено да ти кажам од пишувањето ти се гледа дека или одиш кај првиот гинеколог што си го нашла или одиш од скоро. А може и немаш никаков гинеколошки проблем, па мислиш на сите ни е така лесно. И не постои гинекологот за да имаш менструација по книга. Ако имаш хормонски проблем мало сутра. Ти кажав бе, оди напиши им го ова на жените во Поддршка да видиш дали 10% одат на гинеколог, дали не се едуцирани и зошто нивната менструација не е по книга.
12год одам кај примариус доктор. Со едно од највисокото звање во медицината. Не велам дека никој немаме проблеми, но не е во ред своето негативно искуство да се “набива” на членките. Нема потреба да пишувам по другите теми, прочитав во темата за гинеколог се....јасно е и жалосно впрочем Тука нема искуства, има судење и навредуваде и исмевање и ситење и се За тоа го напишав коментарот, реалното искуство со гимеколог да се сподели а не филување Не ме осудувај, ако не ми ја разбираш целта.... се е добронамермо пишано со цел да се запознае сопственото тело и да се оди на гинеколог и за најмалата работа
Прв пат бев на гинеколог во 7мо одделение кога за прв пат добив менструација, до сега имам посетено 5 гинеколози, но ниеден од нив не ми кажа дека дека има неплодни денови. А имам и доста пријателки-гинеколози или имаа мајка, сестра, тетка гинеколог, па сега дали едукацијава ми е од портали или од стручни лица, јас за себе знам. Ти ако имаш проблем, ќе одиш и ќе бараш други мислења. Ако ја останев со мислењето на мојот гинеколог кога останав бремена со првото сега немаше да го имам тоа дете, ама еве веќе наполни 4 години и е здраво и живо.
Не велам дека секој гинеколог е гинеколог. Само да не се пробува на сила да се пика на членките своето добро/лошо искуство... Да е здраво и живо детенцето
Прочитај ма женска пред да се напнеш вака. Шо ти е ? Свршил во неа дечкото! Значи има шанси за бременост и те како! Прочитај го постот на кој што реплицирам пред да се убациш ко џокер у покер.
Никој на никого не пика со сила мислење, сите тука ги кажуваме нашите лични искуства или од блиски луѓе, затоа е и форумов, да кажеме мислење, совет, искуство, а тука секогаш има некој кој ќе се пронајде во тоа, а има и такви кои ќе осудат, навредат (свесно или несвесно) и нема да се согласат.
Не те осудувам ни најмалку. Те запамтив кога ни пиша дека од комплекси раѓаме во приватни болници и чекаме од државата 5000 ден еднократна помош. Таму си пишувавме најнормално околу тоа и ти упадна со 'набивањето' и напаѓањето неповикана. И сега советуваш спротивно.
Јас ја пишувам само реалноста и секогаш со цел.... прочитај ми ги коментарите и немој да ги сфаќаш како што сакаш ти, туку како што е реалноста Мојот совет е секогаш да се збори со гинеколог, а сопствените “лоши” искуства да не се лечат и исмеваат на други членки.... просто е На форумов секој има право да коментира “неповикан” Дури и за приватните болници и парична помош, си сфатила како што тебе ти одговара
Никој никого не нападна, членката само кажа дека останала бремена во денови кои за нејзиниот циклус се неплодни. Не знам што скокна одма,па и став дека менструацијата мора да е по книга. Сосем соодветено беше мислењето на членката. Никој не исмева никого.
Не знам, веројатно живееме во паралелни реалности. Претпоставувам некоја те чепнала, па сеа индиректно и се обраќаш, мене ми е многу топло и ме мрзи да образложувам повеќе. А како јас сум сфатила може секоја да ти ги најде мислењата во темата Еднократна парична помош и да прочита како го влечеме материјалното на сметка на нашите деца освен ако не си избришала. Ете, едноставно имаме различни размислувања и нема да се убедувам заради тоа.
Не се обраќам на никоја индиректно и различностите се добредојдени, но наметнувањето, исмејувањето и ситењето не се никогаш. И во оваа тема и за приватните болници и паричната помош кога искоментирав. Препрочитај добро и се надевам правилно ќе сфатиш..... поздрав