Кандида е. Вагиналети на природна база од кантарион и маст исто од кантарион за надворешна употреба. Само памучни гаќи, никако танга, фармерки или било што тесно. Без сапуни и купки измивај се само со вода и чај од камилица/кантарион. Можеш влошка да натопиш во чај и да ја носиш ноќеска ќе ти олесни. Секако оди на лекар во среда, ова ќе ти помогне во меѓувреме може и да ја излечи. И пробиотик ќе помогне.
Здраво девојки, се надевам дека барем една од вас ќе ме посоветува што да правам. Со маж ми сме заедно веќе 3 години, од кои 1сме во брак. Јас имам 23 години, тој е 30. Деца сеуште немаме. Имаме проблем со сексот т.е со избегнување секс, за да гледаме порно. Двајцата сме биле сексуално активни уште пред да се запознаеме,сме имале доста сексуални искуства. Пред бракот сексот ни беше супер, пробувавме секакви работи за коишто сметавме дека би ни причинувале задоволство,но веќе година дена тоа не е така. Работиме во казино и малку потешко се гледаме, дека не сме секогаш исти смени. Работата ни е напорна и незнам дали е поради тоа, но за наша возраст имаме многу малку сексуални односи. Приметив дека многу гледа порно. Порано сме гледале заедно и ни е било многу нормално. Но, тој гледа сам, дури избира самозадоволување пред секс. Сум го прашала повеќепати која е причината што толку гледа порно. Дали му здосадил сексот со мене, не сум му доволно привлечна, не му ги задоволувам стандардите.. Тој ќе ја избегне темата дека гледа порно и ќе ми рече дека сум најубава, најзгодна и дека со мене му е преубаво. Ќе се поправи на неколку дена, но пак продолжува иста песна. Кога ќе му отворам компјутер или телефон се чуствувам многу неубаво. Сето ова ми има влијание врз самодовербата и искрено многу ме разочарува. Пробав преку разговор на неколку пати да му го наговестам ова, но изгледа се борам со зависник од порно, за којшто не сум ни била свесна дека го имам покрај мене. Го сакам многу, знам и дека тој ме сака мене и затоа не сакам да донесам избрзана одлука.
Ако порано сте гледале заедно зошто и сега не гледате? И дали мора да гледате за да имате секс? Кога сте дома и двајцата зошто тогаш некој од вас не е иницијатор? Што е пречката?
Кога иницирам секс многу често се случува да бидам одбиена. Не ни е потребно да гледаме порно за да имаме секс. Повеќе пати сум предложила да гледаме порно заедно, па дури и да се самозадоволуваме не би ми сметало се додека го правиме тоа заедно, но не сака. Кога сме гледале порно заедно, повеќе се фокусирал на мене отколку да се пипа сам.
Отворен муабет е решението. Ако порано се било супер значи се случило нешто. Може му е падната самодовербата или му станал монотон сексот. Морате да разговарате.
Разговор на оваа тема е правен можеби 10 пати. Постојано се правда дека е изморен и дека му пречи тоа што накачил на килажа. Не е воопшто здебелен, а си мисли дека е. Тоа била причината што не сакал секс.Беше нарачал и трибулус(таблети кои го зголемуваат либидото) со надеж дека некои работи ќе се сменат, но нема промена.
Сигурна сум дека е до неговата самодоверба. Ти си го познаваш најдобро и би знаела како да му помогнеш. Покажи му дека уживаш со него.
Јас сум сигурна дека нешто трето е тука не е ни самодоверба не е ни порното толку битно само да доприш до него да ти каже може психички е паднат човекот и не му е до ништо
Тој е затворен тип. Многу ретко кажува што го мачи и што му пречи. Општо, дури и не е некој зборлив тип. Има работено по бродови и вели дека тие го направиле ваков. Нејќе да збори што е тоа што му се случило таму. Нејќе да збори за бивши, нејќе да збори за многу работи. Муабетот помеѓу нас е за тоа што треба да се направи дома, што ни фали, кај кого треба да одиме, кој треба да испочитуваме.. Значи ептен општи теми. Неможам да го натерам да ми се отвори.
Како да му покажам дека уживам, кога тоа не е така. Веќе со месеци не е направил да се чуствувам посакувано. Неможам да глумам.
Ете го проблемот и сум сигурна дека и тој сфатил. Веројатно и си му кажала, само не ми е јасно зошто не проба да смени нешто туку кренал раце. Имав бивши еден така без волја, малце дибек и готован општо за се во животот. Па морав да си преземам иницијатива во сексот ако сакам да си се задоволам. На него сексот му беше топ, мене мака. Ама вие сте имале добар секс и после нешто се сменило. Врати го филмот до точката кај што се смениле работите. Малку е комплексно дека сте во брак, мора да работите на ова. Сигурно нема да се разведете ради лош секс или да немате секс.
@AlchinovaR1979 порното е проблемот. Порното е познат убивач на машкото либидо. Никогаш нема да можеш да замениш порно ѕвезда. Ме си ти интересна, поинтересно е порното. Не ги слушај тие што викаат дека порното не е проблемот, дека е во депресија или што и да е. Проблемот е во вишокот порнографија во животот. Порното му ја предизвикува состојбата, не му е излез од неа.
Види вака за да дознаеш што е проблемот ќе морате да разговарате. Кажи му како се чувствуваш и да несака да праи моабет кажи гласно, јасно дека веќе не се чувствуваш убаво. По се изглеа маж ти е зависен од порно и како да си влегол во своја димензија и со тоа бега од реалноста. Ова сепак преставува проблем колку и да изгледа вака од страна како една банална пречка.. Треба отворено да се зборува и ако си му битна ќе сфати и ќе се потруди да се вратите како предходно. Незнам што друго да ти предложам. Обично тие што немаат со кој секс да имаат па се опседнуваат со порно, ама маж ти незнам што му е, многу чудно... Си има некои бубачки ама многу лошо што со клешти му вадиш зборови од уста за негова интимност.
Тој точно знае како се чуствувам јас и иако вети дека нема да гледа порно, гледа скришум. Брише секаков доказ за тоа дека гледал и негира.
Тогаш седни го и кажи му дека ова вака не оди Или да се управе или речи му се пакувам Мораш малце поостро да настапиш и реално да размислиш брак без секс незнам колку има напредија
Епа значи он не сака да си признае дека е зависен и несака да соработува со тебе за да го решите тој проблем. Е тука е деликатно. Тогаш ќе мора да одиш на погруби варијанти за да видиш како ќе реагира и да му кажеш да бира помеѓу Тебе и Порното. Се дур се помируваш со неговите ветувања нема да има никаков ефект, ај барем да имавте сексуални акти па и покрај тоа што гледа порно зошто реално секој маж гледа порно, но веќе он оди кон абнормалности каде што те запоставува тебе и ви влијае на вашиот однос па и севкупно на вашиот брак.