Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Интимни прашања, проблеми и совети

Дискусија во 'Секс' започната од skorpija1992, 30 јануари 2010.

  1. FVP

    FVP Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    Од каде да знам дали има или нема шанси? Не сум била таму да ти кажам. Едно што можам да кажам дека 'бело' може да доаѓа и од женска страна. Бог да чува.
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Rada15

    Rada15 Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2020
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    дали на некој му се има случено крв да забечежи после сексуален однос и тоа во јасно изразена црвена боја и прилично бајаги, немаше крварење после тоа меѓутоа никогаш претходно ми се нема случено ова па ме интересира за што може да се работи?
    Треба да добијам после една недела ако има врска тоа нешто!? Ве молам за слични искуства или на некој да му е познато за што се работи? Дали треба да се обратам на лекар?
    Фала ви!
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.580
    Допаѓања:
    201.794
    Пол:
    Женски
    Груб секс, недоволна влажност и повреда на вагиналната слузница.
     
    На S.W.A.G, cresa-jagoda, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. _marvel__

    _marvel__ Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2020
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Сакам да прашам и да добијам ваше мислење, бидејќи неколку дена ме мачи. Имав менструален циклус на време откако ми завшри после една недела имав односи со дечкото, но од вечерта па се до денес веќе 4 дена крварам сосема малку по 3 4 капки и тоа бледо розеникава боја е. До сега немам посетето гинеколог. Има место за паника или?
     
  5. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    669
    Пол:
    Женски
    Девојки пред два дена имав малку погруб секс со дечко ми, ама најверојатно не бев нешто многу возбудена и бев ептен сува ме подзаболуваше, но сега веќе два дена постојано чувствувам "тапа" болка во долниот дел кај стомакот и не ми поминува. Што да правам? :(
     
  6. marija305

    marija305 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    1.158
    Допаѓања:
    7.997
    Пол:
    Женски
    Можно е поради овулацијата да крвариш, ако е тоа не е страшно, но мора да посетиш гинеколог.
     
    На LadyLollypop му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Најубаво да посетиш гинеколог, може и од нешто инфекција да имаш, ама овде само може да се даде онака совет или што би можело нешто да помогне. Ама за било која работа ваква, не се прашува, одма се оди на лекар..не само за ова.
     
  8. mydrug

    mydrug Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2018
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки, од кога ги завршив контрацептивите кои ги пиев 2дена после тоа кога имав односи чуствував голема болка и малце крварење. Помина веќе месец и сеуште крварам и имам болка додека имам односи. Дали е ради апчињата или нешто друго ко инфекција или слично?
     
  9. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Кои апчиња?
     
  10. mydrug

    mydrug Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2018
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Микрогинон
     
  11. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Немам искуство со тие, мислев други да не се зашто чудно ми падна само 2 дена да се пијат контрацептиви. Обично такви проблеми можат да настанат од неправилно пиење на апчињата или додека да се навикне организмот на нив и да се балансираат хормоните. Контактирај лекар, не е заебанција.
     
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Ако не си возбудена и не ти се има секс - немој да имаш.
    Ако си возбудена, сакаш секс, ама сепак си сува - нормално е, се случува. Користи лубрикант.
    Не им дозволувајте само да „бодат“, не сте само дупки за задоволување УПМ.
    Мислете малку на себе, на ввашето задоволство и на вашето здравје.
    Два дена од кога ги завршила имала односи, а не дека ги пиела два дена
    @mydrug
    на гинеколог. Ама одма.
    Не е нормално да крвариш цел месец
     
    На cresa-jagoda и Jana06 им се допаѓа ова.
  13. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.346
    Барам мислење и искуство. Имам редовни гинеколошки прегледи со години наназад, околу 12 години. Последниот пат, пред 2 месеци а и поради зголемен вагинален исцедок бев на преглед кој опфати, вагинално ехо, микробиолошки прегледи, колпоскопија и ПАП тест. При прегледот др ми вика можно е да имаш ХПВ ама после колпоскопијата ми вика немаш, уредно е. Брисевите чисти, мене вагиналниот исцедок ми продолжува и бидејќи знам дека од кај гинекологот не се јавуваат за резултатите за ПАП ако е уреден решив по месец ипол јас да се јавам да прашам. Се јавувам и сестрата ми вика треба да се повтори ПАП от, зошто прашувам, со кое образложение, ми вика нема ништо напишано само дека треба да повтори. ОК викам и одам пак на преглед за да ми земе ПАП. Го прашувам докторот што значи дека тестот треба да се повтори односно зошто и тој најлежерно ми кажува дека имам раничка малку поголема и дека најверојатно на брисот имало повеќе слуз а помалку клетки. Му кажувам за исцедокот дека е повторно тука и дека циклусот од 30 дена ми се намали на 27 и ми вика ок е, нормално е тоа после бременост, ми вика еве рецептче за ацоидосалус ако се најскапи најдобри се зошто изгледа нарушена ти е вагиналната флора па да те појача за да не закачуваш се и сешто (facepalm)
    после прегледот имав кафен исцедок, исто и вечерта после однос, како и денот потоа на бришење. Резултати од ПАП от ќе има за месец ипол :@ а јас што да правам во меѓувреме за таа раничка, како да ја лекувам. Ако имала некоја искуство со нешто вакво нека пише. Инаку сум кај Тасе Цветановски.
     
  14. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Па прашај го Тасе, сигурно после 12 години научи дека на интернет ништо не се лекува. Битно односи имаше, да не се секираме.
     
  15. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Единствено нешто што можеш да направиш додека чекаш е да го подобриш имунитетот што побрзо. Барај по интернет што би ти помогнало, оди во аптека по витамини и пиј си пробиотик.
     
    На S.J.Parker му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.158
    Допаѓања:
    9.242
    Пол:
    Женски
    А ти шо се замараш? Ако немаш совет не пиши ништо.
    Девојката убаво си пиша кој што имал нешто слично да ѝ каже совет што да прави, всушност и темава е за тоа, а не е за некој да се прави паметен.
     
    На buba4e89, poppie, tinka-mace и 11 други им се допаѓа ова.
  17. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.346
    @СуперДевојка, да имав односи, со маж ми, докторот не ми забрани, ниту сум некоја која што не знае ништо за темата секс и СПБ, ако прочита имам и дете, и можеби се обидувам за второ, и да после 12 години одење редовно на гинеколог знам дека не се лечи ништо не интернет исто како што знам дека со брисеви не ми е дијагностицирана инфекција за да лечам нешто. Прашањето ми беше за искуство некој доколку имал таква раничка за која ете докторот не ми препишал ништо дали на некого му препишале и што, или пак дали таа раничка не дај Боже станала посериозна повреда со последици. Ти благодарам на одвоеното време со твојот саркастичен коментар.
     
    На Bebce1, poppie и fana им се допаѓа ова.
  18. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Сигурно не си користела кондом :| Ама во ваква ситуација те советувам кога имаш секс да користиш и кондом. Обидување за бебе сега не.
     
  19. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.346
    Јас му кажав на Тасе дека планираме второ дете он не кажа ништо, всушност он раничката ја видел кога ми правел колпоскопија но тогаш не ми кажа ништо, туку вториот пат кога одев за да го повторам ПАП от кога го прашав зошто треба да се повтори тогаш кажа дека сум имала раничка и најверојатно на брисот имало повеќе слуз а помалку клетки.
     
  20. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.158
    Допаѓања:
    9.242
    Пол:
    Женски
    А да побараш мислење од друг гинеколог? Можеби тој подобро ќе знае што е работата.
     
    На S.J.Parker и cresa-jagoda им се допаѓа ова.