Женскици ве молам за совет. Зошто со кој и да се гледам неможам ни да замислам да имам секс? Едноставно имам одбивност , гад ми е , со сите до сега со кои што сум била ни на крај памет не ми дошло да бидам интимна. Али сепак сите биле навидум убави на лик , а грди во душа. Дали сеуште го немам најдено правиот човек па за тоа не можам да се опуштам , или до мене е грешката. Или можеби ради тоа шо не сум била заљубена во некого?? Хелп
Привлечни ми биле не дека не , ама неможам да се замислам да сум сексуално активна. Можно е да имам некој внатрешен страв или ?
Сигурна сум дека не е тоа проблемот , туку како да кажам... имам некој страв , и не можам да се приврзам за машко. Дали налетувам на идиоти па затоа е така . Никој до сега не ми бил мил, да ми пружи љубов, разбирање , почит , да ме цени. Не сум се осетила сакано од некој до сега на вистински начин , па може и баш ради тоа и јас немам засакано некого.
Не се брзај, можеби не си доволно подготвена. А ако не си, не е само да си сексуално активен по секоја цена. Има луѓе што на сексот гледаат како телесна потреба да 'се испразнат' и луѓе што во сексот влегуваат и со емоции, не само со сексуална фантазија. Можеби ти си во вториве. И тоа не значи дека си асексуална или пак дека не те привлекуваат мажи. Веројатно не си го запознала вистинскиот сеуште. Ете, и самата викаш сите биле физички привлечни, но идиоти во однесувањето. Кога ќе го пронајдеш вистинскиот, со однесување што тебе ти одговара, можеби ќе го спуштиш 'штитот' и ќе се опуштиш за да бидеш сексуално активна, без притисок.
Не се секирај не е до тебе грешката. И јас се пронајдов во твоето кажување. Јас неможам да имам секс со некој онака ..пред се ми е потребно поврзување со тој човек да знам дека можам да му верувам и ми верува да почувстувам дека има емоции меѓу нас, не ми мисли ништо лошо и сето тоа за да можам да се опуштам и да ја почувствувам взаемно сексуалната енергија. Така да не се брзај, не сите исто гледаме на сексот како што пиша погоре членката на некои им е само обично телесно празнење. Кога ќе се заљубиш во вистинската личност кога ќе ја осетиш љубовта взаемно ќе се опуштиш и ќе ти исчезне стравот и едноставно ќе знаеш дека тоа е тоа. Не гледај на себе како нешто да не е во ред. Се е во ред со тебе само ете не си ја имала приликата сеуште да се поврзеш на едно повисоко ниво и да се опуштиш со партнерот зашо во денешно време за жал сексот го гледаат како издувен вентил колку ради реда да се испразнат само и толку.
Здраво, од оред 2 дена имам кафеав исцедок, дали некој можеби го имал и од што може да е? Не, имам две недели до циклусот, се мислам да не е од тоа што променив клима не сум во Македонија или пак измрзнато.
Немам инфекција, чекам резултати од пап тест, ама ми кажаа дека не ништо страшно, па затоа побарав мислење
Девојки, едно прашање. Сексуално активна сум подолго време (месеци, не години) и мислев дека е нормално на почетокот да боли. На почетокот сеуште ме боли веројатно од моја психичка страна но после тоа не чувствувам ништо, ни убаво ни грдо. Дали тоа е до мене од страв што би рекле “до умот” , дали можеби е вагинизмус (не сум доволно информирама за тоа) или дали е до партнерот?