Друго нешто да ти препорачаме? Па, хм. Постојат мал милион инфекции и би ти препорачале да посетиш гинеколог бидејќи тој ќе види што ти е и ќе испита. А, ние тука може само да си нагаѓаме и може бетер да си направиш. И ако си сексуално активна користете си кондом чим имаш некаква си инфекција.
Кој ти кажа дека е крема за инфекции? Канестен е антифугална маст, се користи како дополнителна терапија при кандида, ако имаш јадеж. Не е универзална маст за сите сексуално преносливи болести. Оди на гинеколог, нека ти направат микробиолошки брисеви и антибиограм ако има потреба, за да ти препишат соодветна терапија. Не се шлакајте со сѐ и сешто, нема играчка со репродуктивното здравје. Во меѓувреме дури чекаш резултат од брис, обавезно апстиненција, да не ја влошиш инфекцијата.
Боже. Прво, што има ти да се надеваш дека прв секс и бил со тебе? Второ, крв не мора да тече, тоа само на серијата Клон кога чекаат роднините пред врата мажот на Жаде да ја скине и да им го покаже крвавиот чаршав. Значи да повториме, само на филм. И трето, дали таа блефира или не, не е твоја работа. Имајте секс и не се интересирај дали си и прв или 10ти, тажно е ако тоа што си и прв на некоја девојка го сметаш за некакво достигнување. И не мора да потенцираш на секој втор коментар дека преголемо искуство имаш во секс, верувај ни, никоја од жениве не се палиме на тоа, мене дури и смешно ми е.
Канестен е само за надворешна употреба, а според тоа што си го пишала изгледа имаш внатрешна инфекција. Канестен во овој случај нема да ти помогне, барај друго чаре. На пример, можеш гинеколог да посетиш.
Според тоа што го имаш пишано, инфекција е. Убаво сите погоре ти пишале оди одма на гинеколог. Како што викаш жолто/кремови течност сигурно ќе ти даде некои апчиња и едни вагинални. Тоа што мачкаш ти нема врска. Што побрзо закажи и оди нека ти земе брис гинекологот, колку побрзо се открие инфекцијата(ако ја имаш) толку е подобро и полесно за лечење.
Во Санте плус 2 имаш ефтина понуда за комплетен гинеколошки преглед. А друго, канестен нема да ти помогне за внатрешна инфекција.
Дали може за време на плодни денови да имам кафеава/црвенкава дамка кога одам во вц и кога се бришам?
Каква глупост. Со вакви размислувања јас никогаш не би имала со тебе. Што толку се замарате за таа ебана крв? И зашо не можеш да веруваш дека и си прв? Ова исто ко оние обичаите бабицата шо проверува невестата дали е скината... Што има тоа толку важност??? Па дури и се прашуваш дали те лаже... кое ниво на недоверба е тоа... ти ли беше тој што предходно многу ги имал "скинато", тоа ли ти е типот??? Со толку предходни скинати ме чуди што не знаеш дека може и да нема крв...
Посета на гинеколог. Нека ти направи брис. Какви други симптоми имаш? У смисла црвенило, чешање, миризбата каква, каква течност лигава мрсулеста слузава сешто може да е...
А јас па неможам да разберам како ти како машко неможеш да сфатиш дали е невина или не?Ваљда кога го ставаш приметуваш,не е исто со девојка што имала секс и девојка што немала.
У која смисла??? Демек таа шо имала е поширока? Каков булшит. За време на секс се шири 200% од првобитната големина, и потоа се си се враќа на место. Како тие што раѓале деца немаат цели кратери? Можеш да приметиш до стравот, срамот и неискуство, од друго нема шанси да приметиш.
Немам други симптоми , само некоја непријатна миризба остра има. И не е бело прање , туку како некоја течност.