Можеш онлајн доколу ти одговара тоа, можеш на некаков курс да се запишеш ке имаш со кого да се запознаеш, преку друштво.. излегувајте Но не е препорачливо поради вирусот нели
Некој што веќе го познаваш и во кого имаш доверба? Другата опција ти е да почнеш некакво познанство онлајн, па да прерасне во нешто повеќе. Само треба да бидеш внимателна
Немаш некој пријател од доверба па и да имате секс? И имаш ли идеја како би се изведило сето тоа со дечко од друг град? Или студираш негде или работиш во друг град? Ако да, посетувај клубови некои еве да речеме фитнес, библиотека било каде и запознај некого..
немам таков пријател, на фитнес не одам поради ситуацијава, од друг град појма немам, а стварно нема каде да запознаам од тие небитните што ми пишувале, никој не е кандидат, а и да има не можам да им речам од срам
Душо, за оговарање ќе оговараат без разлика дали си со некого или не. Гледај тебе да ти е убаво и не мисли на тоа кој и што ќе рече. Живеј го животот за себе, не за другите. Ако сакаш да имаш секс со некого, имај си и ич да не ти чуе за другите.
Започни разговор со некој што ти се допаѓа, сигурно имаш фб или инста или што год користите младинава сега . Види ако е заинтересиран за допишување, покани го на кафе (дејт). Биди слободна и искрена. Види како ќе реагира кога би кажала дека бараш некој само за секс доколку не сакаш врска. Ако не прифати пиши на друг, некој ќе прифати. А сигурно, ко што вика @FRANCUZINOT, веќе ти пишале и на форумов некои кои едвај чекаат да најдат некоја за секс И еден совет, без разлика дали е со познат или не познат, заштита обавезно!
Би сакала некој што ми е блиску на пример од мојот град, затоа прашувам како да запознаам во кризава. Ми пишуваат, ми се пуштаат ама до ск треба да одам. Иначе затоа сакам некој само за тоа па понатака ако испадне нешто повеќе ок, ама не сакам да оди со други истовремено
Преку социјалните мрежи мислам дека ти е најдобра опција. Ако треба, комуницирајте малку подолго онлајн, па по некое време видете се. Секако, првата средба нека биде на јавно место, како што ти кажале, на кафе или на пијачка. И јас ти советувам веднаш да му кажеш што очекуваш од него, за да нема разочарани во приказната.
Дали доколку по свршување пенисот или спермата е во допир со вагината од надвор може да настане бременост?