Повеќе пати секс викаат дека е лек за ерекција, а и повеќе ќе издржи. Може и да е психолошки, но многу помали се шансите.
Јас ако ми веруваш, само еднаш неделно гледам. А има и такви што секој ден гледаат, а има и такви што не гледаат (немаат време или се плашат од вируси).
Здраво,пишувам овде со надеж дека некој имал слично искуство или некаква информација за мојот проблем. Не многу одамна станав сексуално активна. Првите неколку пати беа безболни и без крварење и си велев еј супер која среќа и наеднаш се се смени.Последните 2 месеци, десетина пати пробуваме но чувствувам страшно печење на почетокот од вагината странично (кај хименот). Не само при однос но и после тоа имам неколку часа печење. И при допир со прст имам огромно печење. Разговарав со партнерот за проблемот. Според негово објаснување имам 2 мали црвени точки веднаш на отворот кои се и видливи со око. Внатрешна болка не чувстувам никаква. Бидејќи во моментот сум во самоизолација,најбрзо што можам да појдам на лекар е за 10 дена а не ми испаѓа од ум помислата дека е нешто најлошо барам некој дококу имал слично искуство да сподели. Да напоменам дека секогаш користиме кондом и ги сменивме кондомите баш кога почнав да чувстувам печење. Незнам дали има некаква поврзаност.
Веројатно имаш раничка од погруб однос или ако не си била доволно возбудена. Остави ја, не чепкај, не мачкај ништо, само редовна тоалета и дур си во изолација ќе се регенерира слузницата.
Некоја рана е, или од однос или од бричење/депилација. Одржувај редовна хигиена и миј се со чај од камилица. Ако имаш матичен гинеколог јави се телефонски и објасни. Може ќе ти даде нешто локално да ставаш да ти ја ублажи болката. Можно е и да ти се воспали и да отече местото. Исто е важно да носиш памучна долна облека и да го држиш местото суво.
Девојки,мислам дека имам пишувано за ова веќе но сум многу загрижена.Имено со дечкп ми неможам да имам нормален однос.Кога му е во ерекција е океј некои си 10-12цм иако и тоа е под просек но од кога ќе сврши скроз му се повлекува скоро како да го нема некои си 2,3цм.Почна да иде и на психичатар бидејќи се одрази на неговата психичка состојба. Испита хормони се е во нормала ,физички активен,со здравјето океј.Размислував да раскинеме поточно сме правеле муавет на таа тема но тоа само ќе му ја наруши моменталната ситуација.Едноставно сакам да му помогнам. Ако имате совет,искуство,мислење би ми било од корист <3
Добро женски не ми беше тоа поентата но во ред.Сакав да кажам кога не во ерекција и кога нема сексуална активност е проблемот можеби и јас лошо се изразив.Виагра мислам дека не е здраво,и трајно решение според мене.
Ако тебе ти е проблемот во цм, не знам како тогаш можиш да му помогнеш. Кога не е во ерекција нормално е дека се смалува прилилно, не знам како очекуваш да биди без ерекција.
Каков проблем? Штом му се дига и си ја врши функцијата нормално, нема потреба од паники. Нормално е да се смали, нема за што да се грижи, не му давај психички стресови кај што ги нема. Ако тебе тоа ти смета големината, барај си друг со поголем пенис.