Оти им е срам. Полесно е вака анонимно. Веројатно... И зошто се почнува со односи ако ти е страв. Не мора многу познавања, барем основното да се прочита.
А и нема што многу да се чита и знае. СПБ, бременост, видови заштита. Туку нема кој да прочита. Стварно незнам зошто воопшто почнуваат со односи кога после секој секс следи по еден месец стресирање дали сум бремена... Заштита користел, надвор свршил и вели страв и е да не е бремена.
Да ми е срам да одам на гинеколог? Поголема глупост немам чуено. Ти верувам Даклинг, знам дека е точно, ама греота е колку им оде паметот на некои, за жал.
Зависи од човек до човек, кај некој влијае кај некој не. Сум го пиел за вежбање, ама претпоставувам прашуваш за секс. Од тој дел можам да ти кажам само дека ја зголемува сексуалната желба кај машкото. Кај некој можда ќе влијае поише кај некој помалку. Истото дејство го има и ашвагандата. А реално скоро истото дејство ќе го има и пиењето апчиња цинк. Освен сексуалната желба, можно е да има и почести утрински ерекции, особено ова е случај со цинкот. Финтата е што сите овие супстанци го поттикнуваат телото кај машките да произведува повеќе тестостерон, кај некои може да се зголеми и до 30%, зависи од возраста и здравјето, и од тоа колку тестостерон веќе произведува телото. За ова прашуваше? Или те интересира уште нешто?
Ашвагандата е по истражувана и има повеќе податоци околу неа, па затоа и повеќе ја користат. За трибулус има многу различни спротивставени мислења. Најдобро е да се проба и едното другото па да се спореди... Ама ако до сеа не сте пробале, нека почне со ашваганда... Не ги потценувајте и цинк апчињата, многу мажи им фали цинк особено зимски период. Нека суплементира и тоа месец дена насабајле... А, и заборавив уште едно - многу ја фалат Мака та, има многу на интернет за мака, ама незнам лично не сум конзумирал.
zdravo devojki bremena sum 21 nedela napraviiv bric mi najdoja nekoja infekcijaGardnerella vaginalis doktorkata mi kasa da odam utre da mi dade terapija dai nekoj ot vas imase ova bakterija i dali so terpaija ke ja snema i dali e stetno za bebeto ?
Пред два дена имав однос за прв пат и денес забележав мало крварење кога се избришав, односно само 1-2 капки и беше бледа крв. Дале се случило на некого и дали знаете за што станува збор. Да напоменам дека и при односот исто така имав крв.
Ти благодарам. Чудно ми беше што ова ми се случи после два дена, а после односот и наредниот ден немав ништо.
falaa tu duso mnogu bev denes mindade sumamed 3 dena da gi piam daj bose da pomine i sve dobro da bide so mojeto bebusko fala ti ❤️
Здраво на сите. Веќе 1 месец се мачам со симптоми на долна уринарна инфекција. Во почетокот имав печење при мокрење и често мокрење, типични симптоми на акутен цистит. Испив доза антибиотик и пиев чаеви, не ми се повлекоа симптомите (што ми беше многу чудно, зашто секогаш ми поминуваа за ден-два). Пиев и друг антибиотик, повторно ништо. Потоа почнав да осеќам притисок во мочниот меур и чувство како да е постојано полн, посебно веднаш после мокрење. Константно се чувствувам непријатно и преокупирана сум со проблемот. Станувам во текот на ноќта 1-2 пати да мокрам, мислејќи дека имам литро урина во бешиката. Некогаш ми е подобро, некогаш полошо, и се така ми варираат симптомите. Пијам чај и масло од диво оригано, увин чај и многу течности, но не гледам подобрување. Брусница не ми помага. Правев крвна слика и анализа на урина, немав ништо абнормално. Покасно правев уринокултура и беше негативна. На ехо кај гинеколог ми констатираа задебелен ѕид на мочен меур и ми рекоа дека ми е од настинка. Дали некој имал слично искуство, и како се справил со ситуацијата? Инаку имам прележано ковид пред неколку месеци, па се мислам да не ми е како компликација поради пад на имунитет
Здраво девојки. Не знаев во која тема да прашам па ќе си прашам тука. Знае ли некоја која е цената на абортус и каде? Чисто информативно прашувам, за да нема напаѓање.