На 30 март го имав првиот сексуален однос (со заштита) и како што имам пишано во темава после два дена имав многу малку светло црвена крв кога се избришав. Треба отприлика за една недела да добијам менструација, но од вчера ми се појави кафеав исцедок (ми се јавува еден ден пред циклус) и еве и денес уште имам, и не знам дали е почеток на менструација бидејќи претходно кога ми се појавувал ваков исцедок сум добивала после неколку часа до еден ден најдоцна, а сега ми трае скоро два дена. Дали е нормално?
Здраво пред 3 дена го имав првиот сексуален однос на 9ти април На 9ти требаше да ми дојде и менструалниот циклус но еве веќе 3 дена касни дали има место за паника или можеби е нормално да задоцни после прв однос?
Здраво Со дм не пробуваме сеуште да останам бремена,но не ни пазиме.Така да свршува во мене сигурно 5-6 пати месечно веќе некој период. последниве неколку недели ми се гади некако,а пред десетина дена прокрварев малку (не требаше да добијам)ама не придадов значење зашто беше бледо розево и со мал интензитет.(да не било инсемијација) Вчера идам до тоалет,и се бришам и гледам тегава бледо розева течност со малку крв и како топче бледо бело а внатре потемно бело.го стиснав и како гумено беше.После на интернет прочитав и видов слични слики како спонтан..А да напоменам последниве 2-3 дена кревав доста тешко и по скали цело време генералка правевме.Исто така и вчера сабајлето имавме по груб однос и ме маваше осеќав внатре и ме болеше. Да напоменам не сврши прекинавме,ме болеше,такада тоа топче не е возможно од сперма да е. И сега ми е во мисла што беше..Дали некоја имала слично искуство да исфрли такво лепливо бело топче внатре потемно.и крвава слуз од страна
Здраво девојки ми треба мала помош па би сакала да прашам доколку може да ми помогнете мојата последна ментруација беше на 14.03 и овулација на 27март од како ми заврши оволуацијата на 30 март имав однос со мојот дечко секако заштитен и си сврши во кондомот надвор од мене потоа после 15 мин пак но тој уринираше и секако имаше орален и стави кондом и продолживме со друга партија но при крајот 5-6 мин го извади кондомот и пробавме без и од кога излезе од мене после 5 мин си сврши со матрубација сакам да прашам дали има простор за паника ете денеска треба да добиам си имам сипмтоми на болни гради како и секогаш секое мислење е добро дојдено поздрав сеуште чекам да добиам
Не не двата односи заштитени пред втората партија уринираше имаше и орален па стави кондом и при крајот кратко само без заштита и сврши надвор
Нормално стресот и се убив од мислење хаха страшна работа е психата иако градите ме болат и ми се зголемени тоа е знак ке си добиам
Мене само еднаш ми се случило да имам крв за време на овулација. Доста работи можат да се сменат после првиот однос, мене следниот циклус после првиот однос ми доцнеше за прв пат дотогаш (иначе како часовник точна на 26 дена добивав) и беше толку многу болен што не можев да стојам на нозе. Не знам како стигнав од факултет до дома... Да не те плашам, само да ти кажам да очекуваш промени..
После ова мислење напишав уште едно, ми дојде една недела порано (на 24 дена, а вообичаено ми е на 27-32) и кафеавиот исцедок пред да добијам ми траеше 2 дена, а инаку ми трае еден и после тоа сѐ беше исто. Само малку ме зачуди што ми дојде толку рано, па затоа решив да прашам.