Јас паничам дека сум бремена и без пенетрација и секс. А, еве ме толкава крава во дамнешното минато со програми за едукација и семинарски по родови студии за спб и женско полово здравје. Не е до слабата едукација, до стравот е.
Здраво девојки требаше да добијам на 09.05 но нема уште ништо бев на гинеколог на 12.05 ме гледаше вагинално но не виде ништо рече да одам за една недела и ми зеде брисеви... Многу сум загрижена да не имам некоја болест
Кај мене се јавува прозирно жолтеникав вагинален секрет, без да имам дополнителни симптоми, последен сексуален однос ми бил пред неколку месеци и со заштита, ако некој има сличен проблем, ве молам споделете мислење дали има некој природен начин да се сопре секретот?
Бидејќи имам работено на гинекологија како сестра и знам колку е непријатен прегледот..... несакам медикаменти да земам постојано барам некои по природни начини, т.е на природна база
Баш дека имаш увид во вакво нешто треба да знаеш од која важност е ваквиот преглед за една жена. Стисни заби и испитај што е за да не си ја удираш главата ако се искомплицира, а за да не дојде до ова- треба да го лечиш нештото додека е во почетна фаза.
Јасно ми е, ама знам како се работи, колку е нечисто, не стерилно, шансите се поголеми да се добие уште нешто плус, едина шанса е да се има пари да се појде на приватен гинеколог.....али тие ни се стандардите затоа ако некоја има сличен проблем нека пише за нешто на природна база да земам
Како бе нечисто, нестерилно ? Гледам сите добивме нешто плус оти редовно одиме на гинеколог, и замисли не одиме приватно. И природно не може да се реши, ако не знаеш што е причината за исцедокот.
Здраво девојки, пред околу една недела ја изгубив невиноста со дечко ми, после тоа наредните денови имавме уште неколку односи незаштитени (сврши надвор и при секоја „партија" се тушираше и мокреше) и сега сакам да ве прашам какви промени може да имам, доцнење на менструација или нешто друго и што ви се случувало на вас после првиот пат, а инаку имам 17 години.
Со заштитен однос ништо не се менува, со незаштитен може само инфекции да фатиш или евентуално трудна да останеш.
Тој не сврши во мене и после секоја "партија" се тушираше (го миеше и мокрееше за да не останал некој сперматозоид во предсемената течност) има шанси да сум бремена?
Не се ставај во ситуација на 17години да си ја чукаш главата, дали ради бременост или инфекција. Кога веќе толку млада си решила да имаш односи, најмалце шо треба да направиш е да користиш заштита.
знам ама тој го извади можеби 20 секунди пред да сврши, а во предсемената течност знам дека се уништуваат сперматозоидите што останале претходно со мокрење и со миење
Малолетни многу ме интересира со кој памет имате незаштитени односи? Не дека ги разбирам полнолетните што имаат секс без кондом, ама ајде ќе си ја сносат одговорноста за бременост или спб. Ама вие малолетни, уште сте деца, паметот ви лета, деца ќе раѓате или абортуси ќе имате на тие години или спб ќе лечите? Па дај малку размислете што правите, контролирајте ги страстите. Заштитете се и едуцирајте се.
иако имам 17 години, едуцирана сум и знам што правам, побарав само мислење, а не осудувања сепак фала ви