Не е осудување, совет е. Ама мали сте и одма се навредувате. Девојче може вака ќе се заштитиш од бременост да речеме. Ама со туширање и мокрење не можеш да се заштитиш од спб, туку само со кондом. Па размисли малку.
Сигурни ќе бидете само со испитување на лекар. А вака само можете да се надевате дека нема ништо. Зашто некои инфекции немаат на почеток симптоми.
А што ако е вистина дека е нечисто и нестерилно? Искрено, ич не би била изненадена. Не можеш во никој да бидеш сигурна. Не им пишува на чело дали имаат СПБ. Користи кондоми. Обавезно!
Грлс вака да ве прашам го направив профилов само за да слушнам мислење и од вас. Пред една недела имав прв пат однос ама без заштита, сврши надвор од мене и испив апче за ден потоа иако знам дека не требаше ама сепак пред тоа немам пиено никогаш. Пред 3 дена имав пак незаштитен однос (глупо од моја страна знам ама веќе никогаш) тој сврши 10 мин откако го извади, значи сам. Треба ли да паничам или нема потреба?
Не, не требало апчето да го пиеш немало потреба. Понекогаш е добро да се грижите за себеси. И пред да имате односи прочитајте на интернет малку секакви информации се достапни. И нема што да паничиш али ум за друг пат. Кондом и не прифаќај никако поинаку. Или секој пат ќе си правиш непотребни стресој... друг пат пред да пиеш апче консултирај се со доктор...
Фала ти и тебе за одговорот и советот ми значи многу, не можам да си дозволам ваков стрес повтормо така да со сигурност нема веќе незаштитен однос да имам
Многу е битно да ги запознаеш своето тело. Имаш орган чија единствена функција е да пружа задоволство. Женските не свршуваат потешко, напротив, воглавно многу полесно свршуваат. Само треба да го познаваш своето тело пред сѐ, и да имаш партнер кој едноставно само ќе прати што ти одговара. И да се погрижиш и да го спознаеш своето тело, пред да се грижиш за другите.
Имам еден проблем кој трае подолго време (1 година). На почетокот од сексуалниот однос се стегам и понекогаш не ни успева да влезе пенисот. Читав за вагинизам, но искрено ова не се случува секогаш, понекогаш е најнормално, така што мислам дека не е тоа. Партнерот многу ме привлекува, така да не е ни тоа. Any advice? Само немојте со одговори од Гугл, сѐ сум прочитала.
Ја искрено нишо не разбрав. Какви алтернативи бараш? Останува уште анален, друг тип на секс ја ко шо знам не постои.
Психичка блокада, си пробала ли да разговараш со психолог? Или знаеш ли што е причината што не си доволно опуштена и се стегаш? Дали имаш во тие моменти некои лични проблеми кои те мачат и не ти дозволуваат да бидеш опуштена? Исто за опуштање да пробаш да се напиеш магнезиум и витамин Б6.
Фала ти на одговорот, не сум разговарала со психолог, не мислам на лични проблеми, искрено, во тие моменти мислам зошто ми се случува тоа и колку повеќе пробувам да се опуштам толку се стегам. Партнерот ептен има разбирање, ама мене ми е грдо, плус, возбудена сум а џабе.