1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Интимни прашања, проблеми и совети

Дискусија во 'Секс' започната од skorpija1992, 30 јануари 2010.

  1. Bebce1

    Bebce1 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    6.063
    Пол:
    Женски
    А ние учевме сексуално образование?
    Ама ние се дружевме, шетавме на 15 години а не да се сексаме кај стигнеме и со кого, како што прават денешните деца.
    Денешната младина има интернет и се при рака и пак ништо не знајат. Па треба и родителите тука да ги советуваат.
     
    На poppie, cresa-jagoda и deskarada им се допаѓа ова.
  2. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.315
    Допаѓања:
    11.735
    Пол:
    Женски
    Им треба сексуално образование, не е сексот табу тема, а се однесуваме како да е. Родителите не сакаат да се воведи сексуално образование, но не сакаат ниту дома да разговараат на таа тема. 21 век сме, а уште се однесуваме како 15ти век и покрај големата достапност на информации. Ако членката е трол и се зачленила за да си пополнува време ок нејзина работа ама ако е сериозна со 2 пати употреба на ист кондом тогаш се соочуваме со епидемија на неинформирана младина и е проблем. Родителите не сакаат да разговараат, а децата им започнуваат со односи прерано, не знаат да се заштитат ниту од спб ниту од несакана бременост и после си ја чукаат главата и детето и родителот
     
    На Martka, GrimTheReaper, cvet.pet и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Andrijano31

    Andrijano31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2021
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    632
    Пол:
    Машки
    И не се става омекнувач ради контра ефекти.
    Исклучиво штирак :!:
     
  4. butterflu

    butterflu Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    Da ne bese ti uste da neznam
     
  5. Jovana555

    Jovana555 Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2020
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки.
    Еве и јас сакам да прашам нешто. Месецов со дечкото се опуштивме повеќе кога станува збор за односи. Читав по другиве теми дека последно време многу им пукале кондомите па ме фати паника. Читав дека кондомите се најголема заштита но сепак имам колку толку страв. Не сме спремни за бебе па не сакаме да ризикуваме. Цел месец имавме односи со кондом, бидејќи внимаваме не доаѓаше ни до тоа дечко ми да сврши во кондомот. Дали и покрај вакви односи има шанса за бременост?
     
  6. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    10.469
    Пол:
    Женски
    Ако сте имале односи со кондом и притоа тој не свршил во тебе нема никаква шанса да си бремена, не се секирај :)
    И да свршил во тебе со кондом шансата да пукне кондомот и ти во тој период да овулираш и да забремениш е препремала.
     
    На Jovana555 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Jovana555

    Jovana555 Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2020
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Постојано имаме односи со кондом но сепак не свршува во кондомот бидејќи имаме страв дека редовно пукал не знам што хаха. Сепак ти благодарам.
     
  8. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    10.469
    Пол:
    Женски
    А кај свршува ако не во кондом?
     
  9. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    2.276
    Пол:
    Машки
    Шансите за бременост се пре пре мали.
    Меѓутоа чинот нека трае а финишот на момчето не е морално да е додека е во тебе... Може да се скокне тој дел и да си заврши надвор. Претпазливодта нека е пред се друго... Моментите се пред вас двајцата. Има време за све.
    А тие во темите што често им пукаа кондомите 50..60 % се тролови.
    Бидете среќни пред се и сакајте се двајцата. Позз
     
    На Jovana555 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Jovana555

    Jovana555 Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2020
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Во право си. Навистина не сме во состојба за бебе. Пред ова имавме односи без заштита па како што кажа го прескокнувавме тој дел па си завршуваше надвор. Но од како читам се и сешто по интернетот постојано ме фаќа страв. Среќни сме и се е во ред па се надевам нема да дојде до несакана бременост. Позз и до тебе.
     
  11. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    2.276
    Пол:
    Машки
    Шо повеќе облека гледаш во бутик, толку по неодлучна ќе стануваш.
    Исто иинтернетот... Што повеќе читаш повеќе ќе си попара во главата. Со исклучок на некои статии на тој интернет.
     
    На Bebce1, MarijaMi90 и Jovana555 им се допаѓа ова.
  12. Jovana555

    Jovana555 Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2020
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Значи во мојот случај нема место за паника?
     
  13. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    2.276
    Пол:
    Машки
    Одговорот на тоа прашање го знаете само вие двајца. :)
     
    На Jovana555 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Jovana555

    Jovana555 Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2020
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Го вади па потоа на страна.
     
  15. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Кондом и свршување надвор е најбезбедно. Ако правилно е наместен кондомот, нема фабричка мана и сл, не би требало да пукне, но сепак некогаш постои мала шанса и за тоа; преголемо триење, недоволна влажност и др причини. Затоа се додека свршува надвор и користите кондом, знаеш дека нема никаква шанса за бременост.
     
    На Martka, LovelyGirl3, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Iki♡

    Iki♡ Нов член

    Се зачлени на:
    23 јули 2021
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Имам 21 година и сум невина. Имав прилика да изгубам невиност порано, но лично јас избрав да почекам зошто имам нередовна менструација и имав голем страв од бременост непланирана, некако не сакав да се изложувам на такви секирации и мисли и свесно избрав да почекам до некоја возраст кога ќе сум посмирена околу сето тоа. Исто така и некој психички страв од болка од првиот секс, од тоа што сум слушала искуства на другарките.
    Си најдов сега партнер со кој се чувствувам спремна за тој чекор, подолго сме веќе заедно, но сакав да се посоветувам тука како да немам болка при првиот сексуален однос. И општо вака како поискусни, како да се опуштам да немам мисли ако ми касни 10тина дена дека не сум трудна. Не сакам сексот да ми е стрес, да сум постојано со тестови за бременост во рака, навикната сум да ми касни, околу 45-50 дена ми е циклусот, со години ми е така уште од прво добивање, но кога ќе имам секс ќе биде поразлично, не знам како да се ослободам од тој страв во себе дека нешто се случило што не требало. Многу ме кочи тоа психички. Сакам да си останам опуштена ко сега, да знам иако касни дека се е во ред, кога тогаш ќе си дојде, а вака се си мислам со секс ќе ми се наруши тој мир во себе.
    Имам многу читано, едуцирана сум, кондом секако би користеле, свршување во мене никако, само надвор, мислам дека вака не би имала шанси да забременам зар не? Иако имам читано за луѓе со кондом што забремениле и такви работи ми прават дополнителен стрес.
    Голем хипохондрик сум и за болести, многу сум претпазлива за се и мислам дека сега баш ми се одрази тоа што толку пролонгирам со губењето невиност. Физички сум спремна, психички имам страв баш од ова што опишав погоре. Срам ми е да признаам пред други луѓе, па секогаш лажев дека едноставно физички не сум спремна, затоа уште немам секс...
     
    На WildMk и Jovana555 им се допаѓа ова.
  17. Jovana555

    Jovana555 Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2020
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    И јас сум иста ко тебе. Цело време стрес паника се буквално. На почетокот одвај некако успеав да му дозволам за да имаме односи. 5 години сме заедно и односите ни се средија. Од моја страна ќе ти речам доколку врската е сериозна, со оглед на годините, да си имаш односи. Ќе си користите кондоми. Можеш да пијаш и апчиња доколку сакаш поголема заштита, можеш дури и да не го оставаш да свршува во кондомот. При ваква заштита немаш потреба од паника или на секое да му ја мислиш. За болката не можам да ти кажам кај сите е различно. Јас не ни осетив кога имав однос прв пат. Ќе си се опуштиш со пред игра со се. Ќе разговараш со него пред односот да биде нежно и пополека. Сите сме го доживеале тој момент и немс потреба од толку голем страв за болката. Опушти се и уживај. Мислам дека помага доколку си повеќе "влажна", болка нема.
     
    На Iki♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Fancy_Nency 22

    Fancy_Nency 22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    А јас се тестирав преку брис.Резултатите ги чекам еве веќе две недели.На големи маки сум.
     
  19. Iki♡

    Iki♡ Нов член

    Се зачлени на:
    23 јули 2021
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Благодарам многу на споделеното мислење.
    Некој друг да сподели мислење и искуство? Благодарам однапред.
    И да замолам во пораки да не ми пишувате недолични коментари, споделив реален проблем и побарав совет, не побарав да ми се нудите да изгубам невиност со вас или да споделам приватни интимни информации.
     
    На Te@, slatkickamala, Jovana555 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.933
    Допаѓања:
    31.275
    Пријави ги.
    Тоа само чекаат и демнат, а пиши женско во тема секс, ете ги.

    Инаку ќе користите заштита, ќе внимавате, тоа е. Ќе пробаш да се опуштиш и да не мислиш цело време дали ќе останиш бремена. Доколку имаш доверба во партнерот и користите кондом, нема место за паника.
     
    На Iki♡ и WildMk им се допаѓа ова.