Dolga vrska imame, dosega ne baral takvo nesto tuku samo prst nekogas I mi bese ok toa. Ne e gej zaedno sme so godini ova sega e novo rekov deka ne me pali mene toa tuku obratno bas mi se unistuva raspolozenieto I vika ne e loso
Здраво! Другарка има 22 години, а тој 37 и се 2 години во недефинирана врска. Тој одбива да ја дефинира врската. Е сега.. Кога го запозна другарка ми беше невина и првиот ден кога беа поинтимни(тоа веќе пред 2 години), тој бил напален и сакал вагинален секс, но таа го одбила и му рекла да остават за следен пат. Од тогаш имаат само орален секс и ништо повеќе, тој не ни ја спомнува таа тема, иако на почетокот му рекол дека кога таа ќе е спремна да му кажи и ќе бидне. Во февруари оваа година другарка ми беше конечно спремна и му кажа, но тој а одби. Ја одби и повеќе пати после тоа велејќи дека нема време или неќел да е ко насила заради тоа што првиот пат кога тој бил напален таа го одбила. После кажуваше други excuses како не сакал да биде набрзина, па несакал да изгледа ко да ја изкорисил(wtf???). И по 500 прашања за која е точната причина зошто не сака ваг. секс, никогаш нема кажано некоја конкретна или логична причина. Па некогаш и рекол: ,,A шо не ти е доволно ова шо го прајме?", па велел дека нема време, па зошто не му спомнала порано па блаблабла... Е сега јас како неискусна нејзина врсничка незнам како да ја посоветувам, не ни имам идеја зошто тој не сака ваг. секс со неа, иако самиот и кажувал дека имал големо сексуално искуство... па етееееее ај хоуп дека некој има слична ситуација па ќе каже некој совет
Нека го почитува неговото мислење и нека чека кога ќе биде спремен и ќе сака, тогаш да имаат вагинален, како што тој ја почитувал и ја чекал толку време. Шала на страна, го има фатено инат оти го одбила, и сега тој ја одбива за да ја научи на лекција. Да се почувствува и она, како што се чувствувал он.
hm да ама дали е можно и дали е healthy 2 години да држи инает заради едно одбивање? Сепак се фалел дека имал големо сексуално искуство и и рекол кога сака таа, тогаш ќе имаат секс. И после толку време, таа чекала тој да понуди прв ама тоа никогаш не се случило.. плуууус веќе 8 месеци ја одбива..
Не е healthy. Што само говори за каков инат од човек се работи а има 37 години. Кога веќе не му се допаѓало да чека 1+ година требало да раскине на време, а не вака со инати да тера. Само со разговор ќе го разрешат проблемот.
Твоево ми има логика, но јас помислив нешто друго... Малку разликава во год. е според мене мнг ама... дали можеби ја одбива бидејќу ако имаат секс ќе биде "приморан" да ја дефинирана врската? мене ме секира делот 2 год се заедно но немаат ништо деф.
Проблемот е што постојано одбива да ја каже вистинската причина и тоа неколку пати и ја обвинува дека го напиња со тоа..
Исто и тоа одбегнува да дефинираат што се. Буквално човеков не сака да разговара на такви теми со неа а 2 години не се воопшто малце време
Може и да има тоа причина. Ама врската се дефинира во првите неколку месеци, а они 2 години се мољакаат за вагинален секс и тераат инати. Прво таа 1 година, после тој 8 месеци. Ова не е здрава врска уште од самиот почеток. Дефинитивно е од инат. Сигурно и користи некои нејзини зборови и фрази од типот: "не ме напнувај за тоа", "дај ми време" итн. Мислам дека на некој начин и сеедно му е станато и после толку време на "чекање" има изгубено и желба, а и емоции, и се. Секако, крајно нездраво и многу детски од двете страни, посебно од негова. Не доликува на некој што има 37 години. Од ова ништо сериозно нема да биде. Врскава нема иднина.
Ама другаркава само му рекла да биди за следен пат кога ќе бидат интимни и тој ја разбрал тогаш и не и направил проблем. И сега нема смисла неговото одбивање. Дали е можно да има друга со која се гледа?
Како за следен пат кога викаш дека тој 8 месеци ја одбива, а се 2 години во врска. Значи 1 год и 2 месеци поминало од тоа за "следен пат". Можно е да има и друга. Можно е да нема. Ама тоа е небитно во ситуацијава. Тоа што е битно е дека врскава им е 2 години, а не води никаде. Уствари и не е врска, туку секс со бенифиции. А се луѓе во зрели години. Нека се преиспита другарка ти што прави со таков човек, што очекува и планира. Млада е да си го троши времето на нешто што нема иднина.
Точно. Ама зошто толку му е тешко да признае ако се пријатели со бенефиции и да го разговара тоа? И зошто не сака да каже причина што одбива секс? Инает може да тера дете а 37 годишен човек нема смисла. Таа само се нервира и паѓа во депресии ради него и неговите детски игри.
Знаеш, за да и ја олесниме ситуацијава треба да го поедноставиме пристапов. Наместо да се бара одг. на прашањето зошто му е тешко да одг. или зошто ова, она, треба да се отворат убаво очите и да се видат неговите дела и однесување, што и како придонесува кон врската и кон емотивното здравје на девојката. Знам дека тоа не е лесно но мора црно на бело да се види и решителни одлуки да се донесат. И да бидеме реални има 37год
Они немаат врска. Не излегуваат во јавност никако, ни во кафетерија не сака со неа да оди. А како пријатели се океј, си помагаат едни на други, тука се кога и да си требаат меѓусебно. Ама само кај него во станот се се одвива. Во јавност никако