1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Интимни прашања, проблеми и совети

Дискусија во 'Секс' започната од skorpija1992, 30 јануари 2010.

  1. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    483
    И јас имам (facepalm)
    Од време на време на секојдневна улошка ставам домашен кантарион пред спиење :$
     
  2. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    2.340
    Пол:
    Женски

    Која е поврзаноста ако не си чепната, со вагиналетите? :^)
    На гинеколог се оди редовно, нема услови и ограничувања.
    Штом имаш бело прање цел живот, значи дека имаш и некакво пецкање,чешање,неудобност…и ваљда не си била до сега нс доктор?
    не знам како го издржуваш тоа.
     
    На S.W.A.G и Fancy_Nency 22 им се допаѓа ова.
  3. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    2.340
    Пол:
    Женски

    Не,не е нормално. Од каде овие констатации?? Во 21 век уште предрасуди за гунеколог и глупости.
     
  4. 100nogalka

    100nogalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2017
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    209
    Nemam nikakva infekcija I Pap test pravev
     
    На Bebce1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.644
    Пол:
    Женски
    Не знам што ви е со мислењава, ама да, бело прање- исцедок е најнормална работа што мора да постои.Ако го нема значи дека нешто не е во ред.
    @edna_malecka ако ти е преобилно или ја менува бојата и мирисот треба да посетиш гинеколог(иако би требало и за редовна контрола чисто за себе да си одиш).
     
    На Anastasia9228, buba4e89, FVP и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Beemo

    Beemo Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    394
    Пол:
    Машки
    Машко сум, така да немам некое познавање на темава, ама пред некој ден имаше доста популарен пост на Редит од жена што со години се мачи со исцедок мислејќи дека е нормално. За на крај да мора да иде на гинеколог каде дознава дека решение имало за тоа цело време додека се мачела. После неколку дена од терапијата се средила.

    Муабетот што она го направи и коментарите од жени на тој пост потсеќаат на коментарите тука и поделеноста помеѓу што е нормално, а што не.

    Не знам дали може да се споделува Редит линк, ако не, нека се бриши од модератори.
    https://www.reddit.com/r/tifu/comme...rmal/?utm_medium=android_app&utm_source=share
     
    На eliesaab, GirlVolley и pikabu5 им се допаѓа ова.
  7. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    2.340
    Пол:
    Женски

    Не,не е нормално. Нормално е да имаш некој ден пред мензис и после мензис. Бело прање и исцедок-влажност на вагината се две различни работи. Кога ќе посети гинеколог,ќе дознае.
     
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Немаш само некој ден пред и после менструација, имаш секој ден од месецот.
    Само треба да е прозирно или светло бело, без мирис, без чешање.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.644
    Пол:
    Женски
    Бело прање е народски збор за нормален вагинален исцедок што служи за заштита и чистење.Треба да го има најголем дел од времето, како што пиша и мантуб.
     
    На Anastasia9228, cresa-jagoda, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Ljubova

    Ljubova Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2021
    Пораки:
    785
    Допаѓања:
    3.218
    Јас имам редовно исцедок. Скоро секој ден сум со секојдневни влошки. Гинеколошки прегледи правам редовно. Гинекологот ми кажа се додека е нежно бело - прозирно и не го менува мирисот од стандардниот, нема простор за паника. Едноставно некои жени имаат чест исцедок, некои не. Мислам дека има разлика меѓу бело прање што е чистење или предзнак за настинка, инфекција, и регуларен исцедок.
    Кај мене има во мирисот и густината. Или можеби е истото ама се менува од ситуацијата?
     
    На eliesaab и Angie1432 им се допаѓа ова.
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Сега само што ќе прашував, што е бело прање различно од исцедок кога јас знам дека е само народски збор.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.644
    Пол:
    Женски
    Истото е, ама може да се менува во зависност на пр. во кој дел од циклусот си или ако имаш инфекција.
     
    На Ljubova му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.664
    Допаѓања:
    16.152
    Пол:
    Женски
    Вагиналниот секрет има погуста конзистенција за време на овулација, па се до менстуацијата, но неколку дена пред менструацијата секретот се намалува.
     
    На Elf, Aschenputtel и Fancy_Nency 22 им се допаѓа ова.
  14. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.426
    Допаѓања:
    10.467
    Пол:
    Женски
    Доколку вагиналниот исцедок има многу јак мирис, имате пецкање, чешање, не е за занемарување или доколку ја менува бојата.
    Јас не би барала совет тука, туку веднаш би одела на гинеколог.
    Со здравје нема играчка. Инаку може често да се има исцедок доколку е проѕирен, или бел кој не значи инфекција.
    Како и да е доколку се оди редовно на контрола само тогаш ќе знаеме дека не сме носители на некоја инфекција.
     
    На eliesaab, GirlVolley и x-MajaEsposito-x им се допаѓа ова.
  15. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    3.522
    Пол:
    Женски
    Луѓе не мора да имате исцедок, пецкања, нормална, ненормална менструација за да одите на гинеколог. Секоја жена откако ќе добие прв пат циклус па понатаму, треба да прави редовни прегледи. Не мора да ви биде нешто за да направите 5 минутна контрола која кошта 0 денари кај матичен гинеколог. Исто и за дојките.
     
    На Mantub, cresa-jagoda, buba4e89 и 8 други им се допаѓа ова.
  16. krofnicka27

    krofnicka27 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    12.613
    Пол:
    Женски
    Zenski, dali pri terapija so flazhil protiv kandida i gardnerela treba da pijam i probiotik? Ginekologot ne mi kaza nisto, a vo apteka mi kazaa deka e preporaclivo i probiotik da se pie so taa terapija..
     
  17. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.315
    Допаѓања:
    11.731
    Пол:
    Женски
    Да обавезно, антибиотик пиеш, заштити си го желудникот
     
    На cresa-jagoda и krofnicka27 им се допаѓа ова.
  18. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.664
    Допаѓања:
    16.152
    Пол:
    Женски
    Обавезно, флажилот е многу јак антибиотик.
     
    На krofnicka27 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Не мора да имаш секс за да имаш бело прање. Прави си редовни контроли.
     
    На GirlVolley и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. krofnicka27

    krofnicka27 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    12.613
    Пол:
    Женски
    Imam uste edno prasanje..
    Snosti gi pocnav vaginaletkite, a sosema zaboraviv deka za 3-4 dena treba da dobijam.. I sega sto da pravam? Smeam da gi stavam i za vreme na ciklus? :worried: Ako ne, da gi prekinam togas pa pak da prodolzam ili?
    Obicno sekogas sum pazela na ova, ama eve sega izumiv...