Епа не се сите вистински родители. И не е само тоа, реков може милион причини да има. Ти како машко кое не се соочува со женски гинеколошки проблеми ниту пак со гинеколози најде со сарказам да и одговараш на членката? Си бил некогаш на гинеколог и знаеш како стојат работите?
Па има разлика од "не можам" до "не сакам". Мислам еве, може да побараат препорака за гинеколог, може да прашаат кој е подостапен и добар со цени, ако стварно би сакале. Ама не, од старт одговорот е - не одам.
Така е. Плус дијагноза е многу тешко да се направи некогаш и во живо а не па вака на форум. Бидејќи сум имал проблеми од тип на кандида и така што сум приметил по странскиве форуми кај што има дерматовенеролози. Самиот доктор ти бара слика и пак не ти кажува сто посто, туку може да е ова или она и пак на крај те праќа да одиш на лекар да те видат во живо и ако има потреба да се направи испитување. Одговор е: Според сликата личи на.... Ама нема сигурен одговор.. Кога би имале дијагноза полесно е. Кој имал претходно искуство може да даде совет или да предложи кај кој доктор бил и како е задоволен.
^ За одењето на гинеколог не се чудете ама и кај младите е табу тема кај некои, не па кај родителите. Јас како дете возрасно мајка ми ме носеше првите два пати на гинеколог. Ама другарка ми, во средно се сомневаше на бременост и не знам што и како одеше кај некој во друг град приватен, за да не разберат нејзините дека има одено на гинеколог. Тогаш знаете кога беше со сините картончиња па имала комшивка во социјално работела па ќе кажала на мајка и И до ден денес и се чудам ама има секакви родители, едноставно не зборуваат дома а треба! Друга другарка на 25 со планирана бременост, првиот месец не одеше на гинеколог, ја било срам! И требаа два месеци да се пресрами за да виде како е бебе, што значи она никогаш дотогаш немаше посетено гинеколог! Инаку млади сме не сме над 50 години. Имам уште многу примери кои не ми се јасни. Затоа уште од мал со син ми разговараме дома за органите на тело. Нема срамота, сите ги имаме, за еден ден недај боже нешто ако го здоболи да има срам да ми каже, или да ќути и да молчи.
А зошто сексот не е табу тема? Зошто не им е незгодно да се слечат пред момче кое го виделе еднаш-два или дваесет пати? Со односи почнуваат сѐ помали, а на гинеколог одат сѐ повозрасни, најчесто при прва бременост. Либерални сме за стапување во сексуални односи, родители дозволуваат преспивање кај дечкото ама конзервативни сме за одење на гинеколог. Не ми оди некако. Подобар избор ми е тој на другарка ти, што пошла на гинеколог во друг град него да не појдеш ич. На младиве денес сѐ им е достапно на интернет, можат да се информираат и распрашаат и за гинеколог во однос на цени и соработка со фонд ако не сакаат да одат со мајката, можат да викнат тетка, братучетка, дури и професорка која ја осеќаат за поблиска, психолог, социолог во школото каде учат, секоја од нив би излегла во пресрет верувам. Доста на гинекологот гледаме ко на некое страшило, тој е исто што и забарот или очниот лекар. А сите трчаме кога нѐ боли заб ама срам ни е кога нѐ боли вагината.
Zdravo .Imam problem isplasena sum pa bi sakala da ve prasam za mislenje bidejki nema na kogo da se obratam . Imam 19 godini i imav seks mi bese vtor pat i mislam deka e i normalno da sum isplasena sea .Seksot traese okolu 20 minuti i na kraj se pozali ne mozam da svrsam a potoa koga zavrsivme svrsi . Znaci ne svrsi vo mene.Mene trebase da mi dojde menstruacija vcera no seuste nemam dobieno,najcesto mi doagja na 33 den a minatiot mesec mi dojde na 36 den.Inaku ovaa nedela imam nekogas bolki vo dolniot del od stomakot i gradite me bolat a seuste nemam dobieno .Strav mi e mnogu bidejki sum mlada a i ne iskusna .36 den e vo ponedelnik od ciklusot .No nemam mir sakam denes da kupam test za bremenost .Sto mislite vie ?
Не се карај одма, убаво ти пишала членката погоре. Секоја нормална жена која е сексуално активна оди на гинеколог чисто да си се провери.
Не знам зошто толку страшно се сфаќа тоа одење на гинеколог ? Се работи за лично здравје, за репродуктивниот систем... како што одиме на забар..., да провериме крв барем еднаш годишно така и тоа. Нема зошто срам на ова, најнормално е
Утре треба да добијам, но немам никаков знак дека ќе добијам не ме болат градите ништо. Од што би можело вака? Односи само со кондом ништо не се има случено...