1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Интимни прашања, проблеми и совети

Дискусија во 'Секс' започната од skorpija1992, 30 јануари 2010.

  1. applepie

    applepie Нов член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2022
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки! Ве читам долго време и сега се решив да направам профил и да побарам Ваш совет.

    Имам 22 години и веќе скоро 5 години дечко. Односи имаме од пред 3 години, но јас не сум кажала никому. Со мајка ми не сум воопшто блиска за жал... Имам матичен гинеколог, но сум била жими еднаш како "невина" заедно со мајка ми за друга работа. Е сега навистина треба да одам, ама ај што не знам како да го изведам тоа, туку и се срамам.

    Значи имам пецкање неколку дена, чешање, неописливо чувство (а вака видно нема црвенило или нешто). Сум слушала и читала за чај од камилица или ракија да се стави на влошка преку ноќ. Се обидов вечерва да ставам ракија и ужаснооо печеше, околу вагината и на самиот отвор во вагината... Деновиве имам и обилен исцедок, меѓу бело-жолта боја.

    Ве молам совет што да направам. На гинеколог ете би закажала кај матичниов, но не сакам да одам сама, а и се плашам дека ќе и' спомни на мајка ми нешто. Знам дека ќе речите голема си, нормално е тоа итн итн ама тоа е веќе друга тема. Мајка ми е малку застарена личност и е строго против некои работи, иако никогаш не сме ја отвориле оваа тема. А ајде тоа, ужасно ми е срам.

    Да надополнам и дека не уживам во сексуалните односи, бидејќи не чувствувам ништо освен болка. Значи мора да посетам гинеколог, бидејќи знам дека има некој проблем кој не можам да го решам сама...
     
    На Cecko85 и Tammsy им се допаѓа ова.
  2. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Прво, не ставај никакви билки и ракии или јогурти или било што од сличен тип.
    Поголем проблем ќе си направиш.
    На гинеколог МОРАШ да одиш.
    Нема друг совет, чаре, некое решение што не вклучува доктор.
    Тоа е единственото решение.
    Матичниот гинеколог не смее ништо да споделува за твојата здравствена состојба со никого, ниту со мајка ти зошто ти си полнолетна и е против законски и тоа тој го знае и нема сигурно да ризикува проблеми со лиценца само за трач муабет за пациентки.
    А ако немаш доверба, смени го матичниот.
    Не ни мораш да одиш кај него на отпишување, само си одиш кај новиот кај што сакаш да се запишеш.
    На гинеколог ќе закажеш термин за преглед, кога ќе одиш таму ќе кажеш не сум дојдена до сега, а имам симптоми на инфекција, ќе те праша дали си сексуално активна, ќе кажеш Да и ќе те прегледа.
    Исто ко на општ матичен лекар.
    Битно не чекај и не се секирај за мајка ти, не мораш да и кажуваш, а докторот НЕ СМЕЕ да споделува ништо.
     
    На GirlLove, fana, Luminary и 3 други им се допаѓа ова.
  3. applepie

    applepie Нов член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2022
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Па евентуално би пошла и на приватно, посекако и матичниот зема 1000 денари од преглед...
    Благодарам многу на споделеното мислење :hug:
     
  4. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.275
    Допаѓања:
    19.781
    Пол:
    Женски
    Ако стварно ти зема матичен 1000ка за преглед, накратко те краде. Смени го.
     
    На SandraPink, cresa-jagoda, Mikha4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Матичниот не смее да зема воопшто пари за преглед, ама тоа е, често се занесуваат матичните гинеколози.
     
    На cresa-jagoda и applepie им се допаѓа ова.
  6. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Не смее да и каже на мајка ти како тоа така. Постои нешто што се вика медицинска тајна. Оди нека не ти е глупо. Јас помала сум од тебе сум била неколку пати не е срамно. Да земеш некоја блиска другарка? Или братучедка ако имаш.
     
    На applepie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. applepie

    applepie Нов член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2022
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Знам, истото и' го кажав и на мајка ми, но нејзиното објаснување беше дека сите земаат и дека нема друг "добар" во градот. Дури ја замолив и за женско, но рече дека нема и дека години оди таа кај него... Значи воопшто не беше отворена за разговор на темава, никогаш не била.

    Немам толку блиска другарка, а братучетките сите се мали дечиња. Валјда ќе смислам нешто, но ми треба некој да ми објасни и да ме опушти за да го направам тоа.
     
    На Cecko85 и Kimberly11 им се допаѓа ова.
  8. applepie

    applepie Нов член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2022
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на сите за одвоеното време и споделените мислења и искуства, се надевам ќе се реши добро работава...
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Оди со дечко ти, тој нека дојде со тебе на преглед, не мора со мајка ти.
     
    На applepie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.885
    Допаѓања:
    25.950
    На 22 години, сексуално активна мора да одиш на гинеколог еднаш годишно. Прегледот не е воопшто страшен. Нити си прва нити последна девојка што ќе ја види докторот нема потреба од срам. Ќе те прегледаат, ќе ти кажат ако треба нешто да правиш плус и толку. Јас имам матичен гинеколог од мои 15години и сум одела иако не бев сексуално активна до 19.
    Чувајте го здравјето!
     
    На Cecko85, christinnn, applepie и 3 други им се допаѓа ова.
  11. 100nogalka

    100nogalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2017
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    209
    Нема од што да се срамиш 22години имаш и си сексуално активна 3години требало и до сега да имаш отидено,
    Ништо не е страшно и срамно тоа како да одиш кај општ лекар,
    А тие бабини лекови чаеви ракија не ставај можеш да си направиш поголеми компликации од чајот ништо но алкохол на вагина да ставаш некако не ми е океј
    Не мораш да одиш кај матичниот оди на приватно или кај друг доктор/ка
    Јас прв пат отидов на 21година
    Исто ми беше срам глупо и сватив дека ништо не е срамно и страшно, од тогаш редовно одам
     
    На christinnn и applepie им се допаѓа ова.
  12. Kalince1996

    Kalince1996 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2021
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    182
    Здраво девојки. Другарка пред 3 дена прв пат имала однос со дечко и. Тогаш за време на односот имала многу болка но немала крв. Наредниот ден забележала дамки од крв при одење во ВЦ и веќе 3 дена крвари по ептен малку. Зошто би можело да е така да не има некоја искуство?
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.080
    Допаѓања:
    26.865
    Совет до другарка ти: нека оди на гинеколог.
    Од каде може да знаеме дали имале груб секс, дали имал тој или таа инфекција, дали е било на "суво".
    Може да е од најмала ситница па до најголем проблем.
    Ова е исто ко да кажам, паднав и имам рана што крвари што може да е?
    Едит. Сега прочитав дека и било прв пат, кај секого е различно, посета на гинеколог не е на одмет.
     
    На Cecko85 и Kalince1996 им се допаѓа ова.
  14. Kalince1996

    Kalince1996 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2021
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    182
    На гинеколог ќе оди, закажала. Само што додека оди се нервира и се плаши па затоа побарав мислење. Фала ти. :D
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.644
    Пол:
    Женски
    Извини вака ама 5 години си во врска и мајка ти мисли дека имате платонска љубов?
    Што е најстрашното што може да се случи ако отидеш сама и мајка ти дознае?
     
    На Cecko85, Alex.T, christinnn и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Dekoo

    Dekoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2020
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    766
    Пол:
    Машки

    Искрено не би ме зачудило, со оглед на тоа колку ограничени луѓе живеат во земјава.

    А може и едноставно не се блиски.
     
    На SandraPink и Mikha4 им се допаѓа ова.
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.644
    Пол:
    Женски
    Првото е...и да не се блиски се подразбира.
     
    На Dekoo и Mikha4 им се допаѓа ова.
  18. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.275
    Допаѓања:
    19.781
    Пол:
    Женски
    Искрено многу ми се смешни родители што мислат дека децата нивни во долгогодишни врски немаат секс само зашто они се со застарени сфаќања. :D
     
    На noteforself, Alex.T, Mantub и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Dekoo

    Dekoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2020
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    766
    Пол:
    Машки
    Знам, тоа е страшната работа ..
     
  20. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.062
    Допаѓања:
    7.318
    Obidete se zaedno da ziveete I da pominuvate poveke vreme zaedno so toa ke se opustite. Zboruvajte otvoreno, ke gi nadminete problemite Ako navistina se sakate.
     
    На Lois му/ѝ се допаѓа ова.