Некое машко за лп, ми треба баш совет од машка страна, но и некоја од женска страна ако има слободно, имам мал проблем што ме мачи
Кажете некои вагиналети за вагинални сувост,иначе сум во перименопауза,користам лубриканти при интимен однос, но сувоста ја осеќам константно
За ова најдобро гинеколог да посетиш, зошто сувоста од перименопауза и менопауза не е како обична сувост
Не мислев дека ќе се најдам во темава и ќе пишам ама еве сум - и тој ден дојде. Во брак сум, млади сме.Некако во последно време како страста да е згасната, како механички да имам секс. Не знам како да објаснам, либидото ми е паднато скроз. Вистина,имам стрес во текот на денот ама па кој нема.. се трудам да се опуштам пред тоа ама не оди некако.. . Пробав да не се карам за банални работи,ете си реков психички да не ми влијае и после таков ден без кавги е пак истото. Не е дека не го сакам,чувстувам љубов и длабока почит кон него. Сепак е татко на моите деца. Совет давајте што да сменам,што да направам. Во што е проблемов ..
Разговарајте за сексот,кажете си ги скриените желби,пробајте нешто ново што не сте пробале до сега,праќајте си секси пораки преку ден додека не сте заедно,може и по некоја нудс пикчр. Сексот станува монотон ако не менуваш нешто
А тој се труди? Иницира? Превзема нешто да ти ја разгори желбата? (Не напаѓам, само размислувам на глас) Татко на моите деца рече. Тоа ми падна во очи. Можеби цел фокус паднал на тоа, татко. Дали сеуште го гледаш како партнер, сопруг? Тие моменти лесно се замаглуваат во секојдневието. Можеби го осеќаш сексот како обврска, па затоа паднало либидото. Прочитав некаде и се согласувам потполно, сексот или поточно предиграта не почнува пред самиот чин. (Најчесто мажите не го разбираат ова) Таа е во текот на целиот ден, секој ден, поглед, флерт, допир, бакнеж, обврските, начинот на комуникација. Како се трупаат обврски така партнерите го запоставуваат односот и потоа се лепи етикета "страста се изгуби, нормално е". Не е нормално. Само бара труд од двете страни. Ова е мое мислење. Се надевам ќе ти помогне.
Секако дека го гледам. Се уште сакам да се дотерам, да му бидам убава и него и на себе, правиме работи што не исполнуваат двајцата. Обврските во текот на денот не ни дозволуваат да се опуштиме, да посветам повеќе внимание. Доаѓам дома од работа и се осеќам ко на трки. Ручек,децата, да исчистам. И веќе кај 7-8 вечерта сум капната. Тој и да е иницијатор јас немам желба за ништо веќе тоа време. Нешто морам да сменам во секојдневната рутина, некој поинаков распоред,не знам. Вака ќе се изгубиме. Не дека сексот ми е најбитен ама сепак.. Тој се труди и во текот на денот ми помага @Polyincognito тоа што сме зборувале дека ми смета не го прави, ме поддржува за голем дел работи,туку ја сум окупирана од свои проблеми. Ви благодарам на сите за советите.. Ова да го кажам само подолу напишано, има некој напредок што не знам дали ќе продолжи Утрово со велосипед одев на работа.Тој со кола.. Само што тргнав требаше да се престројам од една лента во спротивната, ама не стигнав бидејќи само што тргнав. Ко за несреќа еден нервозен возач возејќи застана со колата и лом ме направи,како не сум знаела во која лента треба да возам и ми рече,да ти еб*м племето. Јас збунета не знаев што да вратам на коментарот и таман да тргнам маж ми дојде од зад мене, не тргнал со колата туку ме гледал мене, буквално кај нас пред куќа беше настанот на 10 метри. Леле луѓе кога му се вдаде мојов, да се расправа вербално, па да видел дека тогаш сум се вклучила на улица. Јас само стоев настрана и го гледав колку е спремен да се бори за мене,за ништо да не ми фали и многу убаво ми дојде. Летаа пцовки,за малку што не излезе и овој што ме опцу. Го испрати возачот сочно и ми рече терај си по патот сега на другата лента ако те чепни некој кажи. Цел ден го мислев и кога си дојдов дома се слеков и му се оддолжив
@firequeenn Како конкретно тој се труди, ако: Genuinely curious Бидејќу има разлика од иницирање партнерство до само иницирање пристап до интимност на крајот од денот