За проблемот со начинот на крварење мора да одиш на гинеколог и таму убаво ќе се види што е и дали е се во ред. Вака на невидено никој не може да ти каже што се случува. (И сега малку off) Мене ме загрижува она што го болдирав. А бе дете! Кај ви е бе паметот?! Не треба да стискаш заби НИКОГО да задоволуваш! Малку достоинство и самодоверба, аман! (Е не знам колку пати сум го напишала ова на форумов, ама па навистина не ми се верува!). Ако не сакаш секс-не треба да имаш секс. И точка. Не треба да се чувствуваш приморана нити должна за нешто такво. Ако не те почитува доволно вака, нема да те почитува ни га...то кога ќе му го дадеш (нити па ќе те сака повеќе). Размисли малку за ова!
Li0ness најпрво фала за искрениот совет.Имам многу размислувано на таа тема со дечкото,бидејки не сакав вагинален да му дадам попуштив 2 пати за анален.Искрено се каам...но ете се обидувам да го одбегнам сето тоа.Не сваќа дека јас немам и некоја желба за секс,не дека не ме привлекува.Ме привлекува и тоа како но сепак сметам дека рано ми е и дека не сум баш потготвена да го изгубам девојчето во мене и да станам жена... А за гинекологот живеам во мал град веднаш ке почнат озборувања,имаме разговарано со мајка ми на таа тема и таа смета дека ординацијата на гинекологот е нечиста а и дискрецијата не била баш на завидно ниво. П.с само да не дојде до недоразбирање за озборувањата, ќе почнат озборувања дека сум бремена бла бла бла... во мал град никој не гледа за себе туку за другиот
Сакала да го зачува девојчето во себе.... Мафни му на девојчето, бидејќи веќе ти е изгубено, си имала анален! Господе боже. А за размислувањата од другите во мал град, да те прашам тебе нешто. Поважно ти е тие што ќе мислат, или здравјето твое??? И не ми продавај пуфки, не си некоја ѕвезда па цел град за тебе да зборува, големото чудо била на гинеколог. Па и да мислат дека си бремена, нека мислат, ќе се виде тоа по неколку месеци дека не си! И јас сум од мал град, и не е толку трагично колку што го пренесувате тоа. Тоа ви е изговор за да не отидете! Гинеколог е нормална работа, и искрено кога би била машко би ми било шубе да имам односи со некоја која никогаш во животот не била на гинеколог, од каде да знам јас што има таа, инфекција денес има секоја втора сексуално активна девојка. А ако мајка ти смета дека ординацијата на гинекологот била нечиста, постојат и други ординации, постојат и други градови во Македонија. Зошто еден ден кога ќе дојде време за раѓање, ќе кукате и ќе трчате по сите гинеколози низ цела Македонија! Така да, сфатете еднаш дека гинеколог мора да посетува секоја девојка, ако ни треба некаква помош од интимната област, кај него треба да се обратиме. И дека е сосема нормално како да си била на заболекар.
Искрено и сама не знаам...залутав.дојдов овде да побарам совет а пред се да најдам и пријателки...затоа што последните месеци се чуствувам на дното.Вистина е дека и тоа е секс ама то е друга тема... знаам дека нема оправдување ама ете се случи
Убаво кажано...Не продавам пуфки но така е кај нас.Во ред е за девојчето што е изгубено готово. Не ми дозволува мајка ми да одам на гинеколог(па не е до мене)... ете кажав
Тогаш можеш сама да отидеш на приватно. Другарка со тебе и ајде. 1000-ка в џеб и тоа е. И никој нема ни да дознае, не ќе се замара цел град со тоа ти каде одиш. И јас сум од мал град, не е дотолку. Здравјето е пред се.
Се случи- се случи здравје не си ни прва ни последна што ќе ја изгубиш невиноста, зошто да трпиш болки кога можеш да уживаш (со вагинален) ти секако веќе си станала сексуално активна, размисли ти прво што сакаш,
па и ќе го направам тоа... фала на охрабрувањето Не сакам вагинален...а за аналниот кажав се случи 2 пати и нема повеќе.Ги издржав болките заради тоа што го сакав дечко ми и сакав да го задоволам.Грешка од моја страна но тоа е
Ако го сакаш дечкоти и ако сакаш да го задоволиш зошто не си дозволиш и твое задоволство и ти да бидеш исполнета со љубов и уживање (не биди жртва на задоволства, исполни ги твоите-уживај)
Примавера, зборувај со мајка ти дека сакаш да отидеш некаде на гинеколог, многу е полесно она да те однесе во друг град и да знае, отколку да собираш пари сама и да се криеш.Предложи и го ова, натерај ја
незнаам и самата,збунета сум.Од една страна таа вели дека не е ништо страшно а од друга страна сум јас и мислам дека е нешто сериозно
Ај да прашам јас нешто (пак) Значи од последниот пат кога бев доле отечена (од предозираност ), како да ја изгубив влажноста. Можно е? Желба за секс, имам до некаде, ама немам доволно навлажнување. За време на сексот, т.е не целиот чин, туку од половина па натаму, ме пече малку внатре , а после и при мокрење го имам печењето. Што е работата?
Ме интересира зошто доаѓа до овулациско крварење при однос?Ова ми се има случено неколку пати,не е обилно крварењето и гинекологот ми рече дека не е страшно,ама непријатно ми беше да ја проширувам темава со него .Ме интересира онака информативно .
работата е инфекција некоја. направи пап- тест и ќе си видиш. вака само може да погодуваме сигурно ти е непријатно и самото печење не овозможува да се влажниш и уште толку на суво повеќе ја дразниш. така да сигурно не е страшно но провери си се.
Значи јас одам на гинеколог веке 2 години, а мајка ми нема поима дека јас воопшто сум била некогаш. Фала му на Господ што до сега сум немала посериозен проблем, инаку кога би имала веднаш би и кажала. Така да, јас на гинеколог отидов со другарка ми.
Сум имала с*кс (вагинален) само еднаш! Пред 2 -3 месеци! И уште од тогаш цело време ме пецка и гребе доле незнам што да правам! Стално раката ми е доле и чешајсе! Не верувам дека е од влакненцата бидејки гји нема многу! Ве молам за помош
Па би требало да одиш на гинеколог ако мислиш дека не е од влакненцата.Веројатно е некоја инфекција Спојлер само немој да кажеш дека ти е срам да одиш на гинеколог
пробај со камилица,значи свари си чај од камилица и измиј се со него така 2 до 3пати во денот,,неколку дена и мислам дека ке ти помине,ако не тогаш оди на гиниколог. п.с можеш да си купиш и од оние интимните гелови...