Интимните гелови воопшто не се препорачливи . Гинеколозите препорачуваат да не се употребуваат затоа што ја нарушуваат PH вредоноста на слузокожата.
Само чиста водичка и камилица, доле ни сапун, ни гел за туширање, ни купка, ни интимен гел, се може да има во нивната содржина, што не реагира на секоја кожа и сечија вагинална флора еднакво.
Чудно ама вистинито. Јас прв пат кога имав канидида ја излечив со нивеа интимен гел Ама не е препорачливо ова моево лекување зошто може да ја поремети рН вредноста во вагината. Сум пишала 100000000 пати и ќе пишам пак за кандида помага: одмивање со чај од камилица, сода бикарбона, растворен калиум перманганат, што помалку внесување шеќер, носење исклучиво памучна долна облека + ГИНЕКОЛОГ обавезно, за да утврди дали се работи за кандида или нешто друго.
девојки мене од сношти ме боли Спојлер клиротисот само што почнавме да имаме секс,ми дојде неубаво чуство,и престанавме,ии кога ке седнам ме боли и почна да ме чеша
Девојки, да ве прашам нешто. Во последно време со дечко ми ретко имаме односи. Поради разни причини дојде до тоа. Проблеми од дома, стрес, нервоза и сето тоа придонесе кај мене да се намали желбата за секс. Го посакувам, но не како порано. И тогаш кога се случува да имаме односи, чувствувам болка во вагината. Не знам од што ми е. Одиме годинаипол и до сега ми се нема случено вакво нешто. Не е дека не сум опуштена кога сум со него. Навистина не знам што е работата. И кога посакувам да имаме секс, од самата помисла на болката, желбата ја снемува. Сакам да се промени ова, но не знам како? Почесто да имаме односи?
Hезнам блонд ама наеднаш како суво уф одвратно чуство ми дојде за време на сексот,а траеше 4-5 секунди....и нешто почнав да се чешам и осетив болка кај клиротисот што можам да направам за болкава?
Од што може да ми биде предизвикано пецкањето доле ? Во последно време почесто ми се случува, значи ,не е она да ме боли да не можам да издржам ,ама сепак ме боли Да напоменам досега не сум имала секс а и редовно одржувам хигиена. Се прашував да не е од бодито што го носам ...
zdravo vaka.. znam deka od peting ne se zabremenuva.. no me interesira.. dali ima nekakva moznost.? dali ako partnerot svrshil.. dali moze da dojde do toa... iako mislam deka ne.. ama sepak ne sum sigurna.. :/ fala odnapred.. ) <3<3 ** p.s. cokolatce95.. jas mislam deka od bodito nemoze da ti bide.. ne e nisto strasno i mene mi se ima deseno )) uzivajj ) pominuva za nekoe vreme <3 )
Не, нема никаква можност, значи мора да има пенетрација и ејакулација внатре во тебе за да останеш бремена.
Помош Во врска сме со дечко ми,и пред да имаме секс тој ми призна дека има како едно балонче на врвот од пенисот и дека ни тој не знае што е,поврзано му беше со кожичката и он рече дека не го боли.После тоа имавме секс со кондом,но за понатаму незнаиме што да правиме,дали е некој посериозен проблем и од што може да биде тоа балонче ?
Помош Па нека оди на уролог да си провери прв пат слушам за балонче на пенисот. Кај чичко уролог на помош.
девојки да ве прашам се загрижив нешто. пред неколку месеци правев пап тест се беше во ред освен што имав ниско ризичен хпв користев се што требаше и по 3 месеци престанав требаше да одам пак на преглед но никако да ми закажат. пред неколку дена откако имавме односи на партнерот му се појави црвенило, и потоа како д апочна да му се лупи кожичката на пенисот како прашина. мислевме дека е од тоа што неколку пати повторивме тој ден па си рековме изгледа претеравме. мене не ми беше ништо до синоќа почна да ме чеша а сега кога бев во вц забележав дека белото прање ми е како мали грутки и има зеленикава боја. стварно се загрижив мислам дека имама прочитано дека тоа не е најарно. некој да има вакво искуство да ме посоветува? на гинеколог ке одам ама ми закажуваат после 2-3 недели а во мисла сум... да ставам канестен во меѓувреме или да не чепкам ништо?
стави си канестен вагиналети може ти се покачила кандидат а и да не е тоа туку и да имаш друга инфекција канестенот не штети и така за 2-3 недели ке одиш и може подобро ќе добиеш поточни резултати.
јас претходно користев гинекс форте дали да ги сменам сега со канестен вагиналети или истите да ги користам? или нема врска?
па ако е поминато подолг период од 1-2 недели можеш без проблем да си ставиш канестен. обично јас кога ќе осетам дека не е нешто во ред кај мене и кај партнерот а бидејки гинеколог посетувам 2 пати годишно си земам канестен и лудориите продолжуваат без синтоми
Joelle, што побрзо закажи си на гинеколог. И не ставај канестен ако си користела гинекс форте сега брзо. Мислам дека нема да има никаков ефект, само џабе немој да ги ставаш, сепак лек е во прашање. Може да е само иритација, па во меѓувреме плакни се или со раствор на калиум перманганат или со чај од камилица/жалфија.
Може да ти биде од бодито, јас еден период престанав да ги носам, малку да ми се олабави дун*ата од толку стегање.
Имам 19 години и сум сексулано активна, менструацијата ми е редовна, но се случува некогаш да ми касни 2-3 дена. Моментално сум со менструација, но малце е чудна. Ми каснеше неколку дена, па вчера кога бев во веце видов крв и си ставив влошка, но многу малко ми тече, скоро еден ден помина а имам само неколку капки. Некој да знае од што може да е?