Феминки и јас имам едно прашање... Бев на лекар ради настинкава и докторката само што отворив уста да ми го прегледа грлово ми вика, леле колку ти е бел јазикот ти се активирала кандидата заради опаднат имунитет, и ми даде капки нистатин да си ја плакнам устата. Е сеа вагинален преглед немам направено за кандидата ама немам никакви симптоми дека ја имам и вагинално или тоа се подразбира? И дали можам да му ја пренесам на партнерот на пример ако орално го задоволувам?
Ех Мимс незнам дали ќе му ја пренесеш, па затоа нема да погодувам. Иако мене ми е логично да може да се пренесе, од устата на пенисот па потоа кога ќе имате односи да ти ја врати таму од кај што доаѓа и секако да си задржи и за себе. Вагинално ти може да ја имаш но да не е активна и долу за да се манифестира како што знае. Заврши со антибиотициве и со нистатинот па потоа направи си еден гинеколошки преглед.
Не мора да значи ако кандида имаш во устата, дека имаш и во вагината. Но, со орално задоволување може да го инфицираш партнерот (да му ја пренесеш кандидата), па тој да ти ја пренесе при вагинален секс. За да си на чисто со кандидата, иди си на гинеколог.
Мимис а дали си сигурна дека во устата имаш кандида? Незначи ако ти е бел јазикот дека имаш и кандида! Најчесто бел јазик се добива од користење на потечна храна, млечни производи а притоа да не ги измиеш забите редовно. Некогаш се случуваи редовно да ги миеш забите а да ти биде јазикот обложен со бела наслага. Ај провери веднаш штом го истрлаш јазикот дали ти мириса белата наслага на кафе или некоја храна која си ја јадела? Земи си во едно филџанче исцеди сок од лимон, додај малку сода и земи со газа истрлај ја наслагата но немој премногу да стискаш и веднаш плакни со вода да не те гребе содата на јазик многу. Јас така правев и ми помогна. Првин ми велеа од крајниците ми е, па сега ги немам крајниците и ете некогаш знае да ми се создаде бела наслага но веднаш ја отргам.
Вчера после односот ми протече малку бледо црвена крв. А сега гледам дека имам кафен исцедок. Од што може да е тоа?
Пукање на некој капилар внатре, од груб секс, мала повреда на некој дел внатре (не опасна). Едит: да не треба да добиеш ?
Голема болка при прв секс Имам 18 години...со дечко ми се сложивме да го направиме првиот секс....тоа за мене беше мн лошо искуство затоа што имав големи болки...пробавме секакви начини, успеавме до пола, цел никако да влезе.......имав огромни болки, се обидувавме подолго време но ништо....сега сакаме да го повториме тоа со надеж дека ке биде подобро...каков би бил наредниот пат? дали би ми било исто...подобро или полошо? се плашам да не е пак исто....ве молам дај те ми некој совет
Голема болка при прв секс LadyIvvy, и мене скоро ми беше првиот пат. Се обидувавме неколку месеци, ама едноставно нејќеше. Конечно се случи кога после цел куп испробани методи, решив да пробам со марихуана(од толку што бев очајна се одлучив и на тоа иако не сум го правела претходно, затоа немој да одиш до таму ако не е до толку работата). Веднаш после тоа се фативме за работа, и не ни осетив кога се деси тоа од што бев максимално опуштена. Од тогаш пробавме да имаме секс неколку пати, од кои само еден беше успешен, зошто јас бев доволно опуштена. Уште ме боли, дека не ми е убаво разработена хахаха, ама знам дека после неколку пати болката ќе помине. Значи, колку и да ти изгледа премногу едноставно тоа "опушти се", сепак е најважно. Многу помалку ќе боли и повеќе ќе уживаш ако си опуштена и напалена.
Голема болка при прв секс значи да не се надевам многу дека ке е подобро наредниот пат...знам дека треба време...затоа ми е страв
Голема болка при прв секс Де, де, па ти, кај се брзаш има време за се, не бива таа работа така. Верувам дека ќе се исплати целиот труд, зошто тој еден успешен обид што ни беше беше не знам... преубаво... а можам да замислам што ќе биде и кога нема да ме боли. Значи, не се откажувај и не се полни со негативни мисли, така само полошо ќе направиш!
Голема болка при прв секс Па, јас мислам дека можеби и не си била целосно подготвена за твојот прв секс...Затоа воопшто не си можела да се опуштиш и затоа си чувствувала голема болка... Значи мора да се научиш да се опуштиш за време на сексот, а тоа само по себе ќе си дојде со текот на времето, не избрзувај веднаш да пробаш пак и не очекувај дека следниот пат ќе биде феноменален... Исто така е многу важно и дечко ти да не ти врши притисок, одете полека, почнете со предигра за да се опуштите и двајцата... Верувај, секој нареден пат ќе биде подобар од претходниот
Голема болка при прв секс Колку и да се обидуваш да се опуштиш максимално невозможно е. Очекувањата се преголеми, желбата исто така а влажноста бог зане каде е?! Барем така беше кај мене. Јас изгубив невиност на 19 години, бев психо-физички подготвена за таа работа и се случи некако, едвај.. со тешки маки. Болката што ја почувствував беше толку голема што во рок од една секунда целото тело ми беше облиено со пот. Потоа за втор пат не сакав ни да слушнам во скоро време. Првиот пат беше многу болен, што за вториот ми требаше време да соберам храброст. Вториот пат болката е незначителна, кај некои дури и ја нема. Неспоредливо со првиот пат. Затоа опушти се колку можеш и немој да мислиш на болка. Мисли на романтика
Голема болка при прв секс Аман бе луѓе боли, ама па не е не знам што. Јас третиот пат веќе се изнервирав и јас бев одозгора да ја контролирам пенетрацијата. Така ми беше многу полесно, него он да бута без осет, или само Те боли? Да престанам? А сега те боли? И откако влезе конечно, после тоа ми беше толку убаво, па истата вечер три пати ме кинеше Ама затоа другиот ден Не е толку за плашење, момент е само.
и јас се скинав од втор пат и пробај ти да бидеш одозгора а тој само малку да навлегува. Кај мене беше смешна ситуација кога пробувавме тој да биде одозгора го фаќав за половина и го буткав назат хехех а вака одозгора не ни осетив кога си се скинав малку ме заболе и приметив кај него на стомаче крв и ајде честито се избриша и се изгушкавме од среќа
Колку ви љубоморам што можете да си кажувате за вашиот прв пат така да објаснувате .... Се извинувам за оф топик.
дали е можно да ми касни менструација поради бактерија или инфекција? мене никогаш не ми каснела менструацијата секогаш ми доаѓа 2 дена поран од 28 ден, и секогаш точна како саат а еве месецов ми касни, мислам дека имав некоја инфекција или бактерија но како да помина веќе не осеќам ни чешање ниту пак исцедокот има променлива боја, само имам потемна боја на урината и исцедок со нормална боја но зачестено. на гинеколог имам закажано за едно 10 дена но сакав да видам дали каснењето може да биде поради ова?
Јас мислам дека не треба да се секираш околу менструацијата. Може да ти касни поради инфекција, НО, во зима често се случува да касно по ден два, ладно е, ние слабо се облекуваме, настинуваме... Околу инфекцијата, може да била кандида, која знае да е досадна, да се појави при обичен пад на имунитет (има тема на форумот, може да прочиташ), во секој случај нема причина да се секираш, штом си закажала на гинеколог.
помош девојки! почнав да ги пијам јасмин..првите денови беше се ок ама после дест дена почнав да осеќам јаки мачнини повраќав и страсно лошо ми беше расположението.Се јавив кај докторот ми рече да ги прекинам и ги прекинав. Меѓутоа следниот ден видов крв на гаќите...и вчера исто и денас доста крав и ме фаќа страв не знам што да правам...дали е тоа нормално? има ли некоја од вас вакво искуство?