Дали ги имате и како се справувате со нив? Јас скоро пред некое време го дознав терминов. Имено имам одредени мисли кои ми прават нервоза или страв и се појавуваат рандом и не можам да ги тргнам од мене. Некако се зачести кога прележав ковид (мизерно и трауматично искуство) и сега каде и да одам имам мисли од типот "сега ќе се разболиш" не можам ни да имам односи зашо ми доаѓаат мисли као "сега ќе останеш трудна и ќе ти се уништи животот" Исто мислам дека имам ретроактивна љубомора. Тоа е некаква си обсесија со претходниот живот на партнерот и луѓето со кој тој/таа бил/а т.е бившите. Ми нанесува огромна болка. Добивам нагли мисли и слики у мозокот од мојот дечко со таа друга женска како биле среќни заедно. Па како она е поубава и поуспешна од мене. Такви работи... Мислам дека имам одредени "тригери" кои ја прават оваа реакција кај мене т.е океј сум се дур не ги видам/чујам. Такви се на пример имиња, места, одредени интереси. Стварно е ептен мизерно. Се чувствувам како да си ја уништувам среќата и свесна сум дека само јас сум крива за ова. Но никакво чаре не гледам. Ми личи како цел живот да ќе ме прати ова. Не можам со никого да зборам за ова од страв дека ќе бидам наречена ненормална.
И јас така сум за некои работи. Син ми лани го пратив во градинка. Жива радосна. Почна да се разболува. Ако ќе гради имунитет. Му ослабна крвта, му опадна и така кревкиот имунитет. Фати некоја бактерија, не знаев кој пат да го фатам. 8 дена температура 39-40. Никако не можев да му ја симнам. Тројца доктори консултирав. Откако оздраве Ковид по 10 дена. Ме фати стрес, ме фати страв што ќе биде. Станав freak. И еве сега кога се меша со други деца се потресувам да не се зарази со нешто, ќе видам мрсули на другарче негово и го оддалечувам одма. Ќе се накашла некој и готово почнувам да си правам сценарија, проверувам кои сирупи ги имам дома. Неодамна се разболе братучетката негова, со температура, тој немаше ништо, ама јас почнав да ѕвонам по доктори. Покачи температура околу 37 почнав јас да паничам, да замислувам и да планирам како ќе ја симнуваме кога ќе оди накај 39. Не спиев, топломерот не го испуштав. Слушнав неодамна за еден познаник дека е болен од рак. Човекот е генерација со татко ми. Можеби година две помлад. Бидејќи ја изгубив мајка ми пред неколку години, почнав да се тресам што ќе биде со татко ми. Што ако и нему му се случи нешто? Лани ми се случи пожар. Нема да давам детали, ама сега постојано се плашам да не повторно се најдам во таква ситуација. При најмал мирис на чад престанувам со се што правам и барам од каде доаѓа мирисот. Додатно при секое излегување од дома како ненормална се враќам да проверам случајно на тераса дали ми е изгасена цигарата што сум ја пушела, дали пред 10 минути или еден час. Па за секој случај истурам вода во пепељарата. Имам уште многу за пишување ама доста е толку...
Скоро секогаш, но имам периоди кога се ептен интрусивни, нема сакам-нејќам, како некој друг да ми зборува во мозокот, се борам да ги заќутам. Еве овие 2-3 денови ме злоставуваат мисли околу случајот со девојчето и мајката што загинаа, поготово навечер, не можам да заспијам, едвај заспивам, се будам по неколку пати, мислите си тераат, јас сум како заложник, врзана за стол со салотејп преку уста, некој друг зборува ли зборува, јас само гледам без можност да спречам, ете така ми е во главата.
Конечно да видам ваква тема ..јас и онака имам харм оцд...ова што се случи ме поремети скроз, нон стоп слики што ако мене ми се случи истото, што ако полудам и си направам нешто, што ако што ако што ако??? Има ли спас? Исто се чуствувам...10 години веќе
Иста ситуација... Имав неколку болни од рак во фамилија, и сега ми се уврте дека имам и јас. Ослабев од стресови и сега кога некој ќе ми каже, леле ама си пропаднала, одма плачам и мислам дека имам рак и ќе умрам. Не знам како да си помогнам...
Со викам камо бар вакви стравови да имав...а ова моето? Страв дека ке бидам како Х особа што се фрлила , и дека истото ќе ме фркне да го направам , или уште полошо да се плашам дека сум опасна за дете свое? Па кој пекол е тоа....милиони психолози, психијатри и уште не можам да го најдам чарето ... Ќе пукнам...ненормален немир во себе