Дали ги имате и како се справувате со нив? Јас скоро пред некое време го дознав терминов. Имено имам одредени мисли кои ми прават нервоза или страв и се појавуваат рандом и не можам да ги тргнам од мене. Некако се зачести кога прележав ковид (мизерно и трауматично искуство) и сега каде и да одам имам мисли од типот "сега ќе се разболиш" не можам ни да имам односи зашо ми доаѓаат мисли као "сега ќе останеш трудна и ќе ти се уништи животот" Исто мислам дека имам ретроактивна љубомора. Тоа е некаква си обсесија со претходниот живот на партнерот и луѓето со кој тој/таа бил/а т.е бившите. Ми нанесува огромна болка. Добивам нагли мисли и слики у мозокот од мојот дечко со таа друга женска како биле среќни заедно. Па како она е поубава и поуспешна од мене. Такви работи... Мислам дека имам одредени "тригери" кои ја прават оваа реакција кај мене т.е океј сум се дур не ги видам/чујам. Такви се на пример имиња, места, одредени интереси. Стварно е ептен мизерно. Се чувствувам како да си ја уништувам среќата и свесна сум дека само јас сум крива за ова. Но никакво чаре не гледам. Ми личи како цел живот да ќе ме прати ова. Не можам со никого да зборам за ова од страв дека ќе бидам наречена ненормална.
И јас така сум за некои работи. Син ми лани го пратив во градинка. Жива радосна. Почна да се разболува. Ако ќе гради имунитет. Му ослабна крвта, му опадна и така кревкиот имунитет. Фати некоја бактерија, не знаев кој пат да го фатам. 8 дена температура 39-40. Никако не можев да му ја симнам. Тројца доктори консултирав. Откако оздраве Ковид по 10 дена. Ме фати стрес, ме фати страв што ќе биде. Станав freak. И еве сега кога се меша со други деца се потресувам да не се зарази со нешто, ќе видам мрсули на другарче негово и го оддалечувам одма. Ќе се накашла некој и готово почнувам да си правам сценарија, проверувам кои сирупи ги имам дома. Неодамна се разболе братучетката негова, со температура, тој немаше ништо, ама јас почнав да ѕвонам по доктори. Покачи температура околу 37 почнав јас да паничам, да замислувам и да планирам како ќе ја симнуваме кога ќе оди накај 39. Не спиев, топломерот не го испуштав. Слушнав неодамна за еден познаник дека е болен од рак. Човекот е генерација со татко ми. Можеби година две помлад. Бидејќи ја изгубив мајка ми пред неколку години, почнав да се тресам што ќе биде со татко ми. Што ако и нему му се случи нешто? Лани ми се случи пожар. Нема да давам детали, ама сега постојано се плашам да не повторно се најдам во таква ситуација. При најмал мирис на чад престанувам со се што правам и барам од каде доаѓа мирисот. Додатно при секое излегување од дома како ненормална се враќам да проверам случајно на тераса дали ми е изгасена цигарата што сум ја пушела, дали пред 10 минути или еден час. Па за секој случај истурам вода во пепељарата. Имам уште многу за пишување ама доста е толку...
Скоро секогаш, но имам периоди кога се ептен интрусивни, нема сакам-нејќам, како некој друг да ми зборува во мозокот, се борам да ги заќутам. Еве овие 2-3 денови ме злоставуваат мисли околу случајот со девојчето и мајката што загинаа, поготово навечер, не можам да заспијам, едвај заспивам, се будам по неколку пати, мислите си тераат, јас сум како заложник, врзана за стол со салотејп преку уста, некој друг зборува ли зборува, јас само гледам без можност да спречам, ете така ми е во главата.
Конечно да видам ваква тема ..јас и онака имам харм оцд...ова што се случи ме поремети скроз, нон стоп слики што ако мене ми се случи истото, што ако полудам и си направам нешто, што ако што ако што ако??? Има ли спас? Исто се чуствувам...10 години веќе
Иста ситуација... Имав неколку болни од рак во фамилија, и сега ми се уврте дека имам и јас. Ослабев од стресови и сега кога некој ќе ми каже, леле ама си пропаднала, одма плачам и мислам дека имам рак и ќе умрам. Не знам како да си помогнам...
Со викам камо бар вакви стравови да имав...а ова моето? Страв дека ке бидам како Х особа што се фрлила , и дека истото ќе ме фркне да го направам , или уште полошо да се плашам дека сум опасна за дете свое? Па кој пекол е тоа....милиони психолози, психијатри и уште не можам да го најдам чарето ... Ќе пукнам...ненормален немир во себе
Секој пат кога проаѓам на мост помислувам дека некој ќе ме зграпчи и фрли од мостот. Секој пат кога пешачам на тротоар до улица, помислувам дека некој ќе ме бутне во колите на улицата и ќе ме изгазат.
Секогаш кога ќе прочитам ' македонските (инстаграм) блогерки' мозокот ми вели ' македонските инстаграм дрогерки' Шта ме мучи, не знам Не е океј
Јас си имам интрузивни мисли. Мислам дека и друг пат имам зборано на форумов. Ама она „вистински“. Не: „Ми текна да се фарбам зелена“ туку: „Шо ако паднам од терасава и се набодам на гранките од дрвото?“. Доминантно ми се „насилни“, се наоѓаат и поинакви. Особено во детство имав религиозни. Со тек на години научив скроз да ги игнорирам и да ми се забавни дури, ама дете јас беше преплашено (и би рекла можеби и корен на анксиозност можи да испадни да ми е зошто стварно во многу лошо место ме носеле. Пошто замисли си претшколска возраст, или прваче-втораче. И држиш нож шо го подаваш на мајка ти за да го измие. И та е наведната зошто чисти и си викаш: „А, шо ако ја дупнам малку со ножот?“ и наеднаш те облива ладна пот. Неќам да ја дупнам така малку со ножот мајка ми, ама зошто ми иди ваква мисла?! ЈА САКАМ МАЈКА МИ ЖИМИ СЕ ЗОШТО ГО МИСЛАМ ОВА?! Или пак, исто млада возраст и одиш кон училиште и врви кола и како шо врви покрај тебе као ти се мати во глата, ко монтажа, и си викаш „А, да скокнам пред колата?“. И пак, раце ти се тресат. Не скокаш пред колата нормално. Мисла е. Неќиш да скокниш пред колата. Ама се осеќаш ко да скокна зошто толку реална беше мислата. Едно време во детство развив страв од висина/тераси зошто имаше една тераса кај шо мислев дека ќе ми заглави ногата и ќе паднам. Исто апсолутно се фиксирам на мисли шо ме напаѓаат, пример постојано мислам на XY болест о п с е с и в н о и никако не можам да ги избркам тие мисли и ми идат мисли дека ако не сменам Х работа, тогаш ќе дојди до ова болест и одма одам во damage control. Дур бев млада и бев религиозна дефинитивно и регилиозни мисли имав. Бев убедена дека сум грешна, развив ритуали за да се „исчитам“, се убедив дека ќе умрам ако згрешам нешто и ко ќе умрам ќе горам во пеколот. Моментот кога се соочив со неверување (агностик сум, ама го користам зборот неверување), мислам дека ментално се оболив тој период и многу трагично го искрепив то одделување. Ама дефинитивно ми е некакво ослободување дека не размислувам со +/- дали то шо прам ќе ме однеси на горе или надолу, или дека не се молам точно и доволно, или дека ако згрешам ритуалот е г о т о в о и мора да напрам уште 5-6 други ритуали за да им напрам override на ова згрешеното.
Како се извлече уствари? Јас имам такви агресивни мисли према себе и детето и не проаѓаат, па после ти доаѓа ама што ако ја го сакам тоа итн итн без крај
Сфатив дека не се "мои" мисли. Тие се мисли шо се случват вон моја контрола и еве 30 години скоро, не сум "исполнала" некоја мисла. Напротив, можи да ме уплаши и згрози. Ама нема да напрам то шо ме "нападнало". Процес беше, ко да ги нормализирав и последователно почнав да игнорирам или да ги вметнувам во хумор (лош, црн хумор имам). Не знам како. Имам одено на терапија исто, и како дел од групи за личен развој. Не знам дали со еден камен две работи ми решавале искрено. Не сум свесна за то многу. Можеби? Не знам. Е сега, дефинитивно не помага ко ќе умислам нешто и то нешто се исполни. То малку ми прај регрес. Има моменти кај шо се осеќам како "гатачка" зошто си "манифестирам" работи и се случват. Ама мислам дека само препознавам некои шеми несвесно и зато се случват. Е са и ко ќе некоја лоша шема препознам почнувам поинтензивно да имам intrusive thoughts и нели, ќе се случи нештото. И после сум "баба Ванѓа" ама "лошо" само гледам.
Тоа е проблемот што јас не знам како да сфатам дека не се мои со години, кога се случи она со жената и детето се мрднав начисто, што ако и мене ми дојде тоа да го направам итн ... Анксиозност ти ствараа?